Вести

  • Трет повик за институционални грантови на Цивика мобилитас

    cm banner grants insОбјавен е третиот и последен повик за институционални грантови во оваа фаза на Цивика мобилитас. Повикот се однесува на граѓански организации кои се регистрирани во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации (2010), а ќе биде отворен до 31 октомври 2016 година, до 16 часот кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние донесени лично или испратени по курирска служба или по пошта.

  • Можни ли се позитивни ефекти од миграциите?

    Regionalen Forum Sveti Nikole 1Миграциите беа носечката тема на десеттиот регионален форум на Цивика мобилитас кој ги опфати вардарскиот и североисточниот регион, а се одржа на 14 јули 2016 г. во Свети Николе. Вкупно 69 претставници на граѓански организации, општини, граѓани и други заинтересирани беа дел од овој речиси целодневен настан.

  • Силниот ветар и високите температури не го спречија граѓанскиот активизам

    Соработката на Цивика мобилитас и Д-фестивал продолжи и оваа година со мобилизација на учеството на повеќе нејзини грантисти кои организираа проекции на документарни филмови, отворени дискусии, работилници, интерактивни игри, подготовка на храна, презентации и изложби се само дел од активностите кои побудија голем интерес кај посетителите на фестивалот. Преку тридневна дружба во рамките на ПлоштАрт катчето 10 грантисти на Цивика мобилитас, организираа активности преку кои информираа за нивните постигнувања, а дел од останатите го посетија фестивалот и учествуваа во активностите на нивните партнери.

    Silniot vetar i visokite temperaturi ne go sprechija gragjanskiot aktivizam 1

  • Цивика мобилитас ги промовираше новите грантисти

    Promocija na grantisti 06.7.2016 1„Семејството на грантисти на Цивика мобилитас, од денес се зголеми за 22 нови членови и сега брои вкупно 115 организации“, рече Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС и Национален лидер на тимот на Цивика мобилитас на денешната промоција на новите акциски, мали и ад хок грантисти на Цивика мобилитас.

  • Цивика мобилитас на „Битола отворен град 2016“

    Bitola otvoren grad 1Регионалниот форум за соработка на граѓанските организации и активисти од Плагонискиот и Југозападниот регион се одржа 24 јуни 2016 година, во Порта Џез- Битола како дел од програмата на 15-тот издание на фестивалот „Битола отворен град 2016“.

  • Почнуваат регоналните форуми на Цивика мобилитас

    Regionalni forumiСо организирањето на форумот за пелагонискиот и југозападниот регион, во петок, на 24 јуни 2016 година во Битола, започнува новиот циклус регионални форуми на Цивика мобилитас – „Твој простор – твој глас“. Форумот ќе се одржи во рамки на фестивалот „Битола отворен град“, ќе започне во 12 часот и ќе се одвива во кафе барот „Порта џез“ и делумно на улиците во Битола.

  • ДВЕ ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ ЗА ПОВИКОТ ЗА СТИПЕНДИИ

    Цивика мобилитас ќе одржи две информативни сесии за повикот за мали грантови за стипендии, и тоа во Скопје на 22 јуни 2016 г.(среда) со почеток во 12 часот во просториите на МЦМС и во Битола на 24 јуни 2016 г. (петок) со почеток во 16.30 часот во Порта џез.

  • Работилници за организациски развој и институционално јакење

    Rabotilnica 16620161Запознавање со концептот на организацискиот развој на граѓанските организации и нивниот животен циклус беа темите на работилницата што се одржа на 16 јуни 2016 година во х. ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје. На работилницата учествуваа претставници од дваесетте институционални грантисти од вториот повик на Цивика мобилитас, а ја водеше Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата.

  • Работилница за мобилизирање на заедницата

    Rabotnica 1462016Мобилизирање на заедниците, промоција на граѓанскиот активизам и зајакнување на конституентите на граѓанските организациции беше главната идеа на работилницата што се одржа на 14 јуни 2016 година во Канцеларијата за млади на Општина Центар, Скопје. На работилницата учествуваа деветнаесет претставници на институционалните и акциските грантисти на Цивика мобилитас, а ја водеше Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата.

  • Наскоро ќе бидат познати добитниците на акциски грантови на Цивика мобилитас

    AKT 02Цивика Мобилитас во текот на месец мај ја заврши проверката на административниот квалитет и на подобноста на пријавите за вториот повик за акциски грантови под број ЦМ-АКТ-02. На повикот што беше отворен од 15 април 2016 година до 10 мај 2016 година беа поднесени вкупно 84 пријави.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор