Здружение на граѓани РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ШУМАРСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ Скопј

Здружение на граѓани РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ШУМАРСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ Скопје

Вкупен буџет: 4.475.971 денари

Времетраење: 10 месеци

Партнери:

  • Здружение на граѓани ИНСТИТУТ ЗА ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ И РАЗВОЈ;
  • Здружение на еколозите НАТУРА Струга;
  • Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар;

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Управување за енергетско ефикасни општини

Опис на акцијата

И пред руско-украинскиот конфликт, но посебно со неговата ескалација, стабилно / постојано обезбедување на енергија и енергенти по поволна цена е еден од најзначајните (политички, економски и социјални) приоритети, не само во Република Северна Македонија, туку и на Европа, па и глобално. Како резултат на ново-настанатата енергетска криза, светот се соочува со предизвикот како да го намали / оптимизира трошокот за енергенти, и да ги обезбеди во доволна количина согласно потребите / побарувачката во даден временски период.

Соодветно на тоа, општините се соочуваат со предизвикот како да донесат „информирани“ одлуки за подобрено, енергетски ефикасно управување со јавните објекти што се во нивна надлежност, што од една страна би им овозможило да ги намалат или оптимизираат трошоците, а од друга страна би ги зајакнало нивните капацитети и отпорност на среден и долг рок, за (самостојно) справување со овој предизвик.

Предлог-проектот, ќе биде пилотиран во четири општини, и врз основа на добиените податоци и резултати, ќе понуди предлог-мерки, политики и решенија базирани на докази, што ќе имаат

за цел да придонесат кон: а) подобрено, енергетски ефикасно управување со јавните објекти што се во сопственост на општините, б) намалување на негативните ефекти / последиците од енергетската криза врз општините, а со самото тоа и врз државата и граѓаните / бизнисот.

Цели и резултати

Општа цел: Придонес кон поддршка на општините за унапредување на праксите и процесите за енергетско ефикасно управување и надминување / ублажување на последиците од енергетската криза, преку развој и споделување на добри практики и совети базирани на докази

Специфична цел: Мапирање на можностите за заштеда на енергија на општинско ниво, јакнење на свесноста и градење на капацитетите на локалните чинители, за енергетски ефикасно управување

Резултати

  1. Мапирани јавни објекти управувани од страна на четирите целни општини, и идентификувани трошоци за греење, во однос на вид на греење и енергетска ефикасност на објектот.
  2. Зајакнати капацитетите на целните општини за енергетски ефикасно управување.
  3. Промовирани добри практики и предлог-мерки базирани на докази, за унапредување на енергетската ефикасност на општините во Република Северна Македонија

Активности

  • Подготовка на Методологија за мапирање на јавните објекти управувани од страна на општините, и категоризација на објектите според енергетска ефикасност, тип на греење и трошоци за греење.
  • Спроведување на мапирање на објектите во четирите целни општини (Берово, Пехчево, Струга и Дебар), согласно утврдената Методологија.
  • Подготовка на општински извештаи / преглед состојба за јавните објекти управувани од страна на општините, и категоризација на објектите според енергетска ефикасност, тип на греење и трошоци за греење.
  • Подготовка на сумарен извештај, со наоди и препораки базирани на докази, што ќе им овозможат на општините најоптимално да го искористат потенцијалот за енергетски ефикасно управување и користење на јавните објекти.
  • Организирање на 2 еднодневни обуки за енергетски ефикасно управување (претставници од вработените во општините и во јавните претпријатија од четирите целни општини).
  • Организирање на 4 еднодневни, едукативни семинари со членовите на Советот, градоначалникот и директорите на јавните претпријатија под надлежност на целните општини опфатени со проектот, за презентирање на наодите од секој поединечен извештај
  • Организирање на 2 еднодневни работилници (претставници од на Советот, градоначалникот и директорите на јавните претпријатија под надлежност на целните општини опфатени со проектот од Југозападен регион, и Источен регион), за верификација на наоди и препораките презентирани во сумарниот извештај
  • Подготовка на бела книга на политики и мерки, за подобрување на праксите за енергетски-ефикасно управување на општинско ниво.
  • Организирање на еднодневен, национален семинар, пред претставници на општините и центрите за развој на планските региони, за презентирање на наоди и препораките презентирани во сумарниот извештај и на предлог-политиките и мерките прикажани во белата книга.

Веб страница

https://refordcentre.org/

Продолжи со читање

  • Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје

    Вкупен буџет: 4.074.200 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Преку деполаризација до демократски, стабилни и вклучувачки институции: Придонес на граѓанското општество Опис на акцијата SIGMA (OECD/EU) извештајот за 2021, посветен на капацитетите на јавниот сектор во Северна Македонија дава крајно неповолна слика за капацитетите на…

  • Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје

    Вкупен буџет: 3.244.900 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Коалиција на граѓански организации – Форум на мали заедници во Република Северна Македонија Опис на акцијата Според составот на популацијата и согласно Уставот, Македонија е мулти-етничко и мулти-културно општество. Покрај мнозинската популација, околу 10% од граѓаните…

  • Здружение Асоцијација за демократска иницијатива

    Вкупен буџет: 3.934.896 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Придонес кон јавната дебата и мерките за ублажување на последиците од економската криза Опис на акцијата Според скорешни податоци изнесени во јавноста Северна Македонија има една од највисоките стапки на инфлација во Европа. Зголемените цени драстично…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 4.469.949 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Акција во ôд: Мониторинг, оценка и предлози за антикризни мерки во услови на тесен буџет Опис на акцијата Иако Северна Македонија има многу слаби економски врски и со Русија и со Украина економија трпи значајни индиректни…

  • Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации

    Вкупен буџет: 4.470.518 денари Времетраење: 10 месеци Конституенти: Институциите на централната власт (Владата, Министерството за финансии и други релевантни институции за креирање на Буџетот); општините и Градот Скопје; граѓаните, медиумите и граѓанските организации Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Ефекти на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните…

  • Здружение на лекари специјализанти

    Вкупен буџет: 3.815.091 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: Конституенти: Социјално загрозени граѓани, вклучувајќи ја ромската популација со посебен акцент на младите, како и корисниците на социјална парична помош. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: И ти си важен! Опис на акцијата Согласно моменталната правна легислатива во РСМ, здравствената заштита и…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор