fbpx
x
Мени

НОВИНАРСКА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИJА: МЛАДИТЕ ОД КУМАНОВО И СТАРО НАГОРИЧАНЕ

Младите од Куманово и Старо Нагоричане сакаат да се вклучат во донесувањето на одлуки на локално ниво, сакаат да ги кажат своите предлози, идеи и решенија за проблемите со кои се соочуваат. Различни се потребите на младите од двете општини со оглед на фактот што едната Куманово е урбана средина со скоро 120.000 жители и […]

Лидерски камп 2016

20 млади лидери присуствува на Лидерскиот камп кој се одржа од 5ти до 11ти мај на Пониква, Осогово. Лидерскиот камп е дел од проектот Младински лидерски иницијативи, организиран од Младите можат во соработка со Симбиотика – Институт за индивидуален и организациски развој и SEED Швајцарија, а поддржан од Civica Mobilitas и Швајцарски национален младински совет.

Причини за донесување на законот: Уредување на младинската политика

Воведот на Предлог-законот за млади содржи дел во кој се дава оценка на состојбите во областа што треба да се уреди со законот и причините за донесување на истиот. Без да се навлага во детална оценка на состојбите (и покрај неколкуте истражувања поддржани од Агенцијата за млади и спорт, меѓу другото), предлагачот идентификува две клучни […]

Јас можам да влијаам !

Младинското учество е камен темелник на младинските политики и подразбира вклучување на младите во носењето на одлуки кои се од клучно значење за нив, активно учество на младите со генерирање на идеи и предлози за унапредување на положбата на младите во општеството, како и активно граѓанство и придонес во заедницата од страна на младите.

Анализа на потребите на младите во општина Карпош

Целта на истражувањето е да се идентификуваат главните потреби и предизвици кои ги засегаат младите на возраст од 15 – 29 години во општина Карпош и тоа во различни области кои се во нивна надлежност сппред Законот за локална самоуправа (2002 година). Квалитативното истражување се спроведе во рамки на проектот “Формирање на локални младински совети” […]

Ајде биди волонтер – водич за волонтери

Овој водич има за цел да им појасни на младите која е важноста на волонтерството, која е разликата помеѓу волонтер и практикат, правата и обврските на волонтерите, каде да најдат информации за волонтерство во Македонија. Автори: Сања Стефановиќ Сања Божовиќ Дизајн: Дани Јанев Поддржано од УСАИД и ФООМ.

Младите одлучуваат! Развој на локални младински совети

Публикацијата опфаќа прашања од интерес на младите а посебно поврзани со разојвот на локалните младински совети како форма на младинско учество. Публикацијата ги сумира искуствата од развојот на локални младински совети во: Центар, Чаир, Тетово, Липково, Велес, Кратово, Неготино, Битола, Кичево, Струга, Дебар и Делчево, Публикацијата опфаќа и поглавја за механизмите за унапредување на учеството […]

Предизвици на младите: Остварување и заштита на правата

Оваа публикација се состои од студија на случај. Анализата е поделена во категории: средно образование, високо образование и млади и комуникација со институции. Случаите се преземени од Советодавниот сервис за млади, веб сајт на кој младите можеа да постават прашање и да добијат одговор и/или правен совет.

Анализа на спроведените активности од Националната стратегија за млади 2005-2015

Национален извештај за Македонија од истражување „Млади и медиуми“

Анализата на ова истражување дава преглед на инфомрации за медиумската писменост на младите во Македонија, преглед на пристапноста и искористеноста на медиумите од страна на младите и содржините кои тие ги креираат.

1 2 3