fbpx
x
Мени

Јас можам да влијаам !

Младинското учество е камен темелник на младинските политики и подразбира вклучување на младите во носењето на одлуки кои се од клучно значење за нив, активно учество на младите со генерирање на идеи и предлози за унапредување на положбата на младите во општеството, како и активно граѓанство и придонес во заедницата од страна на младите.

Остварување на правото на слобода на изразување – теорија и практика

Правото на слобода на изразување претставува една од најсуштинските основи на едно демократско општество и еден од условите за неговиот напредок. Во демократските системи секој поединец има право да го изразува своето мислење, да комуницира, да прима и да пренесува информации и идеи, а ваквото право треба да биде функционално. Ова право не го вклучува […]

Истражување за разбирањето и познавањето на граѓаните на човековите права и механизмите за заштита при нивно прекршување

Овој дел од извештајот содржи опис на методологијата и процедурата користена во спроведувањето на истражувањето. Истражувањето реализирано во рамки на проектот „Зголемување на транспарентноста и подобрување на владеењето на правото преку следење и известување за прекршувањето на човековите права во Република Македонија“, што го спроведува Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, а е […]

Анализа на состојбата на лицата со физичка попреченост во Република Македонија

Прашањето на попреченоста отсекогаш претставувало предизвик за нашите национални и локални власти. Никогаш досега не се нашле решенија кои навистина и доследно ќе им излезат во пресрет на потребите на лицата со попреченост, кои би овозможиле почитување на вроденото достоинство, вредност и еднаквите неотуѓиви права на овие членови на нашето општество.

Овозможувачка околина за развој на граѓанското општество

Овозможувачката околина за развој на граѓанското општество е општо дефинирана како услови во кои дејствува граѓанското општество. Поточно, овозможувачката околина подразбира разновиден спектар од услови – економски, политички, општествени, правни и други кои влијаат врз капацитетот на граѓаните доброволно да бидат дел од граѓанското општество, индивидуално или колективно. Овозможувачката околина сè повеќе се перципира како […]

2016 Индекс на одржливост на граѓански организации – Македонија

Нестабилната политичката состојба продолжи и во 2016 година. Како резултат на тоа, ГО имаа сè поголеми потешкотии да пристапат и да соработуваат владините институции, а нивната вклученост во развојот на политиките продолжи да се намалува. Согласно Пржинскиот договор од 2015 година, склучен со посредство на ЕУ и САД меѓу четирите најголеми политички партии – владејачките Внатрешната […]

Судската ефикасност во справувањето со организираниот криминал и корупција

Корупцијата е и натаму глобален сериозен проблем секаде во светот, кој ги поткопува институциите и демократските вредности, владеењето на правото и правната држава. Сите светски експерти во областа на борбата против корупцијата во своите обраќања кога истакнуваат примери на корупција од своите земји или компаративно од други земји, користат сегашно време бидејќи никој за корупцијата […]

Годишен извештај на националната канцеларија за 2012 година

Коалицијата “Сите за правично судење“ ја заврши 2012 година со реализација на три проекти како дел од стратешката програма за работа до 2014 година. Поради низа објективни причини и настанати промени во минатата година, деловното портфолио на Коалицијата значително е намалено, споредбено со претходниот период. Причините во прв ред се однесуваат на повлекувањето на дел […]

Финален Извештај за институционалниот одговор против изборните нерегуларности 2008 – 2009

Финалниот извештај за институционалниот одговор против изборните нерегуларности во периодот 2008-2009 година е производ на проектот „Следење на институционалниот одговор против изборните нерегуларности“ кој се имплементираше од страна на коалицијата „Сите за правично судење“ од јули 2008 до јуни 2009 година. Проектот беше финансиран од мисијата на ОБСЕ во Скопје (во текот на 2008 година) […]

Национален извештај за младинската невработеност во Република Македонија

Граѓанските организации кои работат со младите луѓе во земјите од Западен Балкан вклучени во проектот (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Бугарија, Грција, Турција и Хрватска) се соочуваат со слични предизвици: недостиг на социјална вклученост, невработеност, корупција во образованието, несоодветни младински политики итн. така што можеме да речеме дека младите претставуваат маргинализирана […]

1 2