Повик за поднесување понуда за ангажирање на експерт за приготвување на програма и прирачник за обуките во рамките на Проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“ спроведуван од страна на ЗЕ „Натура“ Струга
Здружение на еколозите „Натура“ – Струга во рамки на проектот “Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион” во партнерство со извиднички одред “Мирко Милески” Кичево поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, објавува:
Повик 6/2026 : Повик за поднесување понуда за ангажирање на експерт за приготвување на програма и прирачник за обуките во рамките на Проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“ спроведуван од страна на ЗЕ „Натура“ Струга
ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ
| Име на проектот: | „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“ |
| Локација: | Општина Струга, Кичево, Вевчани, Охрид и Дебар |
| Опис на задачата: | Цел на активноста е ангажирање на експерт за приготвување на програма и прирачник за обуките во рамките на Проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“ |
| Време на траење на активноста: | 01.04.2026 -30.12.2026 |
| Краен рок за аплицирање: | 29.03.2026 |
Локација на Проектот:
Локацијата на Проектните активности е во Општините Струга, Кичево, Вевчани, Охрид и Дебар (Југозападен регион на Македонија).
РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ
Загадувањето на воздухот е сложен и повеќеслоен предизвик кој бара пристап од целото општество. За решавање на овај проблем, особено на локално ниво, потребна е поволна законска рамка и соодветни средства за спроведување на мерките.
Високото ниво на материи кои го загадуваат воздухот имаат негативни влијанија по човечкото здравје, а нарочито кај децата и постарите лица кои се најосетливи категории. И покрај тоа што смалувањето на загадувањето на воздухот е долгорочна цел, подеднакво е важно да се подигне свеста на граѓаните, а посебно на децата за штетните ефекти од загадениот воздух.
Проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“ има за цел да низ примена на принципот на отворени податоци, допринесе кон подобар квалитет и достапност на податоците за квалитетот на воздух во Југозападниот регион на Република Северна Македонија, односно општините Струга, Охрид, Дебар, Кичево и Вевчани.
Видливите податоци ќе допринесат за подигање на свеста и подобрување на информираноста на граѓаните за квалитетот на воздух, како и создавање на адекватно опкружување на интернет за објавување, размена, собирање и користење на податоци за квалитетот на воздухот на достапен начин за секој граѓанин.
Во текот на Проектот планираме да лоцираме 30 индикативно најзагрозени места во Југозападниот регион и во секои од овие места би поставиле еден Климерко 2.0 уред, со кој граѓаните би имале прилика да се запознаат со Климерко и начинот на кој се мери квалитетот на воздухот, како и значењето на постоењето на платформа од отворен пристап.
Општ опис и цел на проектот
Проектот има за цел да воспостави функционална граѓанска мрежа за следење, застапување и унапредување на политиките за чист воздух во југозападниот регион на Северна Македонија. Преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, општините и граѓаните, проектот придонесува кон зголемена јавна свест, транспарентност и активно учество во креирањето локални еколошки политики.
Главни цели
• Подобрување на локалните политики и мерки за заштита на квалитетот на воздухот
• Јакнење на капацитетите на граѓанските организации и локалните актери
• Поттикнување на меѓуопштинска соработка во областа на животната средина
• Активно вклучување на граѓаните во мониторинг и јавен дијалог
Клучни активности
• Формирање и координација на регионална граѓанска мрежа за чист воздух
• Организирање јавни дебати, работилници и консултативни средби со општините
• Подготовка на анализи, препораки и предлог-мерки за локалните самоуправи
• Кампањи за подигање на јавната свест за загадувањето на воздухот
• Вклучување на млади и волонтери во еколошки активности и теренски акции
Очекувани резултати и придобивки
• Подобрена комуникација и соработка меѓу општините и граѓанскиот сектор
• Поголема информираност на граѓаните за квалитетот на воздухот и здравствените ризици
• Конкретни препораки и алатки за општините за подобро планирање на мерки
• Зајакнато граѓанско учество и локална одговорност
• Долгорочно придонесување кон поздрава животна средина и поквалитетен живот
Регионален фокус
Проектот се имплементира во југозападниот регион, со активна соработка со 5 општини и релевантни локални чинители, со цел создавање одржлив и координиран пристап кон проблемот со загадувањето на воздухот.
ОПИС НА ЗАДАЧАТА НА ОВАА БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
Во рамките на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион – Civic Network for Clean Air in the Southwest Region“ покрај другите активности, предвидена е и следната активност:
A 2.1.1. Ангажирање на експерт за приготвување на програма и прирачник за обуките.
За таа цел потребно е ангажирање на експерт кој под директен надзор на ЗЕ Натура Струга, проектниот координатор и сопственикот на патентот Климерко, Интернет друштво на Србија ќе биде одговорен за спроведување на овие активности.
Главни очекувани резултати:
Главен очекуван резултат од работата на ангажираниот експерт ќе биде:
- Изготвување на прирачник кој ќе се користи во понатамошните активности (обуки, форуми, конференција)
Предложена структура на прирачникот:
- Вовед
- Зошто чистиот воздух е важно граѓанско и човеково право
- Улогата на граѓаните во мониторинг и политики
- Основи на квалитет на воздух
- Што е PM10, PM2.5
- Како загадувањето влијае врз здравјето и климата
- Локален контекст (општини, политики)
- Граѓански мониторинг (Citizen Science)
- Што значи граѓански мониторинг
- Улоги и одговорности на граѓанските монитори
- Етички принципи и точност на податоци
- Користење на инструменти и податоци
- Како се читаат податоците од сензори
- Како да се препознае тренд и проблем
- Визуелизација и отворени податоци (пример Klimetko)
- Од податоци до акција
- Како податоците се претвораат во аргументи
- Кои институции се надлежни
- Кога и како да се реагира
- Граѓанско застапување и учество
- Јавни расправи, совети, форуми
- Поднесување иницијативи и препораки
- Комуникација со општини и медиуми
- Родова еднаквост и инклузија
- Зошто е важно учество на жени и млади
- Како да се обезбеди инклузивен пристап
- Практични алатки
- Check-list за граѓански монитор
- Пример иницијатива
- Пример препорака до општина
- Заклучок и повик за акција
📌 Прирачникот ќе биде:
- разбирлив (не технички),
- применлив,
- усогласен со човекови права и локални политики.
- Изготвување на програма за обуките кои треба да се спроведат
Формат:
- 3–4 модули
- 1 ден обука (или 4 кратки сесии)
- Комбинација: теорија + практична работа
Предлог програма:
Модул 1: Чист воздух и граѓанска улога
- Проблемот со воздухот
- Граѓански мониторинг
- Човекови права и животна средина
Модул 2: Податоци и мониторинг
- Како функционираат сензорите
- Читање и толкување на податоци
- Примери од локален контекст
Модул 3: Застапување и влијание
- Како да се формулира проблем
- Комуникација со институции
- Јавни форуми и совети
Модул 4: Од идеја до мини иницијатива
- Развивање локална иницијатива
- Тимска работа
- Подготовка за Форум на граѓански монитори
Резултати од обуката:
- Обучени граѓани што знаат:
- да читаат податоци
- да учествуваат во политики
- да предлагаат решенија
Максимални експертски денови за спроведување на оваа активност предвидени се 15 работни дена.
Експертот ќе ги доставува извештаите до проектниот координатор и целокупната документација треба да биде на Македонски јазик.
Содржина на понудата
ПОТРЕБНИ КФАЛИФИКАЦИИ НА ЕКСПЕРТОТ
За да може да биде ангажиран Експертот треба да има искуство во секторот животна средина што ќе го докаже со приложување на своето ЦВ.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Периодот за реализација на оваа активност е согласно термините за известување и договорот со донаторот, но не подоцна од 30.04.2026 година. Вкупната вредност на понудата не може да надмине 75.000,00 мкд.
Финансиската понуда ќе биде изразена во македонски денари за експертски ден и ќе вклучува патувања и други пропратни трошоци. Експертот се очекува да работи од дома и на лице место при организирањето на планираните активности. Плаќањето за ангажманот ќе биде на двомесечна основа, во зависност од деновите искористени во тековниот период, а после завршувањето на активностите и доставувањето на бараните извештаи до проект координаторот.
ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА УСЛУГА
- Договорниот орган, по спроведената постапка за евалуација на понудите како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на понудувачот кој понудил најниска цена.
- Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот понудувач кој поднел прифатлива понуда.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, понудувачите треба да ја испратат на еmail: ue_natyra@yahoo.com или по пошта на адреса Здружение на еколози „Натура“ Струга, ул. Пролетерски Бригади бр. 22 Струга најдоцна до 29.03.2026 – до 17.00ч со назнака ,,Ангажирање на експерт за приготвување на програма и прирачник за обуките: (име на понудувачот)“ Понудите кои не ги содржат сите податоци назначени во повикот, односно кон кои не е приложена бараната придружна документација, ќе се сметаат за некомплетирани и нема да се разгледуваат.
Повеќе информации или прашања можете да поставите на ue_natyra@yahoo.com или телефон +38975317328.
ДОВЕРЛИВОСТ
Сите информации кои се поврзани со повикот и доставените понуди нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во оценка на понудите. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат надвор од овој повик и целта на истиот.
ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА
Сите евентуални трошоци околу прибирање и поднесување на потребната документација за учество на овој повик ги сноси понудувачот.
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Здружение на еколози “Натура” – Струга и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат
Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in North Macedonia Извиднички одред “Мирко Милески” / Scout group “Mirko Mileski”
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #46023](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/screenshot_8.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45960](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/donatorski-kruzok-logo-2-724x1024-1.png)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45908](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/povik-za-podnesuvanje-ponuda-za-revizorski-uslugi-1-5-768x644.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45912](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/povik-za-podnesuvanje-ponuda-za-revizorski-uslugi-1-3-768x644.png)