Mm

Метаморфозис објавува конкурс за годишна награда ИЛИЈА ЖУПАНОСКИ

Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“, втора година по ред, објавува

КОНКУРС

За годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата.

Ќе бидат доделени две годишни награди во следните категории:

А. Најдобар новинарски труд, односно стручен труд подготвен од граѓански организации и поединци кој може да се однесува на:

  • комплексни проверки на факти заради разоткривање на раширени дезинформации во јавниот дискурс;
  • проверки на факти со цел разоткривање серии од слични или тематски блиски дезинформации во јавниот дискурс;
  • анализи за проблемот со дезинформациите или на тематски или други сегменти од оваа појава со препораки за негово надминување;
  • анализи за идните трендови од областа на дезинформациите и очекувањата за можните дезинформациски видови и трендови во иднина (pre-bunking);
  • стручни/аналитички трудови/истражувања наоди кои го унапредуваат справувањето со дезинформациите;
  • истражувачки стории за потеклото и/или движењето/ширењето на дезинформациите низ јавната сфера и последиците од нив;
  • анализи за последиците предизвикани од високо штетни дезинформации и идните очекувани штети од нив;
  • детекција на дезинформациски наративи и акции присутни во регионот и Европа кои имаат домет (или тенденција да достигнат домет) да нанесат штета во Северна Македонија; и
  • други стручни и новинарски трудови од областа на справувањето со дезинформациите.

Б. Едукативна мултимедијална содржина подготвена за млади од 18 до 28 г., каде што на креативен и иновативен начин се употребени информациско-комуникациските технологии, со цел да допрат до младите и да ги едуцираат да се јакне отпорноста од дезинформациите.

Право на учество имаат сите оние кои што авторски (поединечно или групно) го создале и објавиле материјалот (од категориите под А. и Б. наведени во Конкурсот) во весник, на телевизија или на интернет-портали (онлајн медиуми) во периодот од 1 ноември 2024г. до 1 октомври 2025г.

На конкурсот, авторите може да се пријават и со серија на содржини кои се меѓусебно поврзани, но се однесуваат на една конкретна тема. Авторот со пријавувањето на Конкурсот е согласен дека неговиот труд ќе биде ре-објавен во Зборник, кој е посебно електронско издание кое може да го подготви Метаморфозис, по завршувањето на Конкурсот.

Пријавените материјали ќе ги разгледува комисија од релевантни претставници на медиумската и на јавната сфера.

При оценувањето на материјалите предност ќе имаат оние материјали кои:

  • Се однесуваат на дезинформации кои имаат висок капацитет за нанесување на штети во општеството;
  • Разоткриваат дезинформации кои се однесуваат на широкиот јавен интерес, односно засегаат голем број граѓани на Република Северна Македонија;
  • Ги зголемуваат сознанијата или доаѓаат до нови сознанија за проблемот со појавата на дезинформациите и нудат решенија за справување со проблемот; и
  • Имаат креативен, современ, ефективен и иновативен пристап во презентацијата на наодите до широката јавност.

Конкурсот е отворен до 1 октомври 2025 година. Пријавите треба да се поднесуваат на info@metamorphosis.org.mk со назнака: За годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата.

Наградата за првата категорија Најдобар новинарски, односно стручен труд“ изнесува 2.000 евра во денарска противвредност.

Наградата за втората категорија „Едукативна мултимедијална содржина подготвена за млади од 18 до 28 г.“ изнесува 1.000 евра во денарска противвредност.

На Конкурсот немаат право на учество вработените во Метаморфозис. Исто така, на Конкурсот немаат право на учество надворешните соработници на Метаморфозис со материјали кои биле/се подготвени и објавени во рамките на проектите кои ги спроведува Метаморфозис.

Пријавата се состои од:

Пополнет формулар за соодветната категорија (достапни во прилог).

А формулар за аплицирање

Б формулар за аплицирање

За дополнителни информации и прашања, контактирајте нѐ преку е-пошта на info@metamorphosis.org.mk со назнака: „Годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата“ најдоцна до 1 септември 2025 година.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

  • #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas

    #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија во изданијата на Civica Mobilitas и Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС пред крајот на 2025.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas first appeared on Finance Think.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas appeared first on Finance Think.

  • Нова Студија за политиките 57!

    Нова Студија за политиките Анализираме како јавните финансии се претвораат (или не) во подобри исходи во образованието и здравството во шест земји од Западен Балкан, користејќи панел податоци за периодот 2006–2020 и CMP методологија. Клучни наоди: • Не е доволно колку трошиме — важно е како трошиме: подоброто извршување на буџетот е клучниот канал преку […]
    The post Нова Студија за политиките 57! first appeared on Finance Think.
    The post Нова Студија за политиките 57! appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор