Поголема транспарентност, активни граѓани и заштитена природа за подобри заедници
И во текот на летните месеци од 2025, Цивика мобилитас ја продолжи својата поддршка за иницијативи што носат вистински промени во заедниците ширум земјата. Трите нови приказни објавени во јули, август и септември ја истакнуваат енергијата на младите и граѓаните кои се обединуваат околу клучни прашања. Вклучени во дебати и работилни, тие дискутираа за теми кои нè засегаат сите – од јавните финансии и заштитата на шумите, до отвореноста на општините и дигиталните алатки за зголемување на довербата.