fbpx
x
Мени

Годишен извештај Здравствени и сексуални права на припадници на маргинализирани групи (корисници на дрога, лица што живеат со ХИВ, сексуални работници и ЛГБТИК)2012

Законот за заштита на правата на пациентите (2008) сеуште не е имплементиран, не обезбедува ефективна заштита, и нема одредби кои се посебно фокусирани на здравствените потреби на припадниците на маргинализираните групи. Во здравствените установи каде што најчесто се лекуваат припадници на маргинализирани групи сеуште нема назначено правни советници од редот на вработените во Министерството за здравство.

Извештај за сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници 2011

Законот за заштита на правата на пациентите не заживеа. И во 2011 Министерството за здравство не ги исполни сите обврски кои произлегуваат од законот – назначување советници, формирање комисии итн. Иако Министерството за здравство беше задолжено да достави информации за формираните комисии за правата на пациенти, министерството продолжи со нетранспарентноста. Министерството за здравство не ги надмина бариерите за отворање нови центри онаму каде што зависниците од дрога се […]

Годишен извештај за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници

Како резултат на едногодишниот процес на мониторирање, беа документирани 40 случаи во кои се индицираат флагрантни кршења на сексуалните права и здравствените права на припадниците на маргинализираните групи. Документирани се 14 случаи на дискриминација врз КД, 11 случаи на дискриминација врз СР, 1 случај на дискриминација врз ЛГБТ-лицата, 2 случаи на дискриминација на лица кои живеат со ХИВ/СИДА. […]

Користењето дроги и живеењето со ХИВ во образованието

Образованието е во исто време самото човеково право и неопходен предуслов за остварување на останатите човекови права. Образованието, како човеково право, е предвидено уште во самата Универзална декларација на човекови права со член 26, во кој, освен што се гарантира правото на образование за секого (член 26 (1)), се определува и дека образованието ќе биде насочено кон целосниот […]

Заштита на правата на пациентите и почитување на стандардите за квалитет на здравствена заштита на корисниците на дроги, лицата што ќивеат со ХИВ и ЛГБТ

Дали во Република Македонија постојат ефикасни механизми за заштита на правата на пациентите? Дали постојните механизми за заштита на правата на пациентите се полезни за квалитетна здравствена заштита на припадниците на маргинализираните групи, како што се корисниците на дроги, лицата што живеат со ХИВ, ЛГБТ лицата, сексуалните работници?  Дали се почитуваат стандардите за квалитет во […]

Медиумите и маргинализираните заедници. Медиумските дискурси и дискриминацијата врз припадниците на маргинализираните групи (корисници на дрога, сексуални работници, ЛГБТ, лица што живеат со ХИВ)

Дел од секојдневните дискриминаторски практики кон припадниците на маргинализираните групи се репродуцираат и во медиумите, било преку текст и говор кој дерогира, навредува или омаловажува, било преку други стратегии за маргинализирање или исклучување од медиумските дискурси. Од друга страна, медиумите произведуваат и дискурси кои настојуваат да ги идентификуваат проблемите во врска со дискриминацијата и социјалното исклучување на припадниците на маргинализираните […]

Истражување на потребите на луѓето што живеат со ХИВ во Македонија

Оваа карта ги содржи клучните наоди од истражувањето на потребите на луѓето што живеат со ХИВ во Македонија од 2014 година, кое го спроведоа здруженијата ХЕРА и ЗАЕДНО ПОСИЛНИ со стручна поддршка од ТИМ институт – истражување, квалитет, развој. Ова е второ истражување од ваков вид кај нас, што овозможи да се спроведат тенденциите од […]

Сведителство : ХИВ превенција меѓу мажи кои имаат секс со мажи (МСМ)

Ова свидетелство е едно од повеќето извештаи подготвени од страна на Меѓународната федерација за  планирано родителство (МФПР,) во соработка со Глобалниот форум за МСМ и ХИВ (МСМГФ) и Фондот за Население при Обединетите нации (УНФПА). Геј мажите и другите мажи кои имаат секс со мажи се  непропорционално погодени од ХИВ.

Општество, род, сексуалност, сексуално здравје и МСМ во Македонија

Следното истражување во заедницата има за цел да обезбеди опис и темелна анализа на различните родови и сексуални идентитети, сексуално однесување и практики, како и сексуални здравствени потреби на мажите кои имаат секс со мажи во различни социо-културни средини во Македонија. Истражувајќи ја комплексноста на секоја од темите и различните области на проблеми зацртани во истражувачките цели, […]

Проценка на потребите на лицата кои живеат со ХИВ во Македонија

Република Македонија е земја со ниска стапка на ХИВ/СИДА и со најнизок број на регистрирани ХИВ позитивни лица во јужно- источниот европски регион. Првиот случај на ХИВ е регистриран во 1987 година, а првиот случај на СИДА две години подоцна во 1989 година. Од првиот регистриран случај, па се до денес, регистрирани се вкупно 118 случаи на ХИВ/СИДА во земјата. […]