Isshs

Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје

Вкупен буџет: 4.074.200 денари

Времетраење: 10 месеци

Партнери:

  • Здружение на граѓани Институт за медиуми и аналитика ИМА, Скопје;
  • Здружени- Балкански институт за регионална соработка;
  • Здружение на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола;

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Преку деполаризација до демократски, стабилни и вклучувачки институции: Придонес на граѓанското општество

Опис на акцијата

SIGMA (OECD/EU) извештајот за 2021, посветен на капацитетите на јавниот сектор во Северна Македонија дава крајно неповолна слика за капацитетите на нашите институции. Вкупната оценка на СИГМА 2021 извештајот за Македонија е 2.1 додека регионалниот просек изнесува 2.7. Спротивно на широко распространетото мислење во нашата јавност дека за напредувањето кон ЕУ е клучно усогласувањето со Acquis-то, овој извештај на SIGMA, како и други релевантни извештаи на RESPA или ReSPA: Regional School of Public Administration (најновиот збирен, посветен на Западен Балкан, посветен на административната правда), укажува на тоа дека „алката што недостига“ за вистински демократски јавен сектор е всушност – капацитетот за градење политики кои резултираат со овозможувачка (enabling) институционална клима за граѓаните и економијата. По пат на примена на студии на случај, концентрирани на прашањето на луѓето со предизвици (првенствено оние со ретки болести) како и на темата децентрализација (вклученост/исклученост на граѓаните од помалите и „отсечени“ области), оваа акција ќе има за цел да покаже дека „демократски институции“ (и спротивното – авторитарни институции) е нешто што се материјализира и мери во пракса, а се адресира со добри политики кои не е доволно да се впишани во закон ами и во институтот „добри практики“ на институциите. Демократските институции не оперираат со „една кројка за сите“ решенија ами со сензитивност за исклучените, со постапност, прилагоденост на посебните групи и, со тоа, и флексибилност. Затоа оваа акција има првенствено за цел да ја подигне свеста во јавноста, целејќи на граѓанскиот сектор, за демократски институции и добра јавна администрација според стандардите на Европската повелба и според принципите на административната правда (која според нашиот Народен правобранител практично не постои. По пат на граѓанска акција и мобилизација на пошироката граѓанска јавност, спроведувајќи ги принципите на децентрализација и инклузивност, се придонесува за јакнење на капацитетите на институциите во правец на нивно демократизирање (според методологијата на ЕУ интегрирање која е на сила од 2019). Тематски, предложената Акција се посветува на темата на деполаризација како предуслов за градење здрави и отчетни институции.

Цели и резултати

Општа цел: Критички и информиран дијалог, мониторинг, анализа и застапување политики кои ќе придонесат кон јакнење на капацитетите на извршната власт за градење демократски и инклузивни институции.

Специфична цел: Деполаризација на јавниот дискурс на тема „демократски институции“ со фокус на усогласување на јавната администрација не само со Acquis-то туку и со Европската повелба на темелните права, и членот 41 попрецизно (правото на добра администрација која го става во центар Граѓанинот

Резултати

  1. Подигната свест за демократски институции меѓу ГО, пошироката јавност и самите институции.
  2. Деполаризација на јавниот говор благодарение на промоцијата на приодот на натпартиски и надетнички дијалог на информираната јавност на темата демократски и/или социјално инклузивни институции.
  3. Зајакнат граѓански сектор по пат на промоција на соработката и одржливо вмрежување.
  4. Мониторинг на институциите со цел подигање на нивните капацитети за градење политики, особено со фокус на хоризонталната вредност „демократски институции“ (и аспектот на социјална инклузија).

Активности

  • Анализа на општите акти и принципи на јавната администрација со методите и анализите на политики на RESPA и СИГМА.
  • Врз база на наодите, baseline студијата, ќе се спроведе потесна анализа на секторски политики за географско-етнички социјално маргинализираните и маргинализираните на база на нивните физички предизвици (ableism дискриминација).
  • Подготовка на студии на случај за застапување политики кон подемократски институции, социјално инклузивни кон маргинализираните
  • Организирање панели за застапување во најмалку 4 региони во земјата, презентирајќи ги преку практични примери, како на локалните граѓански организации така и на локалната јавност, вредностите и начините на практична примена на принципот „демократски институции.“
  • Дисеминација на идејата преку медиумите на регионите и на јазици различни од македонскиот
  • Директно застапување пред релевантните сектори – здравство, социјала и други (зависно од увидите на студиите)
  • Спроведување медиумска анализа и мониторинг, комбинирани со кампања на видливост и разбирливост на национално ниво за пошироката јавност за главната и сеопфатна цел на акцијата -преку деполаризација до демократски институции (и обратно), а за тоа ќе ги користи своите платформи на социјалните мрежи како и сопствените онлајн медиуми за самоодржливост.

Веб страница

www.isshs.edu.mk

Продолжи со читање

  • Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје

    Вкупен буџет: 3.244.900 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Коалиција на граѓански организации – Форум на мали заедници во Република Северна Македонија Опис на акцијата Според составот на популацијата и согласно Уставот, Македонија е мулти-етничко и мулти-културно општество. Покрај мнозинската популација, околу 10% од граѓаните…

  • Здружение на граѓани РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ШУМАРСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ Скопје

    Вкупен буџет: 4.475.971 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Управување за енергетско ефикасни општини Опис на акцијата И пред руско-украинскиот конфликт, но посебно со неговата ескалација, стабилно / постојано обезбедување на енергија и енергенти по поволна цена е еден од најзначајните (политички, економски и социјални)…

  • Здружение Асоцијација за демократска иницијатива

    Вкупен буџет: 3.934.896 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Придонес кон јавната дебата и мерките за ублажување на последиците од економската криза Опис на акцијата Според скорешни податоци изнесени во јавноста Северна Македонија има една од највисоките стапки на инфлација во Европа. Зголемените цени драстично…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 4.469.949 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Акција во ôд: Мониторинг, оценка и предлози за антикризни мерки во услови на тесен буџет Опис на акцијата Иако Северна Македонија има многу слаби економски врски и со Русија и со Украина економија трпи значајни индиректни…

  • Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации

    Вкупен буџет: 4.470.518 денари Времетраење: 10 месеци Конституенти: Институциите на централната власт (Владата, Министерството за финансии и други релевантни институции за креирање на Буџетот); општините и Градот Скопје; граѓаните, медиумите и граѓанските организации Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Ефекти на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните…

  • Здружение на лекари специјализанти

    Вкупен буџет: 3.815.091 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: Конституенти: Социјално загрозени граѓани, вклучувајќи ја ромската популација со посебен акцент на младите, како и корисниците на социјална парична помош. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: И ти си важен! Опис на акцијата Согласно моменталната правна легислатива во РСМ, здравствената заштита и…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор