Отворете ги прозорците
Вкупен буџет: 2.998.600 денари
Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци)
Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење
Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА
Конституенти:
Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Проектот ја промовира дигиталната инклузија како предуслов за социјална кохезија, овозможувајќи еднаков пристап и информации за заедницата со попреченост. Преку истражување, работилници и средби за застапување, се поттикнуваат институционални промени и активно учество во општеството согласно принципите на еднаквост и независно живеење согласно Конвенцијата за правата на лицата со попреченост
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Акцијата опфаќа анализа на состојбата со дигиталната пристапност на јавните услуги, теренска работа и консултации со корисници, како и организирање работилници и јавни дискусии со релевантни институции. Проектот вклучува изработка на препораки за унапредување на дигиталната инклузија, нивна јавна промоција и активности за застапување со цел влијание врз носителите на одлуки.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Да се придонесе кон унапредување на човековите права и еднаквоста на лицата со попреченост преку застапување за дигитална инклузија, развој на капацитетите на организациите на лица со попреченост (ОЛП) за независното живеење согласно Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП).
Специфична цел:
- Утврдување на состојбата со дигиталната достапност и асистивната технологија (АТ) во образованието кај лицата со попреченост, како основа за застапување и усогласување со КПЛП.
- Јакнење на капацитетите на организациите на лица со попреченост (ОЛП) за дигитално застапување и користење на асистивна технологија
- Да се зајакне јавната поддршка за дигитална инклузија и независно живеење преку промоција на дигиталното застапување како човеково право и активно вклучување на јавните чинители.
РЕЗУЛТАТИ
- Р.1 Спроведено национално истражување за користење на дигитални алатки и асистивна технологија во образованието, со препораки за релевантните чинители за нивна примена како поддршка за учење, инклузија и зголемување на самостојноста кај учениците.
- Р.2. Зајакнати капацитети на организациите на лица со попреченост за застапување за дигитална инклузија и користење АТ, со поддршка за независно живеење и унапредување на законодавството.
- Р.3 Зголемена информираност за дигиталната инклузија и независното живеење, како човеково право, и активно вклучување медиуми, институции и јавноста во унапредување на дигиталната пристапност.
АКТИВНОСТИ
- Дизајн и изработка на методологија за истражување.
- Спроведување на истражувањето.
- Анализа на податоците од сеопфатното истражување во 367 основни училишта и 109 средни училишта
- Организирани и спроведени 16 валидациски состаноци со училишта, ОЛП и претставници на локалната самоуправа со вкупно 320 учесници.
- Анализа и подготовка на сеопфатен извештај и Документ за политики
- Организација и одржување 6 (шест) работилници со организации на лица со попреченост (ОЛП) и лица со попреченост за КПЛП и АТ.
- Организација и одржување 8 (осум) средби со ИППГ.
- Почетна конференција за промоција на проектот
- Организација на 2 дебати за дигитална инклузија и независен живот
- Завршна конференција за презентација на резултатите


![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](3)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga3.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА]](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](1)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga1-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](2)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga2-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](4)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga4-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](5)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga5-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](6)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga6-768x384.jpg)