Author: Фондација Метаморфозис

  • Пауер: Има неколку начини како да се спречи корупцијата во финансирањето на онлајн медиумите со државни пари

    Експертот Сем Пауер откри дека државното финансирање на медиумите за време на предизборната кампања не е целосно пропорционално
    РСМ, има неколку начини како да се спречи корупцијата во финансирањето на онлајн медиумите со државни пари

    Британскиот експерт за финансирање избори и предавач на Универзитетот во Бристол, Сем Пауер, денеска на брифинг со новинарите во Скопје, организиран од Фондацијата Метаморфозис и Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), ги презентираше главните наоди од проектот „Парите, медиумите и изборите во Северна Македонија, пишува Порталб.мк.
    Експертот Сем Пауер откри дека државното финансирање на медиумите за време на предизборната кампања не е целосно пропорционално. Според него, има слаб регулаторен надзор, транспарентен во теорија, но не и во пракса.
    „Во многу области Северна Македонија е усогласена со стандардите на ЕУ, но не и во случајот со индиректното државно финансирање преку платеното политичко рекламирање. Финансирањето на медиумите преку државните фондови е слично на системите на земјите како Бутан, Кенија, Перу и Тајланд“, објасни Пауер, истакнувајќи ги земјите каде рекламирањето е забрането: Бразил, Коморските Острови и Швајцарија, или земјите како Шпанија и Обединетото Кралство кои обезбедуваат бесплатно време за емитување.
    Во моментов во Северна Македонија не постои посебно тело за надзор над онлајн порталите. Затоа, Пауер смета дека, ако им дадеме на луѓето можност да се однесуваат коруптивно, не треба да се чудиме кога ќе го направат тоа.
    „Голема е веројатноста дека државните средства ќе бидат злоупотребени од политичарите во врска со онлајн порталите. Парите се суштински, но тие имаат моќ да ја искриват демократијата“, рече Пауер.
    Врз основа на неговите наоди експертот Пауер наведе 11 препораки врз основа на кои тој има за цел да ја регулира транспарентноста на финансирањето на медиумите за време на изборите:
    1. Да се разгледаат критериумите за распределба за добивање на (директна и индиректна) државна поддршка, за таа да биде поврзана со гласовите и местата обезбедени на претходните избори, во согласност со стандардите на ЕУ.
    2. Да се ​​обезбеди навремена распределба на средствата и транспарентност на методологијата за распределба на средствата и да се назначи тело одговорно за исплатите.
    3. За да се спречи етаблираните политички партии да станат премногу доминантни, официјалните емитувања (офлајн и онлајн) треба да се балансираат според ирскиот модел.
    4. Да се назначи тело (најверојатно АВМУ) за следење на активноста на онлајн порталите и обезбедување усогласеност со правилата
    5. Не треба да има заеднички одговорности за надзор и секоја организација во регулаторниот екосистем треба да има дефинирана улога во надзорот на елементите на изборното/политичкото финансирање.
    6. Консолидација и усогласување на регулаторната одговорност помеѓу АВМУ, ДКСК, ДИК и ДЗР.
    7. Градење на интегритетот на изборниот процес преку инвестирање во вистинските ресурси во регулаторниот екосистем.
    8. Препорака за градење транспарентност во политичкиот систем на Северна Македонија и ставање на располагање на плаќањата за изборни расходи во форма на лесно пребарлива и ажурирана база на податоци
    9. На подолг временски рок, спроведување на некаква форма на родово специфични мандати за тоа како партиите ги користат јавните фондови – дали со наложување одреден процент да се посвети на промовирање на жени кандидатки, со барање дел од средствата да се наменети за промовирање на жени кандидатки, или преку нудење на соодветни стимулации.
    10. Измена на Изборниот законик со цел изрично да се забрани говорот на омраза во платеното политичко рекламирање.
    11. Воведување на одредби во Законот за финансирање на политичките партии за да се обезбеди правична распределба на средствата за инклузивни кампањи.
    Потсетуваме дека Фондацијата Метаморфозис ги истражуваше јавните фондови за изборните кампањи на онлајн порталите. Истражувањето е спроведено на 30 избрани онлајн информативни портали, што е повеќе од 10% од вкупниот број на регистрираните веб-страни (251) до Државната изборна комисија за платено политичко рекламирање. Во периодот од 15 април до 10 мај 2024 година предмет на мониторинг биле вкупно 13.645 написи за изборите.
    Истражувањето покажа дека повеќето од мониторираните портали биле фокусирани на главните парламентарни партии/коалиции, додека пак известувањето за помалите партии било ограничено.
    Наодите од истражувањето укажуваат дека системот на директно државно финансирање на онлајн информативните портали може да се преиспита или, доколку остане таков каков што е, во законодавството треба да се воведат јасни и објективни критериуми за да може да се гарантира транспарентност и одговорност, како на пример во одредувањето на подобноста на информациите на онлајн информативните портали, како и во користењето на државните пари за платено политичко рекламирање.
    Во истражувањето се препорачува и зајакнување на професионалните стандарди за новинарите преку поддршка за истражувачкото и аналитичкото известување преку специјализирани програми за обука на новинарите за напредни истражувачки вештини, етички упатства и најдобри практики во истражувачкото новинарство.
    Преземено од Мета.мк

  • Повик за доставување на понуди за мониторирање на отвореноста на извршната и законодавната власт во Република Северна Македонија преку Индексот на отвореност

    Во рамки на проектот „Користење на технологија за промовирање на институционална отчетност и транспарентност“ финансиран од Националниот фонд за демократија, Фондација Метаморфозис објавува повик за доставување на понуди за мониторирање на отвореноста на извршната и законодавната власт во Република Северна Македонија преку Индексот на отвореност.
    Предмет на набавката е мониторирање на отвореноста на извршната и законодавната власт во Република Северна Македонија преку Индексот на отвореност. Целта на мониторирањето е утврдување на почитувањето на принципите на отвореност на извршната и законодавната власт во Република Северна Македонија преку методологијата на Индексот на отвореност.
    Целосниот повик, заедно со сите детали, условите и начинот на пријавување, можете да го најдете во продолжение: Повик за понуди
    Формуларот за финансиска понуда можете да го најдете на овој линк: Прилог 1.
    Сите барања за појаснувања на тендерската документација може да се испратат на е-пошта: mila@metamorphosis.org.mk, најдоцна до 23.01.2025 година.

  • Граѓански организации и медиуми беа дел од работилницата „Што претставува и зошто е важен Законот за дигитални услуги на ЕУ?“

    На 16 јануари 2025 година, во Скопје, во организација на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, се одржа работилницата „Што претставува и зошто е важен Законот за дигитални услуги на ЕУ?“, наменета за граѓански организации и медиуми, а во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“.

    фото: Мета.мк
    Во Западен Балкан, усогласувањето со Законот за дигитални услуги (Digital Services Act – DSA) на Европската Унија е клучно за создавање побезбеден онлајн простор. Земјите веќе работат на усогласувањето, а владите, граѓанскиот сектор и технолошките компании мора да соработуваат за да изградат регионален пристап кој ги зајакнува дигиталните права и ги почитува демократските вредности.
    Говорничките Данче Даниловска-Бајдевска, директор на програми во Фондација Метаморфозис и Деспина Ковачевска, медиа мониторинг специјалист, дадоа преглед на европскиот Закон за дигитални услови, зборуваа за неговата улога во заштитата на фундаменталните права и борбата против говорот на омраза и дезинформациите, но и за влијанието на законот на граѓанските организации и медиумите.

    фото: Мета.мк
    фото: Мета.мк

    „Станува збор за сет на правила кои ги штитат корисниците, го поттикнуваат демократскиот напредок и ја зајакнуваат довербата во дигиталните услуги. Со овој закон, Европската Унија поставува глобален стандард за праведен и сигурен интернет за сите. Според некои политичари во Брисел, DSA ќе внесе ред во дигиталниот ‘Див Запад’. Затоа е важно да се разбере што содржи овој закон на ЕУ“, истакнаа говорничките на работилницата. На настанот беа презентирани и наодите од анализата за влијанието на Законот за дигитални услуги на ЕУ на правната рамка во Северна Македонија.
    Според анализата, најзначајниот национален документ што го појаснува усогласувањето на националното законодавство со регулативите и политиките на ЕУ е Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА).

    За усогласување со DSA, сепак, ќе биде потребна координирана работа на неколку министерства и усогласување на повеќе македонски закони, како законите за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за медиуми, за електронски комуникации, за заштита на личните податоци, за електронска трговија, за спречување и заштита од дискриминација и многу други.
    Проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“ има за цел да ги унапреди стандардите за дигитални права во регионот на Западен Балкан и да придонесе за негова успешна интеграција во единствениот дигитален пазар. Оваа иницијатива претставува заеднички напор за справување со нееднаквите стандарди за дигитални права во земјите од Западен Балкан преку пристап на вклучување на повеќе засегнати страни за да се постигнат значајни промени. Проектот е финансиран од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, а го спроведуваат Партнери Србија (Србија), Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Зошто не? (Босна и Херцеговина), НВО 35 mm (Црна Гора), Women in TechKosovo (Косово) и Институт за демократија и медијација (Албанија).

  • Отворено писмо до Марк Закерберг од проверувачите на факти низ светот

    Меѓународната мрежа за проверка на факти (International Fact-Checking Network) објави отворено писмо до Марк Закерберг, сопственикот на технолошката компанија „Мета“ од која дел се социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Тредс, а во врска со неодамнешната изјава на Закерберг дека ќе ја укине програмата за проверка на факти во САД.
    Во писмото, Мрежата потсетува дека целта на програмата, во која учествуваат независни и строго проверени организации, е да ја намали видливоста на невистинитите содржини без да ги цензурира. Според новинарите, ваквиот пристап придонесе корисниците да имаат посигурни информации, што е во согласност со основните вредности на слободата на говорот.
    Во реакцијата се додава дека укинувањето на програмата може да го зголеми ширењето на дезинформации, особено во политички чувствителни моменти.
    „Вашите коментари сугерираат дека проверувачите на факти биле одговорни за цензурата, иако Мета никогаш не им даде овластување да отстрануваат содржини или профили. Луѓето онлајн често ги обвинуваа и малтретираа проверувачите на факти за постапките на Мета. Вашите неодамнешни коментари несомнено ќе ги поттикнат ваквите перцепции. Но, реалноста е дека вработените во Мета одлучуваа дали содржината, која проверувачите ја означиле како лажна, треба да биде со намален досег или да биде етикетирана“, стои во писмото.
    Фондацијата Метаморфозис е потписник на писмото и е дел од Меѓународната мрежа за проверка на факти.
    Отвореното писмо го пренесуваме во целост:

    Почитуван г. Закерберг,
    Пред девет години, ви пишавме за реалните штети предизвикани од лажни информации на Фејсбук. Како одговор, Мета создаде програма за проверка на факти која помогна да се заштитат милиони корисници од измами и теории на заговор. Оваа недела, објавивте дека ќе ја укинете програмата во Соединетите Американски Држави поради загриженост за „преголема цензура“ – одлука која го загрозува речиси деценискиот напредок во промовирањето на точни информации онлајн.
    Програмата која започна во 2016 година беше значаен чекор напред во поттикнувањето на фактичката точност онлајн. Им помогна на луѓето да имаат позитивно искуство на Фејсбук, Инстаграм и Тредс, намалувајќи го ширењето на лажни и манипулативни информации во нивните содржини. Ние веруваме – а и податоците покажуваат – дека повеќето луѓе на социјалните мрежи бараат доверливи информации за да донесат одлуки за своите животи и да имаат добри интеракции со своите пријатели и семејства. Целта беше да се информираат корисниците за лажни информации за да се успори нивното ширење, без да се цензурираат. Проверувачите на факти силно ја поддржуваат слободата на изразување и тоа го кажавме неколку пати, вклучително и во минатогодишното Сараевско соопштение. Слободата да се каже зошто нешто не е вистина е исто така слобода на говор.
    Но, вие велите дека програмата станала „алатка за цензура“ и дека „проверувачите на факти биле премногу политички пристрасни и уништиле повеќе доверба отколку што создале, особено во САД“. Ова е неточно, и сакаме да појасниме, и во денешниот контекст и за историски записи.
    Мета бараше сите партнери за проверка на факти да ги исполнуваат строгите стандарди за непристрасност преку верификација од страна на Меѓународната мрежа за проверка на факти. Ова значеше дека не смеат да имаат никакви врски со политички партии или кандидати, ниту пак да се залагаат за политики, и дека мораат да се придржуваат до непристрасност и транспарентност. Секој медиум годишно подлежеше на ригорозна верификација, вклучувајќи независна оценка и проверка од колеги. Мета доследно ги фалеше овие стандарди како ригорозни и ефикасни. Пред само една година, Мета ја прошири програмата и на Тредс.
    Вашите коментари сугерираат дека проверувачите на факти биле одговорни за цензурата, иако Мета никогаш не им даде овластување да отстрануваат содржини или профили. Луѓето онлајн често ги обвинуваа и малтретираа проверувачите на факти за постапките на Мета. Вашите неодамнешни коментари несомнено ќе ги поттикнат ваквите перцепции. Но, реалноста е дека вработените во Мета одлучуваа дали содржината која проверувачите ја означиле како лажна треба да биде со намален досег или да биде етикетирана. Неколку проверувачи низ годините ѝ предложија на Мета како да ги подобри овие етикети за да бидат помалку наметливи и да избегнат дури и изглед на цензура, но Мета никогаш не ги послуша таквите предлози. Дополнително, Мета ги изземаше политичарите и политичките кандидати од проверка како претпазлива мерка, дури и кога тие ширеа познати невистини. Проверувачите, пак, велеа дека политичарите треба да се проверуваат како и сите други.
    Низ годините, Мета обезбедуваше само ограничени информации за резултатите од програмата, иако проверувачите и независните истражувачи постојано бараа повеќе податоци. Но, од она што можевме да го видиме, програмата беше ефективна. Истражувањата покажаа дека етикетите за проверка на факти го намалуваа верувањето и споделувањето на лажни информации. И во вашето сопствено сведочење пред Конгресот, се фалевте за „водечката програма за проверка на факти во индустријата“ на Мета.
    Рековте дека планирате да започнете програма „Белешки на заедницата“ (Community Notes) слична на онаа на X. Ние не веруваме дека ваквиот тип програма ќе резултира со позитивно корисничко искуство, како што впрочем покажува X. Истражувањата покажуваат дека многу „Белешки на заедницата“ никогаш не се прикажуваат, бидејќи зависат од широка политичка согласност наместо од стандарди и докази за точност. И покрај тоа, нема причина зошто „Белешките на заедницата“ не би можеле да коегзистираат со програмата за проверка на факти од трети страни; тие не се меѓусебно исклучиви. Моделот „Белешки на заедницата“ кој работи во соработка со професионалните проверувачи на факти би имал силен потенцијал како нов модел за промовирање точни информации. Потребата за ова е голема: ако луѓето веруваат дека социјалните мрежи се полни со измами и манипулации, нема да сакаат да поминуваат време таму или да прават бизнис на нив.
    Ова нè доведува до политичкиот контекст во Соединетите Држави. Тајмингот на вашето соопштение дојде по потврдата на изборната победа на Доналд Трамп и како дел од поширокиот одговор од технолошката индустрија на новата администрација. Самиот г. Трамп рече дека вашето соопштение „веројатно“ е одговор на заканите што ги упати против вас. Некои од новинарите, кои се дел од нашата заедница на проверувачи на факти, се соочија со слични закани од владите во земјите каде што работат, па разбираме колку е тешко човек да се спротивстави на овој притисок.
    Планот за укинување на програмата за проверка на факти во 2025 година засега важи само за Соединетите Држави. Но, Мета има слични програми во повеќе од 100 земји кои се многу различни, во различни фази на демократија и развој. Некои од овие земји се особено ранливи на дезинформации што поттикнуваат политичка нестабилност, мешање во избори, насилство на толпата, па дури и геноцид. Ако Мета одлучи да ја укине програмата на глобално ниво, тоа речиси сигурно ќе резултира со реални штети на многу места.
    Овој момент ја нагласува потребата за повеќе финансии за новинарството во служба на јавниот интерес. Проверката на факти е од суштинско значење за одржување на заедничката реалност и дискусија базирана на докази – и во Соединетите Држави и на глобално ниво. Филантропскиот сектор има можност да го зголеми својот придонес во новинарството во критично време.
    Најважно, веруваме дека одлуката да се укине програмата за проверка на факти од трети страни од страна на Мета е чекор назад за оние кои сакаат да видат интернет кој дава приоритет на точни и доверливи информации. Се надеваме дека во годините што следат на некој начин ќе можеме да го надоместиме овој изгубен напредок. Ние остануваме подготвени повторно да соработуваме со Мета или со која било друга технолошка платформа која е заинтересирана да ја ангажира проверката на факти како алатка за да им обезбеди на луѓето информации што им се потребни за да донесуваат информирани одлуки за нивните секојдневни животи.
    Пристапот до вистината ја зајакнува слободата на говорот, овозможувајќи им на заедниците да ги усогласат своите избори со своите вредности. Како новинари, остануваме посветени на слободата на печатот, осигурувајќи дека потрагата по вистината ќе продолжи да биде темел на демократијата.

    Со почит,

    15min – Литванија
    AAP FactCheck – Австралија
    AFP – Франција
    AkhbarMeter Media Observatory – Египет
    Animal Político-El Sabueso – Мексико
    Annie Lab – Хонгконг
    Aos Fatos – Бразил
    Beam Reports – Судан
    BOOM – Индија
    Check Your Fact – САД
    Chequeado –Аргентина
    Civilnet.am – Ерменија
    Colombiacheck – Колумбија
    Congo Check – Конго, ДР Конго, Централноафриканска Република
    Doğruluk Payı – Турција
    Dubawa – Нигерија
    Ecuador Chequea – Еквадор
    Ellinika Hoaxes – Грција
    Estadão Verifica – Бразил
    FactCheckHub – Нигерија
    Fact-Check Cyprus – Кипар
    FactCheck.org – САД
    FactCheckNI – Северна Ирска
    Factcheck.Vlaanderen – Белгија
    Factchequeado – САД
    Factly – Индија
    FactReview – Грција
    Factnameh – Иран
    Faktisk.no – Норвешка
    Faktograf – Хрватска
    Fakt Yoxla – Азербејџан
    Fatabyyano – Јордан
    Full Fact – Обединетото Кралство
    Greece Fact Check – Грција
    Gwara Media – Украина
    Internews Kosova KALLXO – Косово
    Istinomer – Србија
    Källkritikbyrån – Шведска
    KOMPAS.com – Индонезија
    La Silla Vacía – Колумбија
    Lead Stories – САД
    Les Surligneurs – Франција
    Lupa – Бразил
    Mafindo – Индонезија
    Mala Espina – Чиле
    MediaWise – САД
    Metamorphosis – Северна Македонија
    MyGoPen – Тајван
    Myth Detector – Грузија
    Newschecker – Индија
    Newtral – Шпанија
    Observador – Португалија
    Open – Италија
    Pagella Politica / Facta news – Италија
    Polígrafo – Португалија
    PolitiFact – САД
    Pravda – Полска
    PressOne.PH – Филипини
    Probe – Филипини
    Rappler – Филипини
    RMIT Lookout – Австралија
    Snopes – САД
    Taiwan FactCheck Center – Тајван
    Tech4Peace – Ирак
    Telugu Post – Индија
    The Stage Media-Liberia– Либерија
    Tirto.id – Индонезија
    The Journal FactCheck – Ирска
    The Logical Indian – Индија
    VERA Files – Филипини
    Verify – Сирија

  • Проверката на факти е ефикасна во борбата против дезинформациите и таа не е цензура

    Поврзувањето на проверката на фактите со цензурата е штетно бидејќи таквите лажни тврдења се една од движечките сили зад вознемирувањето и нападите врз проверувачите на факти, соопшти ЕФЦСН

    Европската мрежа за стандарди за проверка на факти (ЕФЦСН) е разочарана од одлуката на „Мета“ да ја прекине својата програма за проверка на факти почнувајќи од САД и притоа силно ги осудува изјавите на извршниот директор кои ја поврзуваат проверката на фактите со цензурата, наведено е во нивната реакција по најавите на Марк Закерберг дека ја прекинува употребата на независна проверка на фактите на своите платформи, почнувајќи од САД.
    „Ова повеќе изгледа како политички мотивиран потег направен во контекст на идната администрација на Доналд Трамп во САД отколку на одлука заснована на докази“, изјави Клара Хименез Круз, претседателка на ЕФЦСН.
    Мрежата ја охрабрува Европската Унија да се спротистави на политичкиот притисок и да не дозволи тој да ги наруши нејзините напори за справување со ширењето на дезинформации на големите онлајн платформи. Како што потенцираат оттаму, проверката на факти не е цензура и таа дава контекст и факти за секој граѓанин врз основа на кои потоа самиот си одлучува. Проверката на фактите е докажана како ефикасна во борбата против дезинформациите.
    „Поистоветувањето на проверката на фактите со цензурата е лажно и злонамерно тврдење. Проверувачите на факти не „цензурираат“ никого. Нашите членови истражуваат и објавуваат докази за потенцијално лажни тврдења. Отсекогаш била одлука на „Мета“ што да прави со етикетата за проверка на факти за содржината, а не наша“, наведено е во соопштението на ЕФЦСН.
    Oттаму потсетуваат на изјавата на Закерберг, кој вели: „Проверувачите на факти едноставно беа премногу политички пристрасни и уништија повеќе доверба отколку што создадоа“.
    „Ова е лага. Проверувачите на факти се водат според највисоките новинарски стандарди за непристрасно известување, транспарентност, интегритет и одговорност, при што организациите како ЕФЦСН ги поддржуваат овие стандарди преку независно спроведена ревизија. Поврзувањето на проверката на фактите со цензурата е штетно бидејќи таквите лажни тврдења се една од движечките сили зад вознемирувањето и нападите врз проверувачите на факти. Дополнително, овие тврдења може само да го влошат и онака горливото прашање кое влијае врз проверувачите на факти ширум светот“, се додава во соопштението.
    Со оглед на тоа што неколку европски земји се упатуваат кон изборите во 2025 година, платформите кои се повлекуваат од борбата против погрешните и дезинформациите дозволуваат, па дури и потенцијално повикуваат мешање во изборите, особено од странски актери. Особено ЕУ мора да застане цврсто во спроведувањето на сопствените закони, дури и наспроти притисокот од другите земји.
    Што велат фактите (и Мета) за влијанието на програмата за проверка на факти

    Од ЕФЦСН потенцираат дека во соопштението од Мета, исто така, се изедначува со цензура системот за означување на проверени дезинформации, наведувајќи дека „Програмата наменета за информирање премногу често стана алатка за цензурирање“.
    „Ова е всушност спротивно од функционирањето на системот за означување. Означувањето на дезинформациите им овозможува на корисниците сами да донесат информирана одлука за тоа која содржина ќе ја споделат или ќе коментираат“, велат од ЕФЦСН.
    Всушност, како што се додава, само минатата година пред парламентарните избори во ЕУ, Мета ја нагласи ефективноста на својот систем за означување, наведувајќи: „Помеѓу јули и декември 2023 година, на пример, над 68 милиони содржини прегледани во ЕУ на Фејсбук и Инстаграм имаа ознаки за проверка на факти. Кога е ставена ознака за проверка на факти, 95% од луѓето не кликнуваат за да ја видат“.
    Мета, исто така, претходно ја прослави својата Програма за проверка на факти од трети страни како успешна и корисна за корисниците, наведувајќи: „Знаеме дека оваа програма функционира и луѓето гледаат вредност во ознаките за предупредување што ги прикажуваме на содржините откако партнерот за проверка на факти ќе го оцени”.
    Во најновото соопштение, извршниот директор на Мета алудира на „премногу грешки и премногу цензура“; но најновиот извештај на Мета за транспарентност според DSA, покажува дека грешките во проверените содржини влијаеле само на 3,15 отсто од вкупните поплаки за деградирање на Facebook.
    Понатаму, од ЕФЦСН посочуваат дека моделот на Забелешки на заедницата (Community Notes) предложен како алтернатива на Програмата за проверка на факти од трети страни, исто така, има слабости.
    „Забелешките на заедницата може да се најкорисни во спротивставувањето на лажните тврдења кога се засноваат на соодветна експертиза и работа за проверка на факти. Во контекст на изборите во САД во 2024 година, Појнтер објави дека Забелешките на заедницата на X во најдобар случај имале исклучително маргинален ефект во борбата против изборните дезинформации. Од друга истрага, организацијата членка на ЕФЦСН. Science Feedback откри дека повеќето од содржините на X (поранешен Твитер) за кои проверувачите на факти утврдиле дека се лажни или погрешни, немале видливи знаци дека биле модерирани“, се вели во соопштението на ЕФЦСН.
    Европската мрежа за стандарди за проверка на факти е здружение на организации за проверка на факти кои се обврзуваат на стандардите за независност, транспарентност и новинарски квалитет наведени во Европскиот кодекс на стандарди за независни организации за проверка на факти. Со над 50 потврдени членови низ Европа, ЕФЦСН е гласот на европските проверувачи на факти. Фондацијата Метаморфозис е еден од основачите и членка на ЕФЦСН која целосно ги исполнува пропишаните стандарди.

  • Работилница за граѓански организации и медиуми „Што претставува и зошто е важен Законот за дигитални услуги (Digital Services Act) на ЕУ?“

    Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, организира работилница „Што претставува и зошто е важен Законот за дигитални услуги (Digital Services Act) на ЕУ?“ наменета за граѓански организации и медиуми, што ќе се одржи на 20 декември 2024 година (петок), со почеток во 10 часот, во Јавна соба (Kids Room).
    Оваа работилница има за цел да ја доближи до граѓанските организации и медиумите во Северна Македонија важноста на усогласувањето на македонското законодавство со Законот за дигитални услуги на Европската Унија чија цел е да спречи незаконски и штетни активности на интернет, како и ширење на дезинформации, притоа обезбедувајќи безбедност на корисниците, заштита на фундаменталните права и создавање на фер и отворена средина за онлајн платформите.
    Во рамките на работилницата ќе бидат презентирани и наодите од анализата за регулаторната и институционалната подготвеност на Северна Македонија за усогласување со Законот за дигитални услуги на ЕУ.
    Нацрт-агендата за работилницата е достапна тука
    Доколку сте заинтересирани да бидете дел од оваа работилница а доаѓате од граѓанска организација или медиум, регистрирајте се на следниов линк: https://forms.gle/abqi3jNx2G2zqvTv6
    Работилницата се реализира во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“ кој има за цел да ги унапреди стандардите за дигитални права во регионот на Западен Балкан и да придонесе за негова успешна интеграција во единствениот дигитален пазар. Оваа иницијатива претставува заеднички напор за справување со нееднаквите стандарди за дигитални права во земјите од Западен Балкан преку пристап на вклучување на повеќе засегнати страни за да се постигнат значајни промени. Со искористување на спроведеното истражување како основа и вклучување на различни засегнати страни, се стремиме да го отвориме патот за успешна интеграција на регионот во дигиталната економија, истовремено зачувувајќи ги фундаменталните права во дигиталната сфера. Проектот е финансиран од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, а го спроведуваат Партнери Србија (Србија), Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Зошто не? (Босна и Херцеговина), НВО 35 mm (Црна Гора), Women in Tech Kosovo (Косово) и Институт за демократија и медијација (Албанија)

  • Антикорупциската платформа бара веднаш да се стопира иницијативата за измена на Законот за јавните набавки по скратена постапка

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена и дополнување на Законот за јавните набавки, поднесен во Собранието по скратена постапка на 5 декември 2024 година, од група пратеници. Предложените законски измени со кои се укинува управната контрола на јавните набавки што ја спроведува Бирото за јавни […]
    The post Антикорупциската платформа бара веднаш да се стопира иницијативата за измена на Законот за јавните набавки по скратена постапка first appeared on Metamorphosis.

  • Коментари на Предлог измените на Законот за медиуми

    Придонес на Метаморфозис, Новинска агенција Мета.мк, Порталб и Вистиномер кон Предлог измените на Законот за медиуми Во насока на одржување конструктивна дискусија и учество во консултативниот процес, а земени предвид искуството и работата на Фондацијата Метаморфозис, Новинската агенција Мета.мк, Порталб и Вистиномер, во рок преку ЕНЕР беа доставени предлозите за дополнување на Предлог Законот за […]
    The post Коментари на Предлог измените на Законот за медиуми first appeared on Metamorphosis.

  • Мегафон: годишна конференција за активисти и граѓански организации

    Мегафон е годишен меѓународен настан кој го организира TechSoup Global како простор за дискусии и учење со цел да се поттикнат нови идеи меѓу активисти, групи за акции и невладини организации од Централна и Источна Европа, Централна Азија и Кавказот, кои работат во полето на градење позитивни наративи и спречување на дезинформации. Оваа година, настанот […]
    The post Мегафон: годишна конференција за активисти и граѓански организации first appeared on Metamorphosis.

  • Промовирана „Листа за самоевалуација за отвореност на единиците на локална самоуправа“

    Отвореноста на единиците на локална самоуправа кон граѓаните е клучна за добро управување на локално ниво, бидејќи поттикнува транспарентност, отчетност и активно учество на граѓаните, што води кон поефикасно и одговорно носење одлуки. Ваквата транспарентност е од особена важност во борбата против корупцијата, бидејќи овозможува јавен надзор и го намалува просторот за злоупотреби и за […]
    The post Промовирана „Листа за самоевалуација за отвореност на единиците на локална самоуправа“ first appeared on Metamorphosis.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор