Општа доверба и доверба во институциите 2024

0 02 05 9726a0e2783c19feac0713fb75ede092b5e481b323f5b8dc0bf4862b20de72b6 9ac93b6f679e2bbe

Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше два аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството). Во овој извештај се анализирани наодите од анкетата „Довербата во институциите и во граѓанското општество во Република Македонија“, а која беше спроведена по десетти патна национален репрезентативен примерок.

Истражувањето е спроведено со теренска анкета на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници во периодот од 20 април до 25 мај 2024 година.

Поголем дел од прашањата се засновани на искуствата и глобалните истражувања за социо-културните норми: Европската студија на вредности; Европскиот барометар; и Цивикус – Индексот на граѓанското општество. Другиот дел од прашањата се од претходните истражувања на МЦМС, кои ја испитуваа довербата и општествената одговорност на граѓаните.

Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони. Од 1.000 испитаници, 50,7% беа жени, а 49,3% мажи. Во однос на етничката застапеност етничките Македонци беа застапени со 73,4%, етничките Албанци со 19,5%, другите етнички групи беа застапени со 7,1%. Во однос на местото на живеење, селската популација беше застапена со 38,0%, додека градската со 62,0%. Целосен преглед на примерокот е даден во прилогот.

Собраните податоци се обработени со честота и пропорција на одговорите. Податоците се со ниво на доверба од 95% и со грешка од +/- 3%. Резултатите се прикажани во графикони на ниво на целиот примерок. Освен со графикони, податоците се прикажани и во бројки. Исто така се прикажани покрај бројките и трендовите во однос на претходното истражување спроведено во 2021 година, за оние податоци кои се споредливи со нив. Исто така за подобрување на анализата на податоците се употребени одредени индекси.

Продолжи со читање

  • Граѓанска вклученост 2024

    Облици на здружување во поддршка на граѓаните Црквите и верските заедници (23,1%) се најчесто наведениот облик на здружување за кој граѓаните сметаат дека најмногу придонесува за поддршка на нивните потреби, а политичките партии најретко (5,3%). Забележливи се регионални разлики: граѓанските организации се почесто посочени во Југозападниот (25%) и Пелагонискиот регион…

  • Доверба во граѓанското општество 2024

    Доверба во граѓанското општество  Во 2024 година, индексот на доверба во граѓанскиот сектор изнесува 42,9%, што претставува пад од 8,2 процентни поени во однос на 2021 година. По претходниот тренд на зголемување, довербата повторно е вратена на ниво под она од 2015 и 2013 година, укажувајќи на намалена доверба во…

  • Главните достигнувања на програмата Civica Mobilitas 2019-2023

    Од својот почеток во 2009 година, програмата Civica Mobilitas, создадена и поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската амбасада во Северна Македонија, има значајна улога во развојот на граѓанското општество. Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Влада-та на Швајцарија кој го…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Институционални грантови

    Преку институционалните грантови од програмата Цивика мобилитас, во тековната фаза беа опфатени 30 граѓански организации кои, покрај нивното долгогодишно искуство и стручност во специфичните области на нивната работа, изразија потреба од континуирана поддршка за организациски развој и јакнење на капацитетите. Оваа поддршка е клучна за успешна реализација на нивните програмски…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Акциски грантови

    Анализирајќи ги резултатите од акциските грантови поддржани од Цивика мобилитас, добиваме јасен преглед на актуелните социјални предизвици. Но, покрај тоа, овие проекти ја осветлуваат и патеката до потенцијалните решенија. Грантистите не се задоволиле само со идентификација на проблемите, тие, исто така, понудиле конкретни решенија и, во некои случаи, ги тестирале…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Мали грантови III дел

    Со оваа публикација ви претставуваме 19 граѓански организации кои успеаја да обезбедат грант од Цивика мобилитас за да ги задоволат потребите на своите заедници. Овие грантови овозможија спроведување на различни активности, вклучувајќи: советување и поддршка на лица со социјален ризик, помош на деца во конфликт со законот, промовирање на општествената…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор