fbpx
x
Мени

Ефективното лидерство – клуч за успехот на грантистите на Цивика мобилитас

Различните модели за постигнувње на ефективно лидерство беa главната тема на работилницата за организациско јакнење која се одржа на 20 јуни 2017 година во хотелот Арка во Скопје.

Работилница за социјален маркетинг

Користењето на социјалниот маркетинг за целите на граѓанските организации беше главната идеја на работилницата одржана на 20 април 2017 година. На работилницата присуствуваа 19 претставници на грантистите на Цивика мобилитас, а ја водеше Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата. „Со социјалниот маркетинг треба да ги натерате луѓето да направат промени во општеството. Ако сакате вашата […]

Работилница за мобилизирање на заедницата

Мобилизирање на заедниците, промоција на граѓанскиот активизам и зајакнување на конституентите на граѓанските организациции беше главната идеа на работилницата што се одржа на 14 јуни 2016 година во Канцеларијата за млади на Општина Центар, Скопје. На работилницата учествуваа деветнаесет претставници на институционалните и акциските грантисти на Цивика мобилитас, а ја водеше Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата.

Работилница за партиципативно истражување и анализа за институционалните грантисти

Партиципативноста на истражувањата и анализите кои ги прават граѓанските организации беше главната идеа на работилницата што се одржа на 18 мај 2016 година во просториите на МЦМС во Скопје. На работилницата учествуваа 11 претставници на институционалните грантистите на Цивика мобилитас, а ја водеше Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата.

Планирање на организацискиот развој

Третата работилница за организациско јакнење на првите 16 институционални грантисти на Цивика мобилитас се одржа на 25 февруари 2016 година во просториите на МЦМС. Целта на работилницата беше учесниците бидат воведени во процесот на подготовка на План за организациски развој.