Author: Здружение ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ ОД ШУТО ОРИЗАРИ Скопје

  • УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ЗА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ

    УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ЗА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ
    НАОДИ И ПРЕПОРАКИ ОД МОНИТОРИНГОТ НА ЧЕТИРИ ЗДРАВСТВЕНО ПРЕВЕНТИВНИ ПРОГРАМИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО
    Целата анализа можете да ја преземете на следниот линк

  • Анализа – Соодветна заштита, помош и поддршка на жртвите на РОДОВО – БАЗИРАНО и СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО во општина Шуто Оризари

    Општина Шуто Оризари, како една од 10-те урбани општини на територија на град Скопје, се соочува со сериозни предизвици во однос на обезбедување заштита на жртвите народово- базирано и семејно насилство.Според извештаите на локалните здруженија на граѓани, насилството врз жените во Шуто Оризари е често присутно, а жртвите се без соодветна поддршка и ресурси. Факторикакви што се економската нестабилност, сиромаштијата, недостаток на образование и културните предрасуди ја зголемуваат ранливоста на жените што живеат во овааопштина. Жените во општината Шуто Оризари, особено Ромките, и натаму наидуваат на голем број пречки при остварување на правото на заштита од семејно и родовобазирано насилство1, особено при пристапот до институциите, па оттука е забележана и висока недоверба кон институциите.Според податоците од последниот Попис на население во Република С Македонија од 2021 година2, во општина Шуто Оризари живеат 25 726 лица; од нив 50,37% се мажи, а49,63% се жени. Според етничка припадност, составот на населението во општина Шуто Оризари е следен:
    • Роми 43,80% (мажи 50,11%, жени 49,89%)• Албанци 34,32% (мажи 51,20%, жени 48,80%)• Македонци 3,52% (мажи 50,44%, жени 49,56%)• Други 18,36% (мажи 52,94%, жени 47,06%)
    Публикацијата „Соодветна заштита, помош и поддршка на жртвите на родово-базирано и семејно насилство во општина Шуто Оризари“ е еден од резултатите од спроведенитеактивности во рамките на проектот „Зајакнување на женскиот глас“, што го спроведува здружението „Иницијатива на правата на жени од Шуто Оризари“. Овој проект се спроведува во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република С Македонија
    Повеќе за анлизата на следниот линк:

    Анализа Соодветна заштита, помош и поддршка

  • Погледнете го гостувањето на извршната директорка, Салија Беќир Халим во утринската програма ,,Здраво Македонијо “ емитувана од Канал 5 Телевизија.

    Салија го промовираше ново отворениот центар за помош о поддршка на жени жртви на семејно и родово базирано насилство ISI ARKA – ИМА ПОМОШ, кој е единствен центар во општина Шуто Оризари и единствен кој ги нуди услугите на ромски јазик. Во центарот може да се искористат бесплатни психо – социјални и правни услуги за […]

  • Работен состанок со матичниот гинеколог на ПЗУ „Мајка Б&M“

    На 11.09.2024 тимот на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари одржа работен состанок со д-р Ламбе Крстевски матичниот гинеколог на ПЗУ „Мајка Б&M“ која е лоцирана во Поликлиниката- Шуто Оризари. Се дискутираше за тековниот проект кој започна на 01.09.2024 година и е  имплементиран од Ромалитико – Институт за Истражување и Анализа насловен […]

  • Повик за понуди за експерт за воспоставување на соработка со бизнис заедници

    Проект: Центар за нудење на психо-социјална помош и поддршка за жртви на родово базирано и семејно насилство– „Иси арка“ (фаза II). Проектот има за цел да обезбеди оддржливост на Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари преку мултисекторска соработка си сите локални чинители. Здружението има за цел да го намали и превенира семејното […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор