Културно-историски водич низ регионот Дешат
Планинскиот масив Дешат се простира на македонско – албанската граница и претставува дел од веригата Шар –Кораб – Дешат – Крчин – Стогово – Караорман. Највисок врв на овој масив е Веливар (Вели врв) со 2,373 метри надморска висина. На самата планина има и неколку помали глацијални езера, најпознато е езерото Локув, кое е најниско глацијално езеро во Македонија. […]