Повик за поднесување понуда за ангажирање на експерт за спроведување и модерирање на обуките, јавните форуми и регионалната конференцијаво рамките на Проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“ спроведуван од страна на ЗЕ „Натура“ Струга
Здружение на еколозите „Натура“ – Струга во рамки на проектот “Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион” во партнерство со извиднички одред “Мирко Милески” Кичево поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, објавува:
Повик 7/2026 : Повик за поднесување понуда за ангажирање на експерт за спроведување и модерирање на обуките, јавните форуми и регионалната конференцијаво рамките на Проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“ спроведуван од страна на ЗЕ „Натура“ Струга
ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ
| Име на проектот: | „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“ |
| Локација: | Општина Струга, Кичево, Вевчани, Охрид и Дебар |
| Опис на задачата: | Цел на активноста е ангажирање на експерт спроведување и модерирање на обуките, јавните форуми и регионалната конференција во рамките на Проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“ |
| Време на траење на активноста: | 01.04.2026 -30.12.2026 |
| Краен рок за аплицирање: | 29.03.2026 |
Локација на Проектот:
Локацијата на Проектните активности е во Општините Струга, Кичево, Вевчани, Охрид и Дебар (Југозападен регион на Македонија).
РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ
Загадувањето на воздухот е сложен и повеќеслоен предизвик кој бара пристап од целото општество. За решавање на овај проблем, особено на локално ниво, потребна е поволна законска рамка и соодветни средства за спроведување на мерките.
Високото ниво на материи кои го загадуваат воздухот имаат негативни влијанија по човечкото здравје, а нарочито кај децата и постарите лица кои се најосетливи категории. И покрај тоа што смалувањето на загадувањето на воздухот е долгорочна цел, подеднакво е важно да се подигне свеста на граѓаните, а посебно на децата за штетните ефекти од загадениот воздух.
Проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“ има за цел да низ примена на принципот на отворени податоци, допринесе кон подобар квалитет и достапност на податоците за квалитетот на воздух во Југозападниот регион на Република Северна Македонија, односно општините Струга, Охрид, Дебар, Кичево и Вевчани.
Видливите податоци ќе допринесат за подигање на свеста и подобрување на информираноста на граѓаните за квалитетот на воздух, како и создавање на адекватно опкружување на интернет за објавување, размена, собирање и користење на податоци за квалитетот на воздухот на достапен начин за секој граѓанин.
Во текот на Проектот планираме да лоцираме 30 индикативно најзагрозени места во Југозападниот регион и во секои од овие места би поставиле еден Климерко 2.0 уред, со кој граѓаните би имале прилика да се запознаат со Климерко и начинот на кој се мери квалитетот на воздухот, како и значењето на постоењето на платформа од отворен пристап.
Општ опис и цел на проектот
Проектот има за цел да воспостави функционална граѓанска мрежа за следење, застапување и унапредување на политиките за чист воздух во југозападниот регион на Северна Македонија. Преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, општините и граѓаните, проектот придонесува кон зголемена јавна свест, транспарентност и активно учество во креирањето локални еколошки политики.
Главни цели
• Подобрување на локалните политики и мерки за заштита на квалитетот на воздухот
• Јакнење на капацитетите на граѓанските организации и локалните актери
• Поттикнување на меѓуопштинска соработка во областа на животната средина
• Активно вклучување на граѓаните во мониторинг и јавен дијалог
Клучни активности
• Формирање и координација на регионална граѓанска мрежа за чист воздух
• Организирање јавни дебати, работилници и консултативни средби со општините
• Подготовка на анализи, препораки и предлог-мерки за локалните самоуправи
• Кампањи за подигање на јавната свест за загадувањето на воздухот
• Вклучување на млади и волонтери во еколошки активности и теренски акции
Очекувани резултати и придобивки
• Подобрена комуникација и соработка меѓу општините и граѓанскиот сектор
• Поголема информираност на граѓаните за квалитетот на воздухот и здравствените ризици
• Конкретни препораки и алатки за општините за подобро планирање на мерки
• Зајакнато граѓанско учество и локална одговорност
• Долгорочно придонесување кон поздрава животна средина и поквалитетен живот
Регионален фокус
Проектот се имплементира во југозападниот регион, со активна соработка со 5 општини и релевантни локални чинители, со цел создавање одржлив и координиран пристап кон проблемот со загадувањето на воздухот.
ОПИС НА ЗАДАЧАТА НА ОВАА БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
Во рамките на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион – Civic Network for Clean Air in the Southwest Region“ покрај другите активности, предвидена е и следната активност:
А2.2.5: Ангажирање на експерт за спроведување на обуките.
Активноста опфаќа организација на три еднодневни обуки за граѓани, наставници и млади активисти, во општините од Југозападниот регион. Обуките ќе бидат организирани во Струга, Дебар и Кичево.
А3.2.3: Ангажирање на експерт за спроведување на јавните форуми
Во сите 5 општини вклучени во проектните активности ќе биде организиран јавен форум на кој ќе бидат поканати да учествуваат сите чинители и засегнати страни за квалитетот на воздухот. (градоначалници, членови на советот на општините, преставници од бизнис заедницата, членови на Граѓанските организации и заинтересирани граѓани). На овие форуми ќе се слушне мислењето за квалитетот на воздухот во општините, ќе се соберат препораки и предлози за подобрување на истиот, како и проблемите кои се поврзани со квалитетот на воздухот.
А3.4.3: Ангажирање на експерт за спроведување на регионалната конференција
После завршувањето на проектните активности ќе биде организирана завршна конференција со сите чинители за споделување резултати од проектните активности и препораки за понатамошни делувања.На оваа конференција ќе се разгледува и понатамошното делување на Регионален граѓански совет за воздух и формираната граѓанска мрежа за следење на квалитетот на воздухот.
За спроведување на горе наведените активности потребно е ангажирање на експерт кој под директен надзор на ЗЕ Натура Струга, ИО Мирко Милески Кичево и проектниот координатор ќе биде одговорен за спроведување на овие активности.
Главни очекувани резултати:
Главни очекувани резултати од работата на ангажираниот експерт ќе биде:
- Спроведување на три обуки во Струга, Дебар и Кичево и зајакнати капацитети на 100 граѓани, наставници и млади активисти.
- Спроведување на 5 јавни форуми во сите општини со 150 учесници
- Организирање и модерирање на завршна регионална конференција во Струга
Максимални експертски денови за спроведување на овие активности предвидени се 19 работни дена.
Експертот ќе ги доставува извештаите до проектниот координатор и целокупната документација треба да биде на Македонски јазик.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Содржина на понудата
ПОТРЕБНИ КФАЛИФИКАЦИИ НА ЕКСПЕРТОТ
За да може да биде ангажиран Експертот треба да има искуство во секторот животна средина што ќе го докаже со приложување на своето ЦВ.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Периодот за реализација на оваа активност е согласно термините за известување и договорот со донаторот, но не подоцна од 30.12.2026 година. Вкупната вредност на понудата не може да надмине 95.000,00 мкд.
Финансиската понуда ќе биде изразена во македонски денари за експертски ден и ќе вклучува патувања и други пропратни трошоци. Експертот се очекува да работи од дома и на лице место при организирањето на планираните активности. Плаќањето за ангажманот ќе биде после завршувањето на секоја активност, а после завршувањето на активностите и доставувањето на бараните извештаи до проект координаторот.
ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА УСЛУГА
- Договорниот орган, по спроведената постапка за евалуација на понудите како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на понудувачот кој понудил најниска цена.
- Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот понудувач кој поднел прифатлива понуда.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, понудувачите треба да ја испратат на еmail: ue_natyra@yahoo.com или по пошта на адреса Здружение на еколози „Натура“ Струга, ул. Пролетерски Бригади бр. 22 Струга најдоцна до 29.03.2026 – до 17.00ч со назнака ,, Ангажирање на експерт спроведување и модерирање на обуките, јавните форуми и регионалната конференција: (име на понудувачот)“ Понудите кои не ги содржат сите податоци назначени во повикот, односно кон кои не е приложена бараната придружна документација, ќе се сметаат за некомплетирани и нема да се разгледуваат.
Повеќе информации или прашања можете да поставите на ue_natyra@yahoo.com или телефон +38975317328.
ДОВЕРЛИВОСТ
Сите информации кои се поврзани со повикот и доставените понуди нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во оценка на понудите. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат надвор од овој повик и целта на истиот.
ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА
Сите евентуални трошоци околу прибирање и поднесување на потребната документација за учество на овој повик ги сноси понудувачот.
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Здружение на еколози “Натура” – Струга и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат
Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in North Macedonia Извиднички одред “Мирко Милески” / Scout group “Mirko Mileski”
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45908](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/povik-za-podnesuvanje-ponuda-za-revizorski-uslugi-1-5.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #46023](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/screenshot_8.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45960](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/donatorski-kruzok-logo-2-724x1024-1.png)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45912](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/povik-za-podnesuvanje-ponuda-za-revizorski-uslugi-1-3-768x644.png)