fbpx
x
Мени

Инфотека: Храна и исхрана

Во врска со прашањето за правилната исхрана експертите и СЗО (Светската здравствена организација) актуелно ја промовираат пирамидата на исхрана.Правилната исхрана значи конзумирање на разноврсна храна во зависност од возраста,здравствената состојба и физичката активност. Храната што се наоѓа на базата на пирамидата може да се конзумира во поголеми количини, додека при конзумирањето на храната, на нивоата […]

Водич за бизнис операторите низ законот за безбедност на храната

Во декември 2010 година донесен е нов Закон за безбедност на храната. Со донесувањето на Законот формирана е Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. Агенцијата е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице. Таа е правен наследник на Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство.    

Информации поврзани со храна

Целта на означувањето на храната, односно информациите поврзани со храната, е да им се овозможи на потрошувачите да добијат клучни информации за природата и карактеристиките на храната што ќе им помогне во вистинскиот избор на храната која ја купуваат. Најважното правило е дека означувањето, презентирањето и рекла- мирањето на храната (вклучувајќи го и нејзиниот облик, […]

Храна за посебна нутритивна употреба и потрошувачи

Храна за посебна нутритивна употреба е храна која според својот состав или производствен процес јасно се разликува од храната наменета за нормална употреба, одговара на посочените нутритивни цели и се пушта на пазарот на начин со кој се укажува на соодветноста со посочените нутритивни цели.

Додатоците на храна и потрошувачите

Додатоците на храна се прехрамбени производи чија цел е да ја дополнуваат нормалната исхрана и кои се концентрирани извори на хранливи состојки или други супстанции со прехранбен или физиолошки ефект, сами или во комбинација.Тие се пуштаат во промет во дозирана форма, во вид на капсули, пастили, таблети, ќеси со прашкаста супстанција,ампули со течност и други […]

Опасности !!! во храната

Потрошувачите можат да сметаат дека храната која ја консумираат е безбедна доколку опасностите во храната се минимизирани, и таа не предизвикува штетни последици по нивното здравје. За штетна по здравјето на луѓето се смета храната која содржи недозволени штетни материи или недозволени количества на штетни материи, организми или микроорганизми кои под едно заедничко име се […]

Адитиви во исхраната и потрошувачите

Прехрамбените адитиви се супстанции со познат хемиски осстав кои нормално не се внедсуваат како храна ниту како состојка на храната, без разлика на нивната нутритивна вредност. Адитивите челно се додаваат во храната за подобрување на нејзиниот технолошки состав и тоа во текот на производството, подготовката, обработката, преработката, пакувањето, транспортот и чувањето. Адитивити кои што после […]