fbpx
x
Мени

Работата и функционалноста на студентските парламенти при факултетите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”

Публикацијата има за цел збогатување на научната мисла во областа на заштитата на студентските права во нашата земја, развивање на демократските капацитети кај членовите на академската заедница и обезбедување плурализам на студентските претставнички тела во Македонија. Публикацијата содржи анализа на документите за сите парламенти при факултети, а овие документи се извадени од Централниот Регистар на […]

Декларација и прирачник за средношколци

Публикацијата содржи објаснување за постоењето и функционирањето на OBESSU како и анализа на Декларацијата за средношколски права во училиштето и општеството. Во прилог на оваа публикација има и примерок документи, како пример на записник, пример на правилник за локални средношколски заедници и низа други документи кои ќе им помогнат на средношколците полесно да се организираат

Нефинансиски форми на државна поддршка за граѓански организации од Балканот и Турција

Целта на овој документ е да го актуелизира значењето на нефинансиските форми на поддршка (НП) меѓу државните и локалните јавни службеници и претставниците на граѓанските организации (ГО) за развојот на граѓанското општество во земјите на Балканот и Турција1. Граѓанските организации имаат значителна корист од нефинансиска поддршка (НП), особено во рамки на државите од Западен Балкан, […]

Алката што недостасува? Развој и функционирање на граѓанскиот дијалог на Западен Балкан

Овој стратешки документ е продолжение на напорите на БЦСДН да им понуди и на локалните и на меѓународните засегнати страни, особено на институциите на ЕУ, анализа и препораки за развој на граѓанското општество на Балканот со фокус на неговата улога во процесот на пристапување кон ЕУ. Затоа, овој документ е надградба на сознанијата од политичкиот […]