fbpx
x
Мени

Предлог на граѓански организации за итни демократски реформи

Овој документ претставува надградба на „Предлогот за итни демократски реформи“, подготвен од група граѓански организации и експерти во почетокот на јули 2016 година. Оригиналната цел на документот останува иста, односно тој треба „да даде поттик, насоки и детални активности кои се неопходни за враќање на демократските стандарди и вредности, за постигнување напредок во одредени области […]

Итните реформски приоритети побавни од реставрирањето на нереформските практики!

Со ставањето потпис на Договорот од Пржино, во јуни 2015 година, четирите најголеми македонски партии-потписнички „се договорија да ги спроведат сите препораки од Европската комисија за системските прашања од владеењето на правото“. Со тоа, партиите практично „на невидено“ ги прифатија итните реформски приоритети, уште пред тие да се објават, во јуни 2015 година. Ако во јавноста е малку појасно […]

Разводнување на фокусот

На 18 јануари Собранието ја прифати оставката на поранешниот премиер Груевски и назначи нова Влада. Овој чекор е секако добредојден како клучен дел од спроведувањето на Договорот од Пржино. Сепак, оставката беше врзана со Одлуката на Собранието за негово распуштање, со одложено дејство (на 24 февруари), што е спротивно на досегашната парламентарна практика. 2 Официјалниот став на главната опозициска […]

”Заедничка акција за итни реформи во судството”

Овој мониторинг извештај е базиран на итните реформски приоритети, од јуни 2015 година, во делот на владеењето на правото и судството – сектор правосудство (кои за основа го имаат Извештајот на експертската група, предводена од Рајхард Прибе, од 2015 година), и на Вториот извештај на Прибе, од септември 2017 година. Прибирањето на податоците за овој […]

Лет во место или слободен пат

Препораката за отпочнување на преговорите за пристапување во ЕУ во Извештајот на ЕК за Република Македонија од 2016 година е замрзната и повторно условена , како и минатата година. Комисијата ја условува препораката за почеток на преговорите со : напредок во имплеменација на договорите од Пржино, пред се одржување на кредибилни избори , значителен напредок […]

Извештајот на Прибе две години подоцна

Кога зборуваме за Извештајот на Прибе, најчесто мислиме на Итните реформски приоритети – документ на Европската комисија заснован на Извештајот, кој содржи конкретни препораки за дејствување. Ваквиот приод го носи ризикот да се занемари поширокиот контекст и суштината на наодите изнесени во извештајот, особено со оглед на новата посета на експертската група најавена за јули 2017 г. Затоа во овој […]

Реформата во МРТ мора да биде поддржана со многу повеќе пари

Две клучни работи се важни за да се објасни барањето за поголемо финансирање од досегашното за Јавниот сервис – вложување во луѓе и вложување во техника. МРТ, иако на прв поглед изгледа спротивно, се соочува и со кадровски проблем и со проблеми со техниката што ја има на располагање, иако тука се направени извесни вложувања […]