Кон родова рамноправност во Општина Тетово
Општа цел на анализата е да придонесе кон градење на родово – одговорна власт во општина Тетово, а со тоа да придонесе процесите на владеењето да бидат порамноправни, повклучителни и поотчетни. Владеењето кое е порамноправно, повклучително и поотчетно, со самото тоа е поефикасно и поефективно. Родово – одго врната локална самоуправа прифаќа еден од клучните аспекти на доброто владеење.