F8665913 12fe 4976 b92d ae3dc0050fb9

Граѓанска иницијатива за превенција од шумски пожари во Берово и Тетово

Летото 2025 година, Р.С. Македонија се соочи со зголемен ризик од шумски пожари. Од почетокот на јули, кога властите воведоа забрана за влез во шумите и прогласија кризна состојба, па сè до крајот на август, речиси секојдневно беа пријавувани нови пожари. Според податоците од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во одредени денови (како на пример на 27 и 28 јули) беа евидентирани дури и над 50 пожари. Овие бројки ја потврдуваат итноста од превенција, брза реакција на институциите и активна вклученост на граѓаните во заштита на природата.  

Токму во овој контекст, Центарот за климатски промени (ЦКП) и партнерските организации реагираа проактивно, организирајќи дополнителни, проектни активности, за справување со актуелната состојба. Тие ги едуцираа граѓаните, организирајќи јавен настан во Берово и практична обука во Тетово, за да ја подигнат свеста и да развијат вештини за превенција и справување со шумски пожари.

На 26 јули 2025 година, на плоштадот во Берово се одржа јавниот настан „Огнот не простува, a шумата е живот“, организиран од Еко зелено движење од Берово и Центарот за климатски промени, во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“, финансиран од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Во време кога пожарите повторно ја загрозуваа природата и животот во регионот, овој собир имаше за цел да испрати силна порака за превенција и заштита на шумите, да мобилизира и да повика на заедничка одговорност.

Клучен момент на настанот беше декларацијата, со која граѓаните се обврзаа да не палат оган надвор од дозволени места, да ја пријавуваат секоја опасност од пожар и да ги пренесуваат овие вредности на соседите и на следните генерации. Настанот покажа дека кога локалната заедница, институциите и граѓанските организации се обединети, се создава силен глас за одговорно управување со шумите, додека најмладите учесници преку креативни активности и изложби на цртежи испратија силна порака за љубов кон природата. „Децата од локалната градинка испратија најмоќна порака дека нивната иднина зависи од нашите денешни одлуки. Тие се наша инспирација и потсетник дека инвестицијата во заштита на шумите е инвестиција во нивниот живот“, истакна претставник од Центарот за климатски промени.

Настанот се одржа во соработка со општина Берово, релевантни институции и локални организации. Присутните имаа можност да поставуваат прашања, а симболичен дел од програмата беше засадувањето дрва и групната фотографија.

Свој придонес на темата имаа претставници од Националното здружене (НЗ) Приватни шуми, кои ги презентираа податоците за состојбата со шумските пожари на глобално, европско и локално ниво, додека од ТППЕ Берово зборуваа за најчестите причини за појава на пожари и изведоа демонстрација на опрема за гаснење. Од Подрачното одделение за заштита и спасувањеја нагласија улогата на координација и логистика во вакви ситуации, а претставници од  Јавното претпријатие Национални шуми заедно со Шумската полиција говореа за надзорот, прекршоците и казните поврзани со заштитата на шумите. Доброволното противпожарно друштво Пехчево ја истакна важноста на волонтерството и активната граѓанска вклученост во превенцијата и справувањето со шумските пожари.

Настанот собра околу 100 граѓани и испрати јасна порака дека шумите не можат да чекаат и дека ова не е само локален туку национален приоритет. Од ЦКП порачуваа:Потребни се законски измени посилна координација на институциите, поголеми вложувања во шумската заштита и активно вклучување на граѓаните и младите“. Апелот беше упатен до сите институции, доброволци и граѓани: „Да се мобилизираат и помогнат во гаснењето на пожарот на Готен.“

Еден месец подоцна, на 25 август, во Тетово, во просториите на ЈУ Национален парк Шар Планина, се одржа обука за превенција и справување со пожари на отворен простор. На обуката учествуваа 14 претставници на институции, граѓански организации и локални жители, а програмата комбинираше теоретски и практичен дел на кој зборуваа директорот на НП „Шар Планина“ Евзал Елези, Весна Дишлијовска од ЦКП и Вулнет Зенки од „Еко Ацтион“, кои ја нагласија важноста на навремената подготовка.

Учесниците слушнаа за историјата на пожарите во паркот, најризичните подрачја и последиците врз биодиверзитетот, но и за стратегии што вклучуваат заедничко делување, од системи за рано предупредување до координација со локалните власти. „Со ограничени ресурси интервенираме на површина од 63.000 хектари. Клучна е едукацијата на населението и добрата подготвеност преку вакви обуки“, порача Анела Ставревска-Панајотова, раководител на Одделението за заштита на природата при паркот.

Практичниот дел ги размрда учесниците. Преку користење на алатки за гаснење, демонстрација на безбедносни процедури, па дури и симулација на шумски пожар во која секој имаше задача и улога. Особено внимание беше посветено на протоколите за евакуација и заштита на посетителите, со сценарија што бараа брзи и прецизни одлуки.

Од особено значење беше и присуството на градоначалникот на општина Тетото, Биљал Касами. „Општина Тетово е посветена и ја поддржува секоја иницијатива за превенција од пожари. Ги ставивме на располагање сите капацитети – материјални и човечки. Тој најави формирање на Доброволна противпожарна единица за Полошкиот регион, со што локалната заедница ќе добие дополнителна заштита. Интересот, според него, е голем особено кај младите.4

Преку овие активности, ЦКП и партнерите демонстрираат дека грижата за природата не чека, дека превенцијата е заедничка одговорност и дека заеднички напори на граѓаните, институциите и граѓанските организации се клучни за безбедноста на природата и животот на луѓето. Подигнувањето на свеста, едукацијата и практичните обуки се основата на долгогодишна превенција и пример за тоа како граѓанските организации можат да имаат конкретно и мерливо влијание во својата заедница. „Природата нема резервна копија“, секој невнимателен потег може да има непоправливи последици, беше пораката што остана да одекнува и по завршувањето на настанот.

Продолжи со читање

  • Дали Македонија конечно ќе знае каде ѝ се стипендистите?

    Македонија секоја година губи потенцијал на млади луѓе колку еден цел мал град. Само во Словенија, во последните неколку години, заминуваат просечно по околу 1000 македонски студенти. Додека најдобрите умови од нашите средни училишта ги освојуваат амфитеатрите во Виена, Берлин, Љубљана или Амстердам, државата со години се соочуваше со институционален…

  • Приказни за жени кои научија дека дискриминацијата не е „нормална“

    Дискриминацијата врз жените ретко се препознава веднаш. Таа се крие зад „така функционира системот“, зад молк, срам и страв од последици. За многу жени, првиот чекор не е институционална пријава, туку внатрешна борба т.е дали тоа што го доживуваат е неправда или само нешто што мора да се прифати. Случаите…

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

  • Помалите општини предводници во отвореноста: дигиталните алатки ја зајакнуваат довербата  меѓу граѓаните и локалната власт

    Дали општината каде што живеете е навистина отворена кон вас? Одговорот на ова прашање го дава Индексот на отвореност за 2025 година, кој открива дека некои од помалите општини се меѓу најдобрите примери за транспарентност и отчетност. На врвот на листата се Крива Паланка (71%), Берово (69%) и Демир Хисар…

  • „Ако ние не се грижиме за јавните пари – кој ќе го прави тоа наместо нас?“ – прашуваат младите од Југоистокот

    „Никој досега не ни објаснил зошто е важно да имаш личен буџет, а уште помалку како да го направиш тоа. Ова беше баш корисно и разбирливо“, рече еден од младите учесници на инфо-сесијата за лични финансии во Струмица. Таа едноставна, но длабоко искрена изјава совршено ја отсликува суштината на проектот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор