[Aggregator] Downloaded image for imported item #49831

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 1 (ЕДЕН) УМЕТНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ

Центарот за климатски промени за потребите од спроведување на проектот ,, Младите и жените- двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини (WeLEADRural)“, финансиран од Француска агенција за развој (AFD) објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА  1 (ЕДЕН) УМЕТНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ

1.Информации за проектот

Цел на проектот: Општата цел на проектот е да придонесе кон одржливиот развој и заштитата на животната средина во руралните средини преку подобрување на системите за управување со отпад, воведување практики на циркуларна економија и активно вклучување и зајакнување на младите и жените. Проектот има за цел да ги зголеми знаењата и вештините на локалното население, да воспостави функционален систем за селекција на пластичен отпад во три рурални општини, да го намали несоодветното одлагање на отпадот и да поттикне долгорочни промени во однесувањето и локалната инфраструктура

Целни групи: Главни целни групи се младите и жените од руралните општини, особено оние со ограничен пристап до инфраструктура за управување со отпад и еколошко образование. Во проектот директно ќе бидат вклучени најмалку 250 лица- 100 млади и 150 жени преку обуки и практични активности за селекција, рециклирање, компостирање и циркуларна економија. Дополнително, 180 домаќинства од руралните средини ќе учествуваат во примарната селекција на пластичен отпад. Ќе бидат опфатени и 3 јавни комунални претпријатија и претставници на општините.

Времетраење на проектот: Проектот е предвиден да се реализира во период од 01.11.2025 до 30.10.2026 година, во рамките на кој ќе се спроведат активностите за градење капацитети, воспоставување на систем за селекција на пластичен отпад, мониторинг и евалуација, како и кампањата за подигнување на јавната свест.

Проектни активности:  Проектот опфаќа градење на капацитетите на младите и жените за одржливо управување со отпад преку интерактивни едукативни работилници и практични активности за селекција, рециклирање, компостирање и повторна употреба на материјали, како и организирање регионален настан за размена на добри практики. Во рамките на проектот ќе се воспостави одржлив систем за управување со пластичен отпад во три рурални општини преку подготовка на правни и оперативни документи, набавка и поставување опрема за собирање и селекција на пластика, обука на јавните комунални претпријатија и вклучување на 180 домаќинства во примарна селекција на отпадот. Дополнително, ќе се спроведува мониторинг и евалуација на системот преку следење на неговото функционирање, собирање повратни информации од домаќинствата и релевантните локални чинители и проценка на постигнатиот напредок. Проектот предвидува и кампања за подигнување на јавната свест преку изработка на јавни инсталации „Art from Trash“, медиумска и социјално-медиумска промоција на добри практики и активности за поттикнување на учеството на граѓаните. Како дополнителен резултат, ќе биде изработен и дистрибуиран практичен водич (Toolkit) за одржливо управување со отпад, кој ќе содржи насоки за селекција, компостирање, рециклирање и практични „направи сам“ решенија за повторна употреба на отпадни материјали.

2.Опис на услугите:

Избраниот уметник ќе биде ангажиран за целокупна креативна и практична реализација на трите јавни уметнички инсталации во општините Илинден, Ѓорче Петров и Гази Баба и ќе има обврска да ги извршува следните задачи:

  • Разработка на концепт и идејни решенија

Да подготви и презентира 3 (три) оригинални идејни решенија, по едно за секоја од предвидените локации, кои ќе бидат тематски поврзани со заштитата на животната средина, одржливото управување со отпадот, повторната употреба и циркуларната економија.

  • Изработка на уметничките инсталации

Да ги реализира трите инсталации во согласност со одобрените идејни решенија, користејќи првенствено отпадни и реупотребени материјали, со посебен акцент на пластичниот отпад. По потреба, за обезбедување на соодветна конструкција, стабилност и трајност, може да се користат и дополнителни материјали, како цемент, метални жици и други соодветни конструктивни елементи.

  • Вклучување на ученици во процесот на создавање

Да подготви и реализира најмалку една креативна работилница со учениците од основни и средни училишта, преку која учениците ќе бидат активно вклучени во создавањето на дел од уметничките елементи или инсталациите. Работилницата треба да има едукативен и креативен карактер и да придонесе кон разбирање на важноста на повторната употреба и одговорното постапување со отпадот.

  • Координација со проектниот тим

Да остварува редовна координација со проектниот тим на Центарот за климатски промени во сите фази на реализација, вклучително и при изборот на концептите, подготовката, изработката, транспортот и поставувањето на инсталациите.

  • Транспорт, монтажа и поставување

Да обезбеди транспорт на изработените инсталации, нивна соодветна монтажа и поставување на локациите определени од проектниот тим, согласно техничките и безбедносните услови на локациите.

  • Безбедност и издржливост

Да обезбеди инсталациите да бидат конструктивно стабилни, безбедни за поставување и користење во јавен простор и соодветно заштитени од вообичаени надворешни временски влијанија.

3. Обезбедување на материјали и поддршка

Центарот за климатски промени ќе ги обезбеди основните отпадни и реупотребени материјали потребни за реализација на инсталациите, како и организациската поддршка и учесниците потребни за реализација на креативната работилница.

Уметникот ќе биде одговорен за нивно соодветно користење и обликување во согласност со одобрените идејни решенија.

4. Времетраење на ангажманот

Ангажманот ќе трае 12 работни дена, во периодот септември- октомври 2026 година.

Трите инсталации треба да бидат целосно изработени, транспортирани, поставени и подготвени за јавно презентирање најдоцна до 15.10. 2026 година.

Распоредот на активностите ќе се утврди во координација со проектниот тим, имајќи ги предвид достапноста на локациите, временските услови и распоредот на училишните активности.

5. Очекувани резултати

Од ангажираниот уметник се очекува да ги испорача следните резултати:

  • 3 (три) оригинални и концептуално разработени идејни решенија за јавни уметнички инсталации;
  • 3 (три) целосно изработени јавни уметнички инсталации од отпадни и реупотребени материјали;
  • Поставени и безбедно монтирани инсталации на 3 (три) определени јавни локации;
  • Реализирана најмалку 1 (една) креативна работилница со ученици во секоја од општините;
  • Активно учество на учениците во процесот на создавање на дел од инсталациите;
  • Инсталации подготвени за јавно презентирање и долгорочно изложување во јавен простор.

6. Потребни квалификации и искуство

На јавниот повик можат да се пријават кандидати кои поседуваат образование и/или професионално искуство во областа на ликовната уметност, скулптурата, визуелните уметности, дизајнот или сродни области. Кандидатите треба да поседуваат релевантно професионално портфолио и искуство во реализација на уметнички дела, а особено се очекува да имаат:

  • Претходно искуство во изработка на јавни уметнички дела и/или уметнички инсталации;
  • Искуство во користење отпадни, реупотребени или други нетрадиционални материјали во уметнички проекти;
  • Способност за работа со различни материјали и основни конструктивни елементи;
  • Способност за практична реализација, монтажа и поставување на уметнички дела во јавен простор;
  • Искуство во работа со деца и млади, особено во рамки на креативни или едукативни активности ќе се смета за дополнителна предност.

7. Финансиски надомест

За реализација на целиот ангажман е предвиден бруто хонорар во износ од 1.200 евра, за вкупно 12 работни дена.

Во предвидениот хонорар се опфатени сите услуги и активности поврзани со развојот на концептите, изработката, учеството во работилниците, координацијата со проектниот тим, како и транспортот, монтажата и поставувањето на инсталациите, согласно договорените услови.

Исплатата ќе се изврши по успешно завршување на ангажманот и по прифаќање на испорачаните резултати од страна на Центарот за климатски промени.

8. Потребна документација

Заинтересираните кандидати треба најдоцна до 14 август 2026 година да достават:

  • кратка професионална биографија (CV);
  • портфолио со претходно реализирани уметнички дела, инсталации или сродни проекти.

9. Критериуми за избор

При изборот на кандидатот ќе се земат предвид следните критериуми:

  • Квалитет и релевантност на портфолиото– уметничкиот квалитет, оригиналноста и релевантноста на претходно реализираните дела;
  • Искуство во изработка на уметнички инсталации и јавна уметност– практично искуство во осмислување и реализација на уметнички дела наменети за јавен простор;
  • Искуство со реупотребени и отпадни материјали – претходна работа со материјали од отпад или материјали со потенцијал за повторна употреба;
  • Искуство во работа со деца и млади- претходно искуство во реализација на креативни, уметнички или едукативни активности со ученици и млади.
  • Предност ќе имаат кандидатите чие портфолио покажува способност за комбинирање на уметност, општествена ангажираност, вклучување на млади и работа на теми поврзани со животната средина и одржливиот развој.

10. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на професионално CV и портфолио со претходно реализирани уметнички дела, инсталации или сродни проекти  на следната е-маил адреса: ckp.skopje@gmail.com  со назнака ,,Пријава на јавен повик за избор на уметник- WeLEADRural’’

Пристигнатите биографии и портфолија ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија формирана од страна на Центар за климатски промени.

Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката .

Рокот за пријавување е до 15.08.2026 година.

Нарачателот нема да ги земе предвид апликациите кои ќе пристигнат по дадениот рок.

Дополнителни информации:

Доколку Ви се потребни дополнителни информации во врска со јавниот повик, Ве молиме обратете се до проектниот менаџер Филип Стојановски на следната е-пошта: filip.stojanovski@ckp.org.mk или на телефонскиот број 02/5208-330.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за климатски промени (ЦКП)

Продолжи со читање

  • Јавен повик за изработка на документ за јавни политики

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, финансиски поддржан од Европската Унија, објавува јавен повик за ангажирање на еден експерт за изработка на документ за јавни политики на тема „Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча“. […]

  • Повик за ангажирање на правник за правно советување

    Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово објавува повик за ангажирање на дипломиран правник за обезбедување услуги на правно советување за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во рамки на Советувалиштето. Повикот е отворен за кандидати кои ги исполнуваат предвидените услови, а пријавите се доставуваат електронски со потребната документација согласно објавениот повик најдоцна […]

  • Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за ПР и стратешки комуникации

    Младинската асоцијација „ИМКА Битола“, во соработка со здружение „Конект“ за потребите од спроведување на проектот „Промени за одржливост” поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас објавуваат ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на експерт за ПР

  • Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за млади и ЕУ политики (Youth/EU Policy Expert)

    Младински Совет Прилеп (МСП) објавува јавен повик за ангажирање на експерт/ка за млади и ЕУ политики, во рамки на проектот „Младите ЗА ЕУ“ („Youth for EU – Strengthening Youth Participation and Communication on the EU Integration Path“.) Опис на ангажманот Ангажираниот експерт ќе обезбеди стручна и методолошка поддршка за развој…

  • Повик за ангажирање графички дизајнер

    Младински образовен форум (МОФ) објавува повик за ангажирање графички дизајнер/ка за креирање креативен концепт и визуелен идентитет за претставување на клубовите на МОФ. Ангажманот опфаќа изработка на: Генерален дизајн Посебни дизајни за клубовите: Дебата; Учиме право; Артивизам; Новинарство. Вкупниот надомест за ангажманот изнесува 60.000 денари бруто. Заинтересираните кандидати/ки треба да достават кратка биографија, портфолио со […]
    The post Повик за ангажирање графички дизајнер appeared first on МОФ.

  • Јавен повик за ангажирање на правен советник/правна советничка (договор на дело)

    Назив на работен ангажман: Правен советник/советничка Краен рок за пријавување: најдоцна до 14 август 2026 година, 23:59 часот (GMT+1) Електронска адреса за поднесување на апликацијата: helkom@mhc.org.mk Апликациите задолжително гласат на име „ Јавен повик за правен советник/советничка“ и сите документи се поднесуваат во pdf. формат Хелсиншкиот комитет за човекови права објавува јавен повик за ангажирање на правен советник/советничка. […]
    Read More… from Јавен повик за ангажирање на правен советник/правна советничка (договор на дело)
    The post Јавен повик за ангажирање на правен советник/правна советничка (договор на дело) appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор