CMPG-2

  • Повик за избор на новинарски теми кои ќе бидат спроведувани од локалните новинари ангажирани во медиумот на заедницата во рамки на иницијативата Локал Актив

    Во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) под програмата Цивика Мобилитас, Институтот РЕСИС заедно со Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) работат на ширење на иницијативата Локал Актив низ седум плански региони во Македонија. Во текот на последниве пет години, медиуми на заедницата беа основани во Источниот, Вардарскиот и Пелагонискиот регион. Во следниот период такви медиуми ќе бидат создадени и во Југоисточниот, Полошкиот, Северозападниот и Североисточниот регион.

  • Јавен повик за ангажирање на два технички експерти – проектот ,,Нула биоотпад : Системски промени во партнерство со граѓаните”

    Зелен институт Скопје, во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми, со поддршка од Владата на Швајцарија  преку  Цивика мобилитас, во рамките на проектот ,, Нула биоотпад : Системски промени во партнерство со граѓаните”  објавува  јавен повик за ангажирање на два (2) технички експерти (во понатамошниот текст „експерти“), кои ќе обезбедат аналитичка, истражувачка и техничка поддршка во рамки на проект за утврдување и институционално прифаќање на решенија за управување со биоотпадот во следните региони и пилот – општини:
    Јавен повик за ангажирање на два технички експерти

    Експерт 1: Вардарски и Југоисточен плански регион (пилот-општини: Кавадарци и Радовиш)
    Експерт 2: Источен и Североисточен плански регион (пилот-општини: Берово и Куманово)

     

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор