[Aggregator] Downloaded image for imported item #49758

Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за ПР и стратешки комуникации

Младинската асоцијација „ИМКА Битола“, во соработка со здружение „Конект“ за потребите од спроведување на проектот „Промени за одржливост” поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас објавуваат

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на експерт за ПР и стратешки комуникации

Општи информации за проектот

Проектот „Промени за одржливост“ е насочен кон подобрување на финансиската одржливост на граѓанските организации во Северна Македонија преку унапредување на законската и институционалната рамка, намалување на административните пречки и поттикнување на домашното финансирање на граѓанскиот сектор. Проектот го спроведуваат Здружение Конект и Младинската асоцијација ИМКА Битола. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Проектот одговара на еден од клучните предизвици со кои се соочуваат граѓанските организации, а тоа е обезбедувањето долгорочна финансиска стабилност во услови на намалена странска донаторска поддршка и ограничени можности за локално финансирање. Преку соработка со институциите, финансиските институции, компаниите и граѓанските организации, проектот работи на создавање поповолни услови за донирање, подобрување на пристапот до финансиски услуги и зајакнување на механизмите за застапување во областа на финансиската одржливост.

Детали за ангажманот

Во рамки на проектот „Промени за одржливост“ ќе се реализираат комуникациски и застапувачки активности насочени кон подобрување на финансиската одржливост на граѓанските организации, унапредување на условите за донирање и полесен пристап до финансиски услуги. Со цел зголемување на јавната видливост на проектните резултати, поддршка на застапувачките процеси и промоција на предложените законски промени, предвиден е ангажман на експерт/ка за ПР и стратешки комуникации кој/а ќе обезбеди стручна поддршка во областа на комуникациите, медиумите и јавното застапување.

Деталниот опис на задачите на експертот/експертката се достапни во Условите за работа (ToR).

Задачи на експертот

Избраниот/ата експерт/ка ќе биде одговорен/на за:

  • Подготовка на комуникациски план и календар за комуникациска кампања;
  • Дефинирање на клучни пораки и комуникациски пристап за различни целни групи;
  • Подготовка на план и содржини за најмалку 30 објави на социјални медиуми;
  • Подготовка на текстови, препораки за визуелни решенија и storytelling содржини;
  • Развој на концепти за комуникациски и медиумски кампањи;
  • Подготовка на предлози за најмалку 5 новинарски приказни, интервјуа и медиумски настапи;
  • Давање стручни препораки за промоција, таргетирање и зголемување на досегот на содржините;
  • Координација со проектниот тим и подготовка на краток завршен извештај.

Очекувани резултати

  • Изработен комуникациски план со календар на активности и содржини за социјални медиуми;
  • Подготвени план за најмалку 30 објави за социјални медиуми, комуникациски насоки и препораки за визуелни материјали;
  • Развиени концепти за комуникациски и медиумски кампањи за промоција на проектните резултати и Мрежата за финансиска одржливост на ГО;
  • Подготвени предлози за најмалку 5 новинарски стории, интервјуа, медиумски настапи и storytelling содржини;
  • Обезбедени препораки за дигитална промоција, таргетирање и зголемување на досегот на содржините;
  • Обезбедена стратешка комуникациска поддршка и доставен краток завршен извештај за реализираните активности.

Потребни квалификации

Експертот/експертката треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено високо образование од областа на комуникации, новинарство, односи со јавност, маркетинг, менаџмент, општествени науки или сродни области;
  • Најмалку 3 години професионално искуство во развој и спроведување комуникациски стратегии, ПР активности или медиумски кампањи;
  • Докажано искуство во креирање содржини за социјални медиуми и јавни кампањи;
  • Познавање на граѓанскиот сектор и искуство во работа со организации и/или бизнис сектор ќе се смета за предност;
  • Одлични комуникациски, организациски и презентациски вештини.

Временска рамка

Ангажманот е планирано да се реализира во периодот од 17.08.2026 година до 30.11.2026 година.

Расположив буџет

Максималниот буџет на располагање за целиот ангажман е 187.500 денари за ангажман од 15 (петнаесет) денови.

Евалуација

Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани. Изборот на најсоодветниот понудувач ќе се врши врз основа на критериумот најниска цена за најдобар квалитет.

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да достават:

Понудата со бараната документација се доставува по електронски пат на мејлот contact@ymca.mk (и мејлот konekt@konekt.org.mk во СС ) или во затворен коверт во архивата на Младинска асоцијација ИМКА Битола (ул.Крушево, бр.5 7000 Битола, С. Македонија), со назнака „Повик за ангажман на експерт/ка за ПР и стратешки комуникации за проектот„Промени за одржливост“.“

Понудата треба да се достави најдоцна до 13.08.2026 година (четврток) до 17 часот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

  • Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина appeared first on Myla.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Технологијата треба да биде право, а не привилегија

    Пред неколку години, еден ученик од Центарот за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ учеше и се дружеше со истата леснотија како и неговите соученици од училиште. Потоа, поради генетска предизвикана состојба, полека почна да го губи видот. Талентот остана ист, желбата за учење исто така, но пристапот до знаењето стана…

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор