ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје
Вкупен буџет: 4.469.949 денари
Времетраење: 10 месеци
Партнери:
- Здружение за рурален развој Локална Акциска Група Агро Лидер Кривогаштани;
- Здружение Рурална Коалиција Кичево;
За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Акција во ôд: Мониторинг, оценка и предлози за антикризни мерки во услови на тесен буџет
Опис на акцијата
Иако Северна Македонија има многу слаби економски врски и со Русија и со Украина економија трпи значајни индиректни последици од руската агресија врз Украина. Цените на клучните прехранбени и енергетски производи пораснаа, а инфлацијата забрза со пренесување на овие ефекти врз пошироката потрошувачка кошничка. Економијата исто така, потпадна под влијание на намалувањето на надворешната побарувачка.
Владата одговори на ваквите неповолни тенденции во економијата со преземање низа линеарни мерки. Дел од нив престанаа да важат на крајот на мај 2022, а нова тура мерки беа донесени во октомври 2022, со одредена таргетирана компонента.
Оваа ситуација е/беше одраз на фактот дека буџетскиот простор е тесен, бидејќи примарно беше исцрпен со големото владино трошење во текот на пандемијата 2020/21 (проценето на близу 1 мрд. евра), поради што порасна и јавниот долг. Додатно, во 2022, финансиските услови се влошија и пристапот до средства на меѓународниот пазар стана и потежок и поскап.
На ниво на локални самоуправи, антикризни мерки не само што не постојат, туку општините и институциите под нивна надлежност се соочуваат со големи притисоци од порастот на цената на електричната енергија.
Според тоа, моменталната ситуација е ситуација на „тесен“ буџет, незначителен обем на таргетирани мерки, притисоци од страна на општините, во сила сѐ уште линеарни мерки и значајни одливи од буџетот по таа основа, и отсуство на најава за понатамошни мерки или за модифицирање на постојните мерки. Сето ова, е во услови на извесно понатамошно забавување на економската активност (веројатност за негативни стапки на раст во К1-2023), инфлација која во октомври 2022 достигна скоро 20%, домашно производство на струја кое се соочува со значајни ризици, и кревка ситуација во поглед на достапност на меѓународно задолжување.
Цели и резултати
Општа цел: Да ги анализира и следи буџетските трошења за антикризните мерки и да предложи модификација и/или нови мерки во услови на нагласена потреба од рационализација на трошењето на јавните пари
Специфични цели:
- Да направи анализа и мониторинг на буџетското трошење за постојните антикризни мерки, во три сегменти: 1) национални и локални мерки за заштита на стандардот на граѓаните, 2) мерки за помош на фирмите, 3) мерки во делот на земјоделието и обезбедувањето храна, а во контекст на ефективно и ефикасно трошење на народните пари;
- Да даде предлози за модификација на постојните и нови мерки, врз основа на потребата за нивна насоченост/ таргетираност и за рационализација на буџетското трошење во услови на „скапи пари“;
- Да ја подигне јавната свест за потребата од фискална консолидација и рационално трошење на јавните пари во услови на повеќекратни кризи.
Резултати
- Буџетските трошења и резултатите од антикризните мерки на централно и локално ниво, кои се во сила на крајот од 2022 година се анализирани и оценети;
- Дефиниран е просторот – во смисла на дизајн и чинење – за модификација на постојните антикризини мерки и просторот за нови антикризни мерки.
- Зајакната е јавната свест за ограничениот простор за финансирање на тековните и нови трошења од државниот буџет, во услови на затегнување на условите на финансиските пазари
Активности
- Прибирање податоци од Буџетот на РСМ (Р1)
- Прибирање податоци од буџетите на седум локални самоуправи
- Прибирање и систематизирање на мерките за справување со економско енергетската криза
- Прашалник за прибирање податоци од микро, мали и средни фирми
- Спроведување на прашалникот преку онлајн анкета
- Анализа на мерките за помош на фирмите
- Составување водич за прибирање податоци од ранливи категории преку фокус групи
- Спроведување фокус групи со хетероген состав
- Анализа на мерките за заштита на стандардот на граѓаните
- Водич за прибирање податоци од клучни чинители во земјоделието и обезбедувањето храна
- Интервјуа со чинители од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Агенцијата за храна и ветеринарство и сврзани чинители
- Анализа на мерките за зголемување на домашното производство на храна
- Составување водич за прибирање податоци од општинските администрации
- Спроведување најмалку 7 интервјуа со претставници на општинските администрации (градоначалник, советници, раководители на буџетски оддели)
- Анализа на буџетскиот притисок кај општините и преземените чекори
- Подготовка на бриф за политиките за ефектите од кризата врз ранливите категории граѓани (Р2)
- Подготовка на бриф за политиките во сегментот на помош за погодените фирми
- Подготовка на бриф за политиките во сегментот на мерките за зголемување на домашното производство на храна
- Подготовка на бриф за политиките во сегментот на општинските буџети и преземени акции
- Дизајн на препораки за политиките со конкретни акции кои носителите на политиките може да ги преземат за справување со последиците, а истовремена рационализација на буџетот
- Консултатитвен состанок со таргетираните чинители – носители на политики
- Подготовка на графикони и инфографикони и нивна промоција на социјалните мрежи (Р3)
- Подготовка на ГИФ/видео/подкаст и промоција на социјалните мрежи
- Поддршка на новинарски стории кои ќе ги анализираат и доближат до публиката резултатите од трите сегменти погоре
- Изјави во медиумите и гостувања во емисии
- Економски форум со клучните чинители – носители на политики како говорници (вкл. и промоција на брифовите за пошироката јавност)