Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Мали грантови II дел

Mak2

Во оваа публикација ги претставуваме приказните на 22 граѓански организации кои аплицирале и добиле грант од Цивика мобилитас за да ги исполнат потребите на нивните членови.

Оваа група на грантисти реализираше различни активности, вклучувајќи: обука на граѓаните за важноста на создавање и формализирање на соработката преку членство во здруженија, заштита на човековите права во културната сфера, вклучување на лица со посебни потреби во културни настани, заштита на работничките права, едукација на жените Ромки за нивните права и Истанбулската конвенција, рехабилитација на жени затворенички, поддршка на слепите лица и лицата со оштетен вид, јакнење на згрижувачките семејства, подигање на свеста за менталните болести, организирање еколошки активности и акции за промовирање на потребата од чиста животна средина, едукација на земјоделците за управување со земјоделски отпад и влијанието врз заштитата на животната средина, истражување за затворање на дигиталниот јаз помеѓу државната и јавната администрација, унапредување и одржување на правични и продуктивни работни средини за развој на локалната заедница, мапирање и формирање на неформална мрежа со активните доброволни противпожарни друштва, промовирање на мултикултурализмот за надминување на стереотипите и предрасудите, економско јакнење на младите и многу други.

Иако постигнатото досега е значајно, свесни сме дека патот до целосна промена е продолжен. Сепак, веруваме дека постигнувањата на овие организации ќе служат како инспирација за сите нас, да продолжиме заедно да работиме на општествени промени.

Продолжи со читање

  • Граѓанска вклученост 2024

    Облици на здружување во поддршка на граѓаните Црквите и верските заедници (23,1%) се најчесто наведениот облик на здружување за кој граѓаните сметаат дека најмногу придонесува за поддршка на нивните потреби, а политичките партии најретко (5,3%). Забележливи се регионални разлики: граѓанските организации се почесто посочени во Југозападниот (25%) и Пелагонискиот регион…

  • Доверба во граѓанското општество 2024

    Доверба во граѓанското општество  Во 2024 година, индексот на доверба во граѓанскиот сектор изнесува 42,9%, што претставува пад од 8,2 процентни поени во однос на 2021 година. По претходниот тренд на зголемување, довербата повторно е вратена на ниво под она од 2015 и 2013 година, укажувајќи на намалена доверба во…

  • Општа доверба и доверба во институциите 2024

    Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше два аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството)….

  • Главните достигнувања на програмата Civica Mobilitas 2019-2023

    Од својот почеток во 2009 година, програмата Civica Mobilitas, создадена и поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската амбасада во Северна Македонија, има значајна улога во развојот на граѓанското општество. Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Влада-та на Швајцарија кој го…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Институционални грантови

    Преку институционалните грантови од програмата Цивика мобилитас, во тековната фаза беа опфатени 30 граѓански организации кои, покрај нивното долгогодишно искуство и стручност во специфичните области на нивната работа, изразија потреба од континуирана поддршка за организациски развој и јакнење на капацитетите. Оваа поддршка е клучна за успешна реализација на нивните програмски…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Акциски грантови

    Анализирајќи ги резултатите од акциските грантови поддржани од Цивика мобилитас, добиваме јасен преглед на актуелните социјални предизвици. Но, покрај тоа, овие проекти ја осветлуваат и патеката до потенцијалните решенија. Грантистите не се задоволиле само со идентификација на проблемите, тие, исто така, понудиле конкретни решенија и, во некои случаи, ги тестирале…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор