Glavna fotka nova nova

Јавен повик за учество на дводневна обука за отворени податоци

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје објавува јавен повик за учество на дводневна обука за отворени податоци, која ќе се одржи на 20 и 21 август 2026 година, од 9:30 до 15:00 часот.

Обуката се организира во рамките на проектот „Отворени податоци на Собранието во пракса: Поттикнување граѓанско учество“, поддржан преку грантовата програма Digital Spark, во рамките на Регионалниот механизам за поддршка за Источна Европа и Централна Азија, спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и TechSoup, во партнерство со CIVICUS и во рамките на Digital Democracy Initiative.

За обуката

Целта на обуката е учесниците да се запознаат со основните концепти и  значењето на отворените податоци и да стекнат практични знаења и вештини за нивно користење, обработка, анализа, креирање и споделување.

Во рамките на теоретските и практичните сесии, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со:

  • основните поими, принципи и значењето на отворените податоци;
  • работата со бази што содржат необработени податоци без претходно изработени визуализации;
  • обработката, толкувањето и анализата на отворени податоци;
  • извлекувањето релевантни наоди и нивната примена во истражувањето, новинарството, застапувањето и граѓанското учество;
  • креирањето и структурирањето нови бази на податоци;
  • споделувањето на наодите и новосоздадените бази во форма на отворени податоци.

Обуката ќе биде интерактивна и ќе вклучува практични вежби и работа со конкретни јавно достапни бази на податоци.

Кој може да се пријави?

Повикот е наменет за претставници на граѓански организации, новинари и медиумски работници, студенти, млади истражувачи, активисти и други заинтересирани лица кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини за работа со отворени податоци.

За учество не е потребно претходно напредно знаење или искуство во работа со отворени податоци. Пожелно е, но не е задолжително, кандидатите да имаат основно познавање на Microsoft Excel, со цел полесно следење на практичниот дел од обуката. За време на обуката, потребно е секој учесник со себе на носи лаптоп.

Време и место

Датуми: 20 и 21 август 2026 година
Време: од 9:30 до 15:00 часот
Место: Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, ул. Мирослав Крлежа бр. 52, Скопје

Учесниците треба да бидат во можност да присуствуваат во текот на двата дена од обуката.

Начин на пријавување и избор

Заинтересираните лица можат да се пријават најдоцна до 16 август 2026, преку пополнување на формуларот достапен на следниот линк за регистрација.

Бројот на учесници е ограничен, а пријавите ќе се разгледуваат според принципот „прв пријавен – прв услужен“. Со цел да се овозможи учество на претставници од што е можно поголем број организации, предност ќе има по еден пријавен кандидат од секоја организација.

Деталната агенда и практичните информации ќе им бидат доставени на кандидатите кои се меѓу првите пријавени и ќе бидат избрани за учество на обуката во текот на двата дена.

За дополнителни информации, можете да се обратите на: aleksandra@idscs.org.mk

Јавен повик за учество на обука за отворени податоци

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за демократја ИДСЦС

Продолжи со читање

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

  • Јавен повик за пријавување на студенти/ки и млади новинари/ки за Национален тренинг за професионално новинарство, иновативни медиумски алатки и медиумска писменост

    Во ера на брз проток на информации и дигитални предизвици, зајакнувањето на капацитетите на идните и младите новинари е клучно за квалитетно и професионално известување. Овој национален тренинг ќе ви обезбеди практични знаења и вештини за користење на современи алатки и ќе ви помогне суштински да ги разберете клучните предизвици на медиумската писменост. Преку интерактивни […]
    Read More… from Јавен повик за пријавување на студенти/ки и млади новинари/ки за Национален тренинг за професионално новинарство, иновативни медиумски алатки и медиумска писменост
    The post Јавен повик за пријавување на студенти/ки и млади новинари/ки за Национален тренинг за професионално новинарство, иновативни медиумски алатки и медиумска писменост appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор