fbpx
x
Мени

Информативна брошура за превенција од дрога и алкохол

Дрога е секоја психоактивна супстанца од растително или синтетичко потекло која внесена во организмот, менува една или повеќе функции и ако повторно се земе доведува до промена на психичка или физичка активност.

Прирачник за корисници на дроги при контакт со полиција

Што ако ме фатат со дрога? Дали полицијата може да ме повика на разговор и дали мора да се појавам? Како да го остварам правото на бранител? Ова се само дел од прашањата кои на кои може да најдете одговор во овој прирачник, првенствено наменет за корисници на дроги при контакт со полиција.

Заштита на права на пациенти со фокус на лицата корисници на дроги

Правото на здравје е најтесно поврзано со заштитата на правата на пациентите што претставуваат збир од права, одговорности и должности според кои поединците бараат и примаат здравствена заштита. Овие права во Република Македонија се предвидени со Законот за заштита на правата на пациентите.

Извештај за сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници 2011

Законот за заштита на правата на пациентите не заживеа. И во 2011 Министерството за здравство не ги исполни сите обврски кои произлегуваат од законот – назначување советници, формирање комисии итн. Иако Министерството за здравство беше задолжено да достави информации за формираните комисии за правата на пациенти, министерството продолжи со нетранспарентноста. Министерството за здравство не ги надмина бариерите за отворање нови центри онаму каде што зависниците од дрога се […]

Прекршувања за човековите права на луѓето кои употребуваат дрога при контакт со полиција во Република Македонија

Република Македонија не е исклучок кога станува збор за последиците од глобалната „војна против дрогата“, која честопати се поврзува со прекумерна сила и несоодветно полициско постапување. Луѓето кои употребуваат дроги се жртви на голем број прекршувања на нивните човекови права при контакт со полицијата. Според експертите за човекови права на ОН, „многу често, луѓето кои употребуваат дроги трпат дискриминација […]