Општествена одговорност на граѓаните 2021

Oog 2021

Македонија центар за меѓународна соработка (МЦМС) по петти пат ја истражуваше општествената одговорност на граѓаните. Чувството на одговорност што граѓаните го покажуваат во поглед на влијание, учество и решавање на општествените проблеми е клучна компонента за развојот на граѓанското општество и на општеството во целост. Граѓанското општество, за да биде ефективно и успешно, зависи од активните и општествено одговорни граѓани кои ќе се вклучат во неговото функционирање. Тоа е основен дел од долгорочната цел на МЦМС, која е изградба на силно и влијателно граѓанско општество.

Во таа насока, МЦМС редовно ја следи и анализира општествената одговорност на граѓаните. Првото истражување во оваа област беше спроведено во 2006 година, кога истовремено се испитуваше и степенот на доверба. По тоа следуваа истражувања во 2007, 2009, 2010 и 2021 година, со цел постојано подобрување на методологијата и анализа на трендовите. Извештајот е надграден на основа на претходните искуства и глобалните трендови, користејќи индекси за ставовите и навиките на граѓаните, што овозможува појасна анализа на општествените промени. Воведувањето на нови прашања и периодичното повторување на истражувањето ја зголемуваат употребливоста на извештајот.

МЦМС верува дека извештајот „Општествената одговорност на граѓаните“ ќе биде корисен за организациите на граѓанското општество во создавањето на стратегии за поголемо вклучување на граѓаните и добивање на нивната поддршка. Извештајот нуди вредни информации и за државните институции, кои можат да ги искористат во процесот на креирање на политики. Исто така, МЦМС се надева дека анализа на резултатите ќе биде корисна и за приватниот сектор, студентите и истражувачите на општествените појави.

Продолжи со читање

  • Граѓанска вклученост 2024

    Облици на здружување во поддршка на граѓаните Црквите и верските заедници (23,1%) се најчесто наведениот облик на здружување за кој граѓаните сметаат дека најмногу придонесува за поддршка на нивните потреби, а политичките партии најретко (5,3%). Забележливи се регионални разлики: граѓанските организации се почесто посочени во Југозападниот (25%) и Пелагонискиот регион…

  • Доверба во граѓанското општество 2024

    Доверба во граѓанското општество  Во 2024 година, индексот на доверба во граѓанскиот сектор изнесува 42,9%, што претставува пад од 8,2 процентни поени во однос на 2021 година. По претходниот тренд на зголемување, довербата повторно е вратена на ниво под она од 2015 и 2013 година, укажувајќи на намалена доверба во…

  • Општа доверба и доверба во институциите 2024

    Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше два аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството)….

  • Главните достигнувања на програмата Civica Mobilitas 2019-2023

    Од својот почеток во 2009 година, програмата Civica Mobilitas, создадена и поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската амбасада во Северна Македонија, има значајна улога во развојот на граѓанското општество. Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Влада-та на Швајцарија кој го…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Институционални грантови

    Преку институционалните грантови од програмата Цивика мобилитас, во тековната фаза беа опфатени 30 граѓански организации кои, покрај нивното долгогодишно искуство и стручност во специфичните области на нивната работа, изразија потреба од континуирана поддршка за организациски развој и јакнење на капацитетите. Оваа поддршка е клучна за успешна реализација на нивните програмски…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Акциски грантови

    Анализирајќи ги резултатите од акциските грантови поддржани од Цивика мобилитас, добиваме јасен преглед на актуелните социјални предизвици. Но, покрај тоа, овие проекти ја осветлуваат и патеката до потенцијалните решенија. Грантистите не се задоволиле само со идентификација на проблемите, тие, исто така, понудиле конкретни решенија и, во некои случаи, ги тестирале…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор