Author: lorik

77777

Новогодишната кошничка како ПР мерка или реално намалување на цените

Извор: Eduardo Soares / Unsplash
Успеваат ли мерките за намалување на инфлацијата да им ја поевтинат живејачката на граѓаните
Авторка: Бранкица Несторовска
„Секојдневниот живот стана луксуз. Дефинитивно не ни требаат краткорочни кошнички. Потребни ни се повисоки плати“. Вака Никола од Кавадарци ја коментира неодамна завршената акција „новогодишна кошничка” со која требаше да се намалат цените на основните продукти за граѓаните и со тоа да им се помогне за новогодишните и божиќните празници да заштедат при набавките на храна и пијалоци. Тој смета дека краткорочните мерки, како новогодишната кошничка, не се доволни за да ги решат вистинските проблеми на граѓаните.
За Жанета од Скопје, акцијата била типична политичка манипулација и таа со скептицизам гледа на ваквите мерки. Незадоволство од мерката има и кај пензионерите. Велешанката Нада пак е на став дека мерката не била доволна ако се земат предвид ниските пензии.
„Цените се стандардно високи, а пензиите не се доволни да ги покријат трошоците до крајот на месецот”, вели Нада.
„Помалку трошоци, повеќе за тебе“
Новогодишната потрошувачка кошничка беше акција предложена од бизнис заедницата за намалување на цените на одделни прехранбени производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци во период од еден месец. Мерката опфаќаше основни прехранбени производи од различни групи како што се: леб и житарки, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, овошје и зеленчук, безалкохолни и алкохолни пијалоци. Тие се нудеа под мотото: „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.
Но многумина сметаат дека граѓаните не добија ниту помалку трошоци, ниту повеќе за себе. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека акцијата ни од далеку не ја исполнила својата цел.
„Загрижува тоа што трговците повторно го искористија периодот пред стапување на сила на последната акција и евидентно ги зголемија цените, па така наместо да бидат намалени за најмалку 10%, цените на производите останаа на исто ниво“, велат од Сојуз на синдикати на Македонија.
Дополнително, наведуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошница во делот на храна и пијалоци за месец јануари 2025 година изнесува 23.198 денари, односно е зголемена за 123 денари, споредено со месец декември, кога и стартуваше акцијата. Од јануари 2024 до јануари 2025 година минималната потрошувачка кошница за граѓаните се зголемила за 100 евра, а само за да ги задоволи основните потреби за храна и пијалоци едно четиричлено семејство треба да издвои 2.191 денар повеќе од лани.Ќе има ли велигденска и рамазанска кошничка?
Од успехот на новогодишната кошничка пак зависи дали ќе има велигденска и рамазанска кошничка или владата ќе примени други мерки за намалување на цените. Засега од владата се задоволни како поминала акција и ја прогласија за успешна, иако Државниот завод за статистика објави дека цените во декември се намалиле за само 0,3 проценти, споредено со месецот претходно, што е далеку под очекуваното од страна на владата како краен ефект од акцијата. Притоа инфлацијата во месец декември, според Државниот завод за статистика, изнесува 4,4 проценти.
Успешноста на акцијата од Министерството за економија и труд велат дека се гледа во тоа што во неа биле вклучени 1.178 производи од 96 производители и дистрибутери, а се применувала во 762 продажни места во 51 маркет.
Но, од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) сметаат дека со оглед на тоа што новогодишната кошничка не довела до намалување на цените на производите за 10 проценти како што беше најавено од страна на стопанствениците, не може да се верува на добрата волја и свесност на трговците дека во иднина доброволно ќе ги намалат цените на производите како што ветуваат.
Од ССМ бараат владата да воведе мерки за зачувување на животниот стандард на граѓаните и работниците, но без најава за трговците, за да не можат истите да ги зголемуваат цените на производите пред почетокот на мерките и да прават злоупотреби на грбот на граѓаните и работниците.
„ССМ предлага ваквите мерки да траат подолг временски период за да можат работниците и граѓаните да ги почувствуваат ефектите од истите“, наведуваат од Сојуз на синдикати на Македонија.Извор: Franki Chamaki / Unsplash
Нема податоци од Пазарниот инспекторат дали бизнисите ја почитувале акцијата
Од Државниот пазарен инспекторат засега не даваат информации за евентуални злоупотреби од страна на трговците, изречени санкции и други мерки, со оглед на тоа дека пазарните инспектори беа на терен и вршеа контроли, за да утврдат како се движат цените на основните прехранбени производи во текот на акцијата. Контролите беа спроведувани и кај добавувачите и кај производителите и маркетите, со цел да се утврди дали постои нелогично зголемување на цените кај одредени производи.
Народната банка против инфлацијата
Растечката инфлација во земјата се најде и во последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата кон ЕУ.
„Политичкиот микс не ги адресираше целосно предизвиците предизвикани од високата инфлација“, стои во Извештајот на Европската комисија за 2024 година.
Во Извештајот се наведува дека за да ја ограничи инфлацијата, како и да ја поддржи денаризацијата, Народната банка ја зголемила основната каматна стапка, повлекла ликвидност и ги прилагодила задолжителните резерви на диференцирана основа за депозитите во домашна и странска валута.
„Земјата сè уште нема доставено никакви податоци за цените на услугите до Евростат. Северна Македонија треба целосно да се усогласи со новите барања во областа на бизнис статистиката“, се констатира во Извештајот.
Програма за економски реформи 2024 – 2026
Програмата за економски реформи 2024-2026 е дел од процесот на Поедноставен европски семестар за земјите кандидати, инспириран од Европскиот семестар за земјите членки на ЕУ. Процесот воведен со Стратегијата за проширување во 2013 година, подразбира подобрување на економското управување и координацијата на економските политики, со цел обезбедување долгорочен економски раст и конкурентност согласно барањата од Копенхашките критериуми за членство во ЕУПрограмата објавена во јануари 2024 наведува дека ризиците за финансиската стабилност на секторот домаќинства, засега, се ограничени, во услови на раст на расположливиот доход, што придонесува за задржување солидна способност за редовно намирување на обврските.
„Долгот на домаќинствата расте забавено, и е сѐ уште во умерени рамки и под меѓународните прагови за ранливост”, се наведува во Програмата.
Според податоците од Програмата, инфлацијата бележи свој раст уште од крајот на 2021 и во текот на 2022 година, кога дошло до забрзување на стапката на инфлација во домашната економија, главно условено од засилениот раст на увозните цени, особено кај храната и енергијата.
Поголемо домашно производство, помали царини
Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Трајан Ангелоски, смета дека мерката новогодишната кошничка не била злоупотребена од трговците и оти во одреден дел успеала да ги ублажи ефектите од инфлацијата, особено кај производите кои новогодишната кошничка ги опфаќала.
Законот за нефер трговски практики, според Ангелоски, би требало да има позитивно влијание во делот на стабилизација на цените и обезбедувањето фер услови за сите учесници на пазарот. „Како ќе се спроведе ќе зависи од тие што ќе го спроведуваат, а тоа се надлежните институции“, вели Ангелоски.
Во однос на долгорочните мерки кои би обезбедиле одржливо справување со инфлацијата, Ангелоски смета дека клучот е во зголемувањето на домашното производство и намалување на царините за увоз на прехранбените производи кои не можеме, самите како земја, да ги произведеме.
„Доколку сметаме дека цените се повисоки во маркетите, треба да се насочиме кон поефикасни мерки за набавка на истите производи, а тоа се: онлајн шопингот, набавка од интернет продавници“, вели Ангелоски, првиот човек на ССК.
Тој смета дека е очекувано вакви начини да понудат пониски цени, согласно пониските трошоци, за разлика од цените во маркетите кои во голема мера се диктирани и од повисоките трошоци при пласирањето на производите на пазарот.
Високите цени предизвикаа бран на протести во регионот
Во Европската унија Хрватска е една од трите земји со најголема инфлација, односно таа во Хрватска изнесува 4 проценти, во Унгарија 4,8 и во Романија 5,5 проценти.
Токму поради тоа на крајот од јануари трговските синџири, бензинските пумпи и продавниците во Хрватска се соочија со бојкот, инициран од постојаното зголемување на цените на производите. Иницијативата била поддржана од здруженија за заштита на потрошувачи, од синдикати, политички партии, дури и од министерот за економија на Хрватска.
Податоците покажуваат дека цените во Хрватска во декември пораснале за 4,5 проценти во споредба со декември претходната година, што се смета за пик.
„Многу производи на хрватските полици се значително поскапи во однос на државите од регионот. Ова е особено неразбирливо кога станува збор за хрватски производи. Токму поради ова, граѓаните ја презедоа ситуацијата во свои раце, бидејќи видоа дека владата не може или не сака да реагира“, изјавува Кристиан Тончиќ, граѓанин на Република Хрватска.
Извор: Simon Kadula / Unsplash
Дополнително, Тончиќ вели дека во Хрватска е присутна т.н. „инфлација на алчност“, односно вели дека многу компании ги зголемувале цените далеку над растот на трошоците за производство со цел зголемување на профитот на штета на граѓаните.
„Владата презеде мерки како: лимитирање на цените на енергенсите – струја, гас, нафтени деривати, ограничување на цените на производите во продавниците само за 30 прехранбени и хигиенски производи, што никако не е доволно“, вели Тончиќ.
Акцијата за бојкот на трговците во Хрватска одекна во регионот, па бојкот се најави и во Босна и Херцеговина, Црна Гора, а и во Македонија.
Европска унија успеа да ја смири инфлацијата
На ниво на ЕУ пак, заложбите на Европската централна банка (ЕЦБ) се да се одржи ценовна стабилност и тоа преку одржување на инфлацијата од два проценти на среднорочен период. Токму стапката на инфлација од два проценти, според ЕЦБ, обезбедува стабилност на цените и ги поддржува целите на банката преку спречување на ризиците од дефлација и одржување на ефикасна монетарна политика.
Во август 2024 година инфлацијата во еврозоната значително се намали, достигнувајќи 2,2 проценти, што е најниско ниво во последните три години. Вакво намалување беше поттикнато главно од намалувањето на индексот на потрошувачките цени во Германија, како и од контролата на цените во Шпанија и во Франција. Овие две земји во 2024 година успеале да ги ограничат цените придонесувајќи кон генералното намалување на инфлацијата во еврозоната во 2024 година. За пример, во Шпанија до 30 септември лани беше воведена привремена стапка на ДДВ од нула проценти за одредени основни прехранбени производи.
Овој текст е изработен како дел од проектот „Медиумите за ЕУ“ спроведуван од ЕВРОТИНК и партнерите АЛДА и БИРС, а финансиски поддржан од ЕУ. Ставовите изразени во него се единствена одговорност на авторот и на ЕВРОТИНК и не ги одразуваат ставовите и гледиштата на Европската Унија.

2 400x211.png

Транспарентноста на македонските општини – огледало на довербата

Извор: alexis84 / Unsplash
Транспарентноста на општините во 2024 година се зголемила за пет проценти
Авторка: Бранкица Несторовска
Транспарентноста или отчетност и одговорност се во основата на секое демократско општество. Тоа е алaтка која овозможува јавноста да има увид во работата на институциите и создава доверба кај граѓаните кон институциите. Информациите за процесите на донесување одлуки, трошењето на јавните средства и начинот на работење на институциите е обврска на институциите, а право на граѓаните.
Транспарентноста има моќ да го намали ризикот од корупција, да ја зголеми отчетноста на институциите, да им овозможи на граѓаните активно да учествуваат во креирањето на политиките и претставува основа за демократски напредок на општеството.
И иако транспарентноста во Македонија неретко стои на стаклени нозе, 2024 година беше индикатор дека земјата може да направи и позитивни промени во таа област, особено општините.
Општините ја зголемиле транспарентноста
Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2024 година изнесува 80 проценти од можни 100 проценти. Во однос на лани, тоа генерално е подобрување за четири процентни поени, од 76 на 80 проценти. Споредено со 2023 година, кај министерствата нема напредок, а општините се подобриле за пет процентни поени.
Согласно податоците од Индексот на активна транспарентност 2024, за првпат лани дури пет општини и тоа: Берово, Битола, Валандово, Кавадарци и Кичево, оствариле 100 проценти активна транспарентност. Под активна транспарентност се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.Извор: Индекс на активна транспарентност 2024
Потребата од проактивно објавување информации произлегува оттаму што на тој начин се обелоденуваат информации за регулативата и за одлуките на властите, информации коишто им се потребни на граѓаните за да бараат одговорност од властите, информации коишто им се неопходни на граѓаните за да можат да учествуваат во процесот на донесувањето одлуки и информации коишто им се потребни на граѓаните за да можат да пристапуваат кон услугите што ги нудат јавните институции. Областа во која општините најчесто затајуваат со својата транспарентност се финансиите, односно транспарентноста таму им е 67 проценти од можни 100 проценти.
Една третина од општините имаат над 90 проценти активна транспарентност
За првпат, во 2024 година, откако постои Индексот на активна транспарентност од 2016 година, пет општини ги освоиле максималните 100 проценти, што значи ги објавуваат сите информации предвидени со активната транспарентност. Својата транспарентност годинава ја подобриле 52 општини, за разлика од лани кога подобрување било забележано кај 47 општини.
Дури 46 општини, споредено со 36 во 2023 година, се наоѓаат во најдобрата група на институции, онаа со „многу добра“ активна транспарентност, односно со исполнување на обврските за објавување јавни информации од 80 до 100 проценти. Од друга страна, и годинава нема ниту една општина во најниската група, онаа со „многу слаба“ активна транспарентност.
Лидери коишто својата активна транспарентност ја подобриле за повеќе од 30 проценти се општина Зелениково за 41 поен, Карбинци и Арачиново за 35 поени, додека најголемо влошување има кај општина Сопиште од 12 проценти.
Град Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, се наоѓа во групата институции со „добра“ активна транспарентност со исполнување на обврските од 60 до 80 проценти, па веќе шеста година по ред се наоѓа во групата институции со добра активна транспарентност.
Сите региони во земјава со подобрена транспарентност во 2024 годинаИзвор: Индекс на активна транспарентност 2024
Согласно прикажаните податоци, Источниот регион ја задржува лидерската позиција со 88 проценти активна транспарентност. На второто место нема промени, бидејќи таму повторно се нашол Југоисточниот регион со просечна активна транспарентност од 85 проценти. Југозападниот регион постојано се подобрува и од некогашното претпоследно место, во 2024 е на третата позиција со 82 проценти. Пелагонискиот регион е на четвртата позиција, со просечно исполнување на обврските од 80 проценти, иако некогаш беше лидер меѓу регионите. Вардарски регион пак ја задржал петтата позиција, исто како во 2023 година. Последни во транспарентноста се: Скопскиот, Полошкиот и Североисточниот регион.
Нема напредок во реформата на локалната самоуправа
Европската комисија во Извештајот за Македонија за 2024 година потенцира дека итно е потребна реформа на локалната самоуправа, а дека дијалогот меѓу различните нивоа на власт треба да се рестартира.Извор: Karl-Hendrik Tittel / Unsplash
„Новата влада треба итно и активно да го обнови дијалогот помеѓу различните нивоа на управување за да ја подобри регулаторната и финансиската рамка во согласност со програмата 2021-2026 за одржлив локален развој и децентрализација и нејзиниот акционен план за 2024-2026 година“, стои во Извештајот.
Буџетската транспарентност во Северна Македонија продолжува да биде ограничена. Во последното истражување на отворениот буџет наведена е оценка од 35, што е далеку под светскиот просек од 45. Во Извештајот се посочува дека Министерството за финансии мора дополнително да инвестира во зголемување на учеството на јавноста во секоја фаза од подготовката на буџетот, извршувањето и известувањето.
Политика на интегритет за единиците на локалната самоуправа
Политиката за интегритет на единиците на локалната самоуправа се состои од осум компоненти. Целта на оваа политика е да промовира интегритет на политичко и на административно ниво, како основа за поттикнување на етичко однесување, отпорност кон корупција, учество на граѓаните во одлучувањето за локалните потреби и поголема доверба на граѓаните во единиците на локалната самоуправа.
Една од компонентите на Политиката на интегритет е „Транспарентност, отчетност и партиципативност“ или со други зборови, единицата на локалната самоуправа треба да се залага за транспарентно работење и редовно и навремено да ја информира јавноста за својата работа преку својата интернет страница, општинскиот весник, прес-конференции, соопштенија и други алатки.
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) има надлежност да презема активности во насока на јакнење на личниот и институционалниот интегритет, па во тој контекст, од таму информираат дека заклучно со 2024 година, политиката на интегритет ја имаат потпишано 72 единици на локалната самоуправа.
Со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, пак, во изминатите две години биле спроведени работилници и обуки со градоначалниците и други овластени службени лица од општините, па следен чекор е, веќе на почетокот на 2025 година, ДКСК да изработи извештај за степенот на имплементација на системот на интегритет кој ќе биде споделен со јавноста.
„ДКСК овозможува двостепен систем на следење на примената на системот за интегритет – на ниво на самата институција и од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата“, велат од ДКСК.
Дополнително, наведуваат дека Комисијата спроведува мониторинг на примената на системот за интегритет преку софтверско решение кое овозможува пристап на сите институции потписници на Политиката на интегритет до прашалник на кој се одговора и на тој начин се обезбедуваат релевантните информации за проценка и за анализа на состојбите.
„Мониторингот на примената на системот за интегритет се спроведува еднаш годишно. Сите државни органи и институции потписници на Политиката на интегритет се обврзуваат на соработка со ДКСК овозможувајќи ѝ да го следи спроведувањето на системот за интегритет“, наведуваат од ДКСК.
Континуирана работа на мерки за подобрување на транспарентноста
Од Министерството за локална самоуправа пак информираат дека континуирано се работи на конкретни мерки за подобрување на транспарентноста на локалните самоуправи, главно со поддршка на донаторската заедница, пред сè во делот на набавка на опрема за директно пренесување на седниците на Совет, подготвувањето кодекс за транспарентност на локално ниво и сл. Од таму наведуваат дека предизвик е да се обезбеди воедначен начин на пристапност до јавните информации во сите општини, поради ограничените финансиски и човечки ресурси, особено во помалите и руралните општини.
„Сепак, има општини кои што и покрај овие ограничувања имаат напредок, пред се благодарение на ентузијазмот и подигнатата свесност дека транспарентноста која што е највидлива преку веб-страниците на општините, е многу важна во обезбедувањето средства за реализација на проекти кои што се финансирани од донаторската заедница“, велат од Министерство за локална самоуправа.
Министерството притоа ги користи наодите од редовните евалуации што ги прават граѓанските организации, но и информациите од Извештајот на Државниот завод за ревизија за квалитетот на услуги што ги даваат општините преку своите веб-портали од 2020 година, бидејќи истите се корисни во обезбедувањето поддршка на општините за зајакнување на нивните капацитети за подобрување на транспарентното работење.
Финансиите на увид на јавноста
Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021 – 2026, е седми по ред плански документ посветен на натамошниот развој на локалната самоуправа во Република Северна Македонија. Според неа, секоја општина при користење на средства од државниот буџет треба да ги прифати јасните правила за транспарентност во своето работење и ставање на увид на јавноста на сите финансиски трошоци, вклучувајќи навремено пријавување и евидентирање на сите обврски, а со тоа и јакнење на одговорноста при располагање со јавните средства. Правилниците и прирачниците за внатрешна контрола и ревизија исто така треба доследно да се применуваат.
Извор: natasaadzic / Unspash
Информациите од Индексот на активна транспарентност 2024 покажуваат дека транспарентноста на општините во делот на финансиите им е најслабата точка. Очекувањата со оваа Програма се зајакнатиот мониторинг и поефикасната внатрешна ревизија и контрола повеќекратно да го подобрат управувањето со јавните финансии и значајно да ги намалат ризиците поврзани со финансиската стабилност на општините, локалните установи и претпријатија.
Законската регулатива во обид да се заштити транспарентноста
Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа предвидува формирање на Комисија за следење на развојот на системот за финансирање на општините од страна на Владата, а по предлог на министерот за финансии, која ја следи примената на критериумите за распределба на дотациите, предлага мерки за подобрување на системот на дотации, ја следи транспарентноста на процедурите и нивна доследна реализација.
Законот за буџети пак, кој ги наведува принципите на кои треба да се базира планирањето и извршувањето на буџетот, покрај принципите на економичност, ефикасност, ефективност, фискална одговорност, специфичност, го предвидува и принципот на транспарентност. Тоа подразбира дека буџетот на државата и општините, како и нивните измени и дополнувања, извршувањето на буџетската документација, ќе бидат објавени во Службен весник, односно во службено гласило или на веб-страницата на на Министерството за финансии и на општините, а финансиските извештаи на другите јавни субјекти ќе бидат објавени на нивните веб-страници.
И Законот за локална самоуправа предвидува дека органите на општината, комисиите на Советот и јавните служби основани од општината се должни без надоместок да ги информираат граѓаните за својата работа, како и за плановите и програмите кои се од значење за развојот на општината.
Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер пак пропишува дека имателите на информациите се должни редовно да водат и да ја ажурираат листата на информации со кои тие располагаат и да ги објавуваат на начин достапен за јавноста, преку интернет страници, огласни табли и друго.
Транспарентноста во Хрватска и Србија
Како што транспарентноста варира од општина до општина, така уште повеќе се разликува од држава до држава. Различни држави имаат свои специфични пристапи во поглед на ова прашање.
Извор: LIDER – Наградените општини во Хрватска
Во Хрватска на пример се доделуваат признанија за најтранспарентните. Па така во 2022 година 428 општини биле вклучени во оценувањето и тоа според девет критериуми кои опфаќале: транспарентност на организацијата, нормативна транспарентност, транспарентност на работата на градоначалникот, транспарентност на работата на Советот на општината, буџет, плански активности и управување со средства и ризици, социјални и стимулативни мерки, како и антикорупциски мерки. Дваесетте најуспешни хрватски општини таа година добиле признание за транспарентна работа, а трите најдобри општини добиле Повелба за извонредност за деловна транспарентност.
Индексот на транспарентност на локалната самоуправа во Србија пак за 2024 година останал непроменет во однос на 2023 година и тоа на релативно ниско ниво, 52 од 100 можни поени, според проценката и рангирањето што го спроведувала организацијата „Транспаренси Србија“. По четири години раст, во 2024 индексот на транспарентност во Србија не се зголемил.
На ниво на ЕУ пак, постои регистар на транспарентност кој е база на податоци во која се наведени „претставници на интереси“ – организации, здруженија, групи и самовработени поединци, кои вршат активности кои влијаат врз политиката и процесот на донесување одлуки на ЕУ. Има и веб-страница на која претставниците на интересите регистрираат ажурирани информации за нивните активности, има кодекс на однесување кој регулира како заинтересираните треба да комуницираат со институциите на ЕУ, но и механизам за поплаки кој овомозжува да се покрене административна истрага за наводните случаи кога регистрираните претставници на интересите не го почитувале кодексот.
Овој текст е изработен како дел од проектот „Медиумите за ЕУ“ спроведуван од ЕВРОТИНК и партнерите АЛДА и БИРС, а финансиски поддржан од ЕУ. Ставовите изразени во него се единствена одговорност на авторот и на ЕВРОТИНК и не ги одразуваат ставовите и гледиштата на Европската Унија.

2 3 400x300.jpg

Запуштен и заборавен, Скопскиот аквадукт чека на внимание од властите

Автор на фотографија: Александра Стојанова
Авторка: Александра Стојанова
По земјен пат, без никакви патокази и информативни табли за посетителите, преку расфрлано ѓубре од најразличен вид, се стигнува до Скопскиот аквадукт близу населбата Визбегово. Иако во моментов овој споменик на културата од особено значење се реставрира со грант од Амбасадата на САД во Скопје, впечатокот од нашата посета на локацијата е дека објектот е заборавен од целокупната јавност и изминатиов период недоволно било инвестирано од властите за да прерасне во познато туристичко катче на главниот град.
Неповолната состојба во која се наоѓа Скопскиот аквадукт е надополнета и со збирот на институции на национално и локално ниво, чии ингеренции се испреплетуваат во неговата заштита и управување. Па така, Министерството за култура и туризам пронаоѓа средства за санација на овој споменик на културата, додека надлежна за заштита и реализација на проектите е Конзерваторскиот центар-Скопје. Градот Скопје, пак, треба да управува со овој споменик на културата од особено значење.
За состојбата во која се наоѓа Скопскиот аквадукт како значајно културно наследство на земјава одговори добивме единствено од Министерството за култура и туризам. Од таму за Евротинк појаснуваат дека во изминативе години имаат издвоено над 360.000 евра за непосредна заштита на Аквадуктот.
