fbpx
x
Мени

Прашања и одговори за текот на различни административни постапки барања, жалби и тужби од граѓаните во однос на администрацијата

Можноста граѓаните на брз и ефективен начин да ги остварат или заштитат своите права пред администрацијата се нарекува административна правда. Со други зборови, административната правда претставува систем на правила кој гарантира донесување законити одлуки од страна на администрацијата, во разумен рок. Токму правилата на управната или административна постапка, по кои е должна да постапува администрацијата, […]

Како да го направите компјутерот полесен за употреба Скопје

Edubuntu Linux е слободен оперативен систем базиран на Ubuntu Linux. Тој стандардно доаѓа со работната околина GNOME која што во себе содржи многу опции за пристапност. При дизајнот на секоја апликација и алатка во работната околина GNOME земени се предвид сите фактори кои би овозможиле зголемена пристапност и употребливост за сите корисници. Благодарение на посебните […]

Анализа на праведно оданочување Република Македонија

Даноците се најважната форма на јавен приход и еден од најважните средства за редистрибуција на националниот доход до различни субјекти и во различни форми на потрошувачка. Даноците стануваат сè поважни и во најмногу земји зафаќаат над 40% од БДП, што значи огромен удел, а во некои земји изнесуваат дури половина од БДП. Во почетокот на […]

Ефикасноста на судовите при справување со феноменот организиран криминал 2005/2006/2007

Појавата и развојот на трговијата со луѓе, како едно од најгрубите прекршувања на човековите права во време на ваква модернизација, технологија, наука и развој на човечкото општество, претставува дамка во историјата на човештвото и, пред се, тест пред кој се исправаат институциите на системот, организациите, граѓаните во светот.

Коалиција на здруженија на граѓани “Сите за правично судење” Годишен извештај за 2010

Коалицијата на здруженија на граѓани “Сите за правично судење” е мрежа на 17 здруженија на граѓани кoи имаат заедничка мисија: “Следење на почитувањето  на човековите  права и слободи посебно  на меѓународните стандарди за правично судење преку разни форми на делување во настојувањето  да се зголеми  нивото на нивното  имплементирање, да се иницираат институционални и правни […]

Проценка на состојбата со алтернативните мерки во Република Македонија

Она што се случува со кривично – правните системи во светот е тенденцијата на приклонување ( некои земји повеќе, некои помалку ) кон сè помалку репресивни, а повеќе ресторативни системи. Логиката зад ваквиот речиси 40 – годишен развој е во согледувањето дека репресивните и ретрибутивни санкциони системи не се покажале како корисно средство за превенција […]

Нотаријатот поблиску до граѓаните

Со осамостојувањето на Република Македонија настанаа коренити промени во општествено-политичкиот и економскиот, а уште повеќе во нејзиниот правен систем. Донесувањето на Уставот на Република Македонија создаде, меѓу другото, услови дел од вонпроцесните работи кои не се спорни помеѓу правните субјекти да можат да се вршат како јавни овластувања од страна на самостојна и независна служба.