fbpx
x
Мени

Што нудите за мене?

Отворете ги прозорците изработи преглед на понудите на политичките партии за лицата со попреченост, во пресрет на предвремените парламентарни избори 2016. На едно место, јасно и разбирливо се прикажани клучните идеи и предлози на партиите за потикнување на инклузивноста на македонското општество. Сите 11 партии и коалиции кои ќе бидат на гласачкото ливче на 11 […]

Мониторинг на лични искуства на лицата со попреченост во Република Македонија

Оваа публикација им е посветена на сите оние полни со страст и полет, кои се посветуваат себеси во реализација на благородни и вредни каузи, на сите „тивки и гласни бунтовници“ кои не се плашат секојдневно да се соочуваат со предизвици и да се справуваат со своите стравови и сомнежи, кои секогаш се спремни за нови […]

Законите и политиките на Република Македонија на полето на попреченоста : извештај од системскиот мониторинг на закони и политики

Република Македонија ја потпиша Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (понатаму во текстот: КПЛП или Конвенцијата) на 30 март 2007 година а истата ја ратификува на 5 декември 2011 година. Дополнително, државата го потпиша Факултативниот протокол кон КПЛП на 29 јули 2009 година а го ратификува на 5 декември 2011 година. Инструментите за ратификација […]

Известувањето на медиумите за лицата со попреченост

Во медиумската сфера во Македонија во последните неколку години се случуваат големи промени. Постојано се бележи постојан пад на скалата на слободата на медиумите според оценките на релевантни и професионални меѓународни здруженија. Слободата на медиумите со години назад се наоѓа и во забелешките на Европската унија во Извештајот за напредокот на Република Македонија. Постои висока […]

Холистички извештај за лицата со попреченост во Македонија

Холистичкиот извештај за човековите права на лицата со попреченост во Република Македонија се спроведе во рамките на проектот „Слушнете го нашиот глас“, финансиран од Европската унија. Спроведувач е Отворете ги прозорците во партнерство со Центарот за ориентација во заедницата од Белград. Истиот е дел од глобалната иницијатива на DRPI – Меѓународната промоција на правата на […]

Анализа на состојбата на лицата со интелектуална попреченост и комбинирани пречки во Република Македонија

Очекувањата за лицата со интелектуална попреченост (ИП) не се ништо повеќе од подигнување на свеста за нивното постоење и неопходното решавање на проблемите. Промовирањето на правата на овие лица и обезбедувањето услови за целосно уживање на нивните права не е никаква привилегија, туку едноставно подразбира нивно активно вклучување како граѓани на ова општество кои имаат […]

Анализа на состојбата на лицата со физичка попреченост во Република Македонија

Прашањето на попреченоста отсекогаш претставувало предизвик за нашите национални и локални власти. Никогаш досега не се нашле решенија кои навистина и доследно ќе им излезат во пресрет на потребите на лицата со попреченост, кои би овозможиле почитување на вроденото достоинство, вредност и еднаквите неотуѓиви права на овие членови на нашето општество.

Сексуалното и репродуктивното здравје и лицата со попреченост

Правото на сексуално и репродуктивно здравје кај лицата со попреченост ја гарантира нивната заштита и рамноправност во оваа исклучително сензитивна област. Ова право, само по себе, подразбира давање здравствени услуги коишто се приспособени кон потребите на лицата со попреченост, слобода тие самостојно да донесуваат одлуки, како и право да бидат информирани и едуцирани во согласност […]