Доверба во луѓето, институциите и граѓанското општество 2016

Doverba go luge institucii 2016

Доверба во луѓе и институции

Општата доверба во луѓето се уште е мнозинска со незначителни промени споредено со минатите години. Сепак, големо мнозинство на граѓани сметаат дека треба да се биде многу внимателен со други луѓе.

Најголема доверба од страна на граѓаните уживаат приватниот и финансискиот сектор, потоа граѓанскиот сектор и јавниот сектор (државата), а најмала политичките партии и медиумите. Сепак, наодите укажуваат дека генерално мнозинството  граѓани немаат голема доверба во ниту еден од истражуваните институции.

Довербата на граѓаните во државните институции нема позначајни разлики. Помалку од половина граѓани имаат доверба во државните институции. Од испитаните институции само во Армијата и Полицијата имаат доверба од мнозинството граѓани. Споредбено со останатите години, оваа година индексот на доверба во државниот сектор е најниско.

Значајно намалување на довербата во меѓународната заедница. Особено е намалена довербата во НАТО, во кој само половина граѓани имаат доверба. И покрај ова намалување, меѓународната заедница останува да има повисок степен на доверба споредбено со политичките партии и медиумите.

Доверба во граѓанско општество

Мнозинска доверба имаат единствено црквите и верските заедници. По нив следат здруженијата и фондациите, и неформалните групи граѓани. Најниска доверба граѓаните имаат во синдикатите.

Довербата кон сите чинители, кои се дел од граѓанскиот сектор е во опаѓање, со исклучок на црквите и верските заедници, кои пак бележат незначително зголемување на довербата. 

Најголема доверба граѓаните имаат во граѓанските организации кои работат на прашања од животна средина, социјална грижа и хуманитарни акции, додека помала доверба имаат организациите кои работат на меѓуетнички односи и организациите кои работат на развој на граѓанско општество.

Мнозинството граѓаните немаат доверба во заложбите зад кои стојат граѓанските организации. Речиси половина граѓани сметаат дека зад работата на граѓанските организации стојат лични интереси или пак интереси на странски држави и нивни фондации. Половина граѓани пак сметаат дека граѓанските организации не работат транспарентно, а значаен број сметаат дека постои поврзаност во работата помеѓу партиите и граѓанските организации.

Продолжи со читање

  • Граѓанска вклученост 2024

    Облици на здружување во поддршка на граѓаните Црквите и верските заедници (23,1%) се најчесто наведениот облик на здружување за кој граѓаните сметаат дека најмногу придонесува за поддршка на нивните потреби, а политичките партии најретко (5,3%). Забележливи се регионални разлики: граѓанските организации се почесто посочени во Југозападниот (25%) и Пелагонискиот регион…

  • Доверба во граѓанското општество 2024

    Доверба во граѓанското општество  Во 2024 година, индексот на доверба во граѓанскиот сектор изнесува 42,9%, што претставува пад од 8,2 процентни поени во однос на 2021 година. По претходниот тренд на зголемување, довербата повторно е вратена на ниво под она од 2015 и 2013 година, укажувајќи на намалена доверба во…

  • Општа доверба и доверба во институциите 2024

    Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше два аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството)….

  • Главните достигнувања на програмата Civica Mobilitas 2019-2023

    Од својот почеток во 2009 година, програмата Civica Mobilitas, создадена и поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската амбасада во Северна Македонија, има значајна улога во развојот на граѓанското општество. Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Влада-та на Швајцарија кој го…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Институционални грантови

    Преку институционалните грантови од програмата Цивика мобилитас, во тековната фаза беа опфатени 30 граѓански организации кои, покрај нивното долгогодишно искуство и стручност во специфичните области на нивната работа, изразија потреба од континуирана поддршка за организациски развој и јакнење на капацитетите. Оваа поддршка е клучна за успешна реализација на нивните програмски…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Акциски грантови

    Анализирајќи ги резултатите од акциските грантови поддржани од Цивика мобилитас, добиваме јасен преглед на актуелните социјални предизвици. Но, покрај тоа, овие проекти ја осветлуваат и патеката до потенцијалните решенија. Грантистите не се задоволиле само со идентификација на проблемите, тие, исто така, понудиле конкретни решенија и, во некои случаи, ги тестирале…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор