fbpx
x
Мени

Бриф за јавни политики: Подобрување на спроведувањето на јавните набавки во Македонија

Јавните набавки во Македонија со години претставуваат една од најзначајните економски активности, низ која државните институции купуваат стоки, услуги и работи во вредност што достигнува речиси една милијарда евра (2014 год.), односно 12 проценти од бруто домашниот производ на земјата. Уште позначајно за разбирањето на обемот и на значењето на јавните набавки е што преку […]

Предизвици и можности за финансирање на научното истражување во Република Македонија

Република Македонија, како земја кандидатка за членство во Европската Унија, се соочува со големи предизвици кога станува збор за научноистражувачката дејност (НИД). Иако оваа дејност се финансира повеќе од 60 години, во последната деценија се забележува нејзино значително влошување. Според законската регулатива во Република Македонија, Министерството за образование и наука (МОН) има клучна улога во […]

Документ за јавни политики : кампањи за јавно информирање на Владата и државните институции

Владата на Република Македонија неколку години по ред беше меѓу водечките, или водечки купувач на рекламен простор во медиумите во Македонија. На почетокот од јули 2015 година, Владата воведе мораториум на комерцијалното рекламирање на владините кампањи во медиумите. Владините рекламни кампањи финансирани со јавни пари претставуваа најдобар „легален“ начин за „корумпирање“ на медиумите, со цел Владата да обезбеди […]

Механизми на извршната власт за учество на засегнатите страни при развој на јавните политики-евалуација и препораки

Целта на овој документ e да ги претстави постојните механизми за учество на засегнатите страни при развојот на јавните политики, да даде критички осврт на нивната имплементација и препораки за нивно подобрување. Понудените решенија ќе овозможат унапредување на начинот на комуникација меѓу државните органи и засегнатите страни, а истовремено ќе влијаат врз засилување на демократските […]

Измени за правен систем без дискриминација

Овој документ за јавни политики е продуциран во рамките на проектот: „Граѓани во Собрание: Законодавни иницијативи за човекови права“, финансиран од Европската унија и кофинансиран од Фондацијата за демократија Вестминстер. Преку проектот се поддржани 11 иницијативи за промени на закони што се однесуваат на човековите права во повеќе области: образование, здравствена заштита, социјална заштита, медиуми, судство, дискриминација итн. Иницијативите се реализираат од страна […]

Креирање јавни политики во Земјите од Западен Балкан

Шесте земји од Западен Балкан, сите аспирантки за членство во ЕУ, се наоѓаат во различни фази од процесот на интеграција во ЕУ. Карактеристиките на приодот на ЕУ кон проширувањето со земјите од Западен Балкан бараат овие земји да испорачаат конкретни, опипливи и одржливи резултати пред да станат полноправни членки. Во претходните рунди на проширувањето, ЕУ […]