Untitled Design(4)
|

Повик за прибирање на понуди за конференциски услуги за организирање на настан

Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.

Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски и социјален статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.

Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.

Проектот „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот е поддржан од Expertise France, преку AFD – Agence Française de Développement.

Во рамки на проектот предвидено е организирање на дводневен настан. За таа цел, ве молиме да ни испратите понуда по следните барања и спецификации:

 

Општи информации

– Датум на одржување: 13 – 14.06.2026

– Вид на настан: Дводневен работен настан

– Број на учесници: За сместување – 17 лица, за работниот дел – 20 лица.

 

Хотелски услуги

Сместување

– Број на гости: 17 лица

– Број на ноќевања: 1 ноќевање со појадок (пристигнување на 13 јуни, заминување на 14 јуни) во еднокреветни соби

– Дополнителни услови: Бесплатен Wi-Fi, Паркинг (доколку е достапен)

Исхрана

– Ручек за 20 лица на 13 и 14 јуни 2026

– Вечера за 17 лица сместени во хотелот на 13 јуни 2026

– Мени со предјадење, главно јадење, десерт и пијалок (минерална вода или безалкохолен пијалок)

– Опција за вегетаријанско/веганско мени и мени за лица со специјални потреби во исхраната

Освежување

– Кафе-паузи (4 вкупно) во текот на работните денови (13 и 14 јуни)

– Кафе, чај, вода, сокови

– Вода за време на работниот дел

 

Конференциски услуги

Сала

– Конференциска сала со капацитет за 20 лица (мала сала)

– Термини: 13 и 14 јуни 2026 година (2 дена)

– Распоред на седење: во П-форма

Опрема и техничка поддршка

– Проектор и платно/LED екран

– Озвучување со безжични микрофони

– Флипчарт и маркери

Дополнителни информации

– Вклучете информации за услови на плаќање и евентуални попусти.

 

Потребна документација за аплицирање

Понуда со цена

– Детална финансиска понуда по ставки (сместување, ручек, кафе-паузи, изнајмување сала, опрема и техничка поддршка), со фотографии од просторот.

– Наведена цена по лице/услуга и вкупна цена (нето и бруто, со вклучен ДДВ).

– Потпишување на Изјава под заклетва за критериуми за исклучување, отсуство на судир на интереси (на следниов линк).

 

Опис на услугите

– Детален опис на хотелските услуги (тип на соби, мени, организација на оброци, кафе-паузи).

– Опис на конференциската сала и техничката опрема.

Регистрациски документи на компанијата

– Тековна состојба/извод од Централен регистар.

– Даночен број (ЕМБС и ДДВ број ако е обврзник на ДДВ).

Општи услови

– Политика за резервации и откажување.

– Услови на плаќање.

– Информации за евентуални попусти или дополнителни трошоци.

 

Критериуми за селекција

– Вкупна цена на понудата со калкулација по ставки

– Услови на плаќање

– Квалитет на понудата на услуги (сместување, исхрана и сл.)

– Адекватност на салата (капацитет, распоред на седење, природна светлина/вентилација)

– Квалитет и достапност на опремата (проектор, озвучување, интернет конекција)

– Обезбедена техничка поддршка на лице место

– Пристапност на локацијата (транспортни врски, паркинг простор)

 

Начин и рок за аплицирање

Потребната документација (вклучително потпишаната Изјава под заклетва за критериуми за исклучување, отсуство на судир на интереси)  да се достави во PDF формат по електронска пошта на адресата esem@esem.org.mk, со назнака: Повик за прибирање на понуди за конференциски услуги за организирање на настан за проектот „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата во здравството“.

Краен рок за доставување на документите е 14 мај 2026 година.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина appeared first on Myla.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор