CMPG

  • Работна средба за планирање на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата за 2025 година

    На 11.12.2024 година се одржа работна средба за планирање на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата за 2025 година. Координаторот на здравствената програма на ЕСЕ на работната средба ги презентираше наодите од спроведената анализа на планирањето и мониторингот на спроведувањето на Програмата за активна здравствена заштита на…

  • Податоците од Регистарот на вистински сопственици во земјава не се користат за борба против корупцијата

    Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо ја објавија Анализата на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во Северна Македонија.

    Анализата покажа дека:

    Надлежните институции во земјава малку ги користат податоците за вистинските сопственици во насока на спречување, откривање и санкционирање на перењето пари и во борбата против тероризмот, а се чини, воопшто не ги користат за други цели и за спречување корупција, криминал и злоупотреби во другите области.
    Институциите и надлежната Управа за финансиско разузнавање имаат различни податоци за бројот на случаи против перењето пари и финансирањето тероризам.
    Од 2022 до април 2024 година, Управата примила 194 иницијативи од надлежните органи од кои, натаму, изработила и поднела 21 извештај до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Дополнително, Управата во истиот период поднела до ова обвинителство и 50 извештаи за сомнителни трансакции, по сопствена иницијатива.
    Од вкупно 71 извештај што Управата го има поднесено до Обвинителството, 70 % се по сопствена иницијатива, а останатите 30 % по претходно примена иницијатива од некоја од надлежните институции.
    Од 17 институции во земјава со коишто Управата треба да соработува, од кои осум се директно наведени во законот дека треба да се борат против перењето пари и финансирањето тероризам, само две имаат конкретни бројки за случаите за коишто користеле податоци од Регистарот на вистински сопственици.
    Северна Македонија не ја презеде обврската што ја препорача ММФ за време за кризата со КОВИД-19 – да ги објави имињата на вистинските сопственици на фирмите што склучиле договор за јавни набавки поврзани со корона-кризата.
    Земјата не ја спроведе ниту заложбата од Националниот акциски план за Партнерството за отворена власт 2021 – 2023 да ги објавува јавно вистинските сопственици на фирмите понудувачи и на оние што добиле договор за јавна набавка.
    И Европската Унија и ОЕЦД имаат забелешки за недоволното користење на податоците од регистарот на вистински сопственици.
    За унапредување на користењето на податоците за вистинските сопственици во земјава се препорачува: проширување на опфатот на вистинските сопственици, олеснување на пристапот до податоците до поширок круг на заинтересирани страни, поврзување со други бази и податоци, поголема интероперативност меѓу институциите и унапредување на проверката на податоците.

    За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.
    Линк до анализата на албански јазик.
    Линк до резиме на анализата на англиски јазик.
    Проектот „Користење на податоците за вистинските сопственици за намалување на корупцијата“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

  • Унапредување на превентивната здравствена заштита за ранливите групи – Наоди и препораки од мониторингот на четири здравствено превентивни програми на министерството за здравство

    Превентивните програмите на Министерството за здравство на Република Северна Македонија играат значајна улога во обезбедување здравствена заштита на ранливите групи и намалување на здравствените нееднаквости. Партнерските граѓански организации ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружение за поддршка на…

  • НАСТАН ЗА ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА И ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА РОДОВОТО И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО

    „ПРЕКИНИ ГО МОЛЧЕЊЕТО, ЗАПРИ ГО НАСИЛСТВОТО“ На 27 ноември 2024 година, во с. Канатларци се одржа едукативна работилница на жените и младите со предавања на теми за лична безбедност и препознавање на родовото и семејното насилство. Настанот беше дел од Меѓународната кампања „16 дена активизам за елиминација на насилството врз жените и семејното насилство“. Едукативните…

  • Промовирана „Листа за самоевалуација за отвореност на единиците на локална самоуправа“

    Отвореноста на единиците на локална самоуправа кон граѓаните е клучна за добро управување на локално ниво, бидејќи поттикнува транспарентност, отчетност и активно учество на граѓаните, што води кон поефикасно и одговорно носење одлуки. Ваквата транспарентност е од особена важност во борбата против корупцијата, бидејќи овозможува јавен надзор и го намалува просторот за злоупотреби и за […]
    The post Промовирана „Листа за самоевалуација за отвореност на единиците на локална самоуправа“ first appeared on Metamorphosis.

  • Унапредувањето на превентивната здравствена заштита е од клучно значење за здравјето на населението и развојот на државата – Национална конференција

    Здравствените програми е потребно да бидат засновани на докази, чии резултати ќе можат да се мерат и следат, со што значително ќе се подобри отчетноста и ефикасноста на јавните здравствени политики и ќе се создава инклузивен и праведен здравствен систем кој ќе овозможи здравствена заштита и за ранливите групи на…

  • Главни економски аргументи за инвестирање во ПРОГРАМАТА ЗА АКТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ЗА МАЈКИТЕ И ДЕЦАТА

    ДАЛИ ПРЕВЕНЦИЈАТА Е ПРИОРИТЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА? Најдобра инвестиција за Македонија е да има здрави деца и здрави мајки. Средно развиени земји губат 10% од БДП […]

  • Главни економски аргументи за инвестирање во ПРОГРАМАТА ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА И СКРИНИНГ НА МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА

    ДАЛИ ПРЕВЕНЦИЈАТА Е ПРИОРИТЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА? Македонија за да обезбеди поздраво општество, глобално поконкурентна работна сила, пониски трошоци за здравство, посилен економски развој и повисоко […]

  • Економски аргументи за инвестирање во Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција

    ДАЛИ ПРЕВЕНЦИЈАТА Е ПРИОРИТЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА? Македонија за да обезбеди поздраво општество, глобално поконкурентна работна сила, пониски трошоци за здравство, посилен економски развој и повисоко […]

  • Граѓанските организации имаат клучна улога во подобрување на превентивната здравствена заштита во државата

    Здравствените програми е потребно да бидат засновани на докази, чии резултати ќе можат да се мерат и следат, со што значително ќе се подобри отчетноста […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор