Довербата во луѓето и институциите во Република Македонија 2015

Doverba luge institucii 2015

Општата доверба во луѓето е мнозинска

Граѓаните имаат мнозинска општа доверба (52,8 %), која е проследена со мал пад во споредба со претходните резултати од 2013. Вообичаено, довербата е поголема кон поблиските луѓе (во соседи и колеги е над 50 %), наспроти непознатите (24,8 %).

Од друга страна, мнозинството граѓани сметаат дека повеќето други луѓе би се обиделе да ги искористат (71,4 %), наместо да постапат чесно (27,9 %). 

Стабилна општа доверба во институциите

Довербата во институциите е стабилна – индексот на доверба изнесува 45,1 и нема значајни промени споредбено со 2013 година, но и со претходните години. Пораст на довербата е присутен кај политичките партии (умерен) и медиумите (мал), додека пад се забележува кај довербата во граѓанскиот сектор (умерен) и во државата (мал).

Намалување на довербата во институциите на државата

Довербата во државниот сектор иако е сѐ уште мнозинска забележува умерен пад во 2015 година. Поточно индексот на доверба во институциите на државата во 2015 година изнесува 50,3, наспроти 56,0 во 2013 година. Раст на довербата нема во однос на ниту една институција. Граѓаните сѐ уште имаат најмногу доверба во АРМ и во образовните институции.

Најголеми промени има во довербата во правосудството со намалување од 12,6 процентни поени, но истата е на нивото од претходните години (2006-2010). Умерен пад на довербата е присутен во однос на претседателот, локалната самоуправа, полиција, образовните и здравствените институции, додека мал во довербата во Собранието, Владата и институциите за социјална заштита. Довербата во АРМ и во комуналните претпријатија не подлежи на значајни промени.

Мнозинска доверба во институциите на меѓународната заедница

Општата доверба во меѓународната заедница општо гледано, не претрпела значајни промени (од 43,5, на 45,3 %), но состојбата е поинаква кога се работи за довербата во конкретните институции со кои таа е претставена во Македонија (индексот е 60,5 %). Во таков случај, довербата во институциите на меѓуародната заедница: ОН, ЕУ, НАТО, ОБСЕ и Совет на Европа поединечно покажуваат дека таа ужива мнозинска доверба на граѓаните (над 50 %).

Намалување на довербата во речиси сите професии

Довербата во професиите во 2015 година бележи умерено опаѓање во однос на 2013 година, но е малку повисока од довербата во 2008 и 2010 година. За разлика во 2013 година кога кај сите професии имало зголемување во споредба со 2010 година, скоро сите професии бележат умерено (верски лица, судии), мало (државни службеници) или незначително намалување (полицајци, наставници, лекари, консултанти).

Најголема (мнозинска) доверба и во 2015 година уживаат наставниците, професорите и лекарите, а јавните обвинители и судиите најмала.

Продолжи со читање

  • Граѓанска вклученост 2024

    Облици на здружување во поддршка на граѓаните Црквите и верските заедници (23,1%) се најчесто наведениот облик на здружување за кој граѓаните сметаат дека најмногу придонесува за поддршка на нивните потреби, а политичките партии најретко (5,3%). Забележливи се регионални разлики: граѓанските организации се почесто посочени во Југозападниот (25%) и Пелагонискиот регион…

  • Доверба во граѓанското општество 2024

    Доверба во граѓанското општество  Во 2024 година, индексот на доверба во граѓанскиот сектор изнесува 42,9%, што претставува пад од 8,2 процентни поени во однос на 2021 година. По претходниот тренд на зголемување, довербата повторно е вратена на ниво под она од 2015 и 2013 година, укажувајќи на намалена доверба во…

  • Општа доверба и доверба во институциите 2024

    Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше два аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството)….

  • Главните достигнувања на програмата Civica Mobilitas 2019-2023

    Од својот почеток во 2009 година, програмата Civica Mobilitas, создадена и поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската амбасада во Северна Македонија, има значајна улога во развојот на граѓанското општество. Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Влада-та на Швајцарија кој го…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Институционални грантови

    Преку институционалните грантови од програмата Цивика мобилитас, во тековната фаза беа опфатени 30 граѓански организации кои, покрај нивното долгогодишно искуство и стручност во специфичните области на нивната работа, изразија потреба од континуирана поддршка за организациски развој и јакнење на капацитетите. Оваа поддршка е клучна за успешна реализација на нивните програмски…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Акциски грантови

    Анализирајќи ги резултатите од акциските грантови поддржани од Цивика мобилитас, добиваме јасен преглед на актуелните социјални предизвици. Но, покрај тоа, овие проекти ја осветлуваат и патеката до потенцијалните решенија. Грантистите не се задоволиле само со идентификација на проблемите, тие, исто така, понудиле конкретни решенија и, во некои случаи, ги тестирале…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор