Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици” ООУ “Димо Хаџи Димов”
На 16.10.2025 во рамки на настаните на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата насловен како „Работилници за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици”, го поминавме денот со вредните ученици од ООУ “Димо Хаџи Димов”. Младите истражувачи правеа експерименти за пренамена на био отпад поттикнати од живата дискусија и насоките на нашите Експерти.
Експериментиравме со кора од компир, цедевме ладно цедено масло од семки од лен, чиа семе и сончоглед, правевме биодизел.
Преку експериментите ја поттикнуваме љубопитноста на учениците и ја поддржуваме нивната заинтересираност за природните науки и за заштита на природата.
Овие настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата се реализираат во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.
Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
#civicamobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41178](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/10/568673263_809331025151634_4415059779810757938_n-768x335.jpg)