Од ова министерство објаснуваат дека е изведен дренажен канал во должина од 160 метри за одливање на водите во реката Серава, кои претходно се собираа околу структурите на Аквадуктот и со децении го деградираа. Од најзагрозените позиции, зајакнати и статички консолидирани се 10 столба, при што за првпат во Македонија е применета нова методологија со инклинирани микроколци под земјата во непосредната заштита на аквадуктот.
„Во 2024 година направена е санација и статичка консолидација на дел од арките меѓу столбовите“, појаснуваат од Министерството за култура и туризам.
Од крајот на 2024 година, на Скопскиот аквадукт се одвиваат реставраторски активности што ќе продолжат и годинава, а за кои се обезбедени 205.000 американски долари од Амбасадорскиот фонд за културно наследство на САД.
„Од 2025 година, со заедничко двогодишно финансирање од Министерството за култура и туризам и Фондот за заштита на културното наследство на Амбасадата на САД во РСМ, продолжува реализацијата на непосредната заштита на аквадуктот“, информираат од Министерството за култура и туризам.
Инаку, Скопскиот аквадукт е еден од ретките зачувани објекти од овој вид на Балканот. Од досегашните истражувања спроведени од историчарите се наведуваат различни периоди кога би можело тој да биде изграден. Некои извори велат дека Аквадуктот бил изграден во 6 век во Римскиот период, но постојат и наоди кои велат дека бил издигнат за пренесување на вода за време на Отоманската империја во 16 век. Она што е познато е дека македонската влада во 2021 година го прогласи за споменик од највисок степен на заштита. Претходно, во 2018 беше изработен идеен проект, а една година подоцна и основен проект за конзерваторско-реставраторски работи. Конкретните активности за заштита на споменикот започнаа во 2021 година.
Покрај непосредната заштита на Аквадуктот, која треба да продолжи и годинава со планираните реставраторски работи, огромна можност за промоција на овој споменик пред домашната и меѓународната јавност се претстојните активности што ќе следат во рамките на прогласувањето на Скопје за Европски град на културата во 2028 година.
Од Министерството за култура и туризам објаснуваат дека Аквадуктот е валоризиран како добро од највисока категорија како културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Неговата популаризација и развој како туристичко и образовно катче на Скопје и останатите пропратни содржини зависат од донесувањето на Планот за управување со овој споменик на културата. Сепак, од ова министерство додаваат дека одговорноста за чистење на дивите депонии околу споменикот и за казнување на несовесните граѓани кои фрлаат отпад е на Градот Скопје, исто како и за оградување на локалитетот и за поставување на чуварска служба.
За потребите на изработката на оваа сторија, испративме прашања и до Град Скопје за да добиеме одговори во однос на нивната одговорност за управување со Скопскиот аквадукт, но до објавувањето на сторијата не добивме одговори од градската власт на нашите прашања.
Пред речиси една година, од Градот Скопје во изјава за новинската агенција Мета одговориле дека тие се задолжени да усвојат План за управување со споменикот и да управуваат со него. Сепак, по остварениот контакт со Министерството за култура и Н.У: Конзерваторски центар-Скопје, добиле одговор оти не смеат да преземаат било какви активности без да добијат одобрение. Градот Скопје во 2023 година испратил допис со иницијатива за уредување на Аквадуктот, но немал добиено одговори од двете институции на национално ниво.втор на фотографија: Александра Стојанова
Од Министерството за култура и туризам појаснуваат дека со актуелниот Закон за заштита на културното наследство се штитат сите споменични добра во земјава. Покрај со општата регулатива, со владината одлука од 2021 година Аквадуктот е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, што подразбира спроведување на режим на заштита од највисоко значење.
Според владината одлука од 2021 година, во членот 7 за контактната зона на Споменикот се утврдува режим на заштита од трет степен со мерки на заштита кои вклучуваат забрана да се врши ископ на темели или подруми и да се изведуваат кој било друг вид земјани или градежни работи без претходно спроведување заштитни археолошки истражувања. Исто така, кај Аквадуктот е забрането да се градат какви било објекти на локации на кои со археолошки истражувања ќе се откријат особено вредни остатоци, забрана да се градат објекти со кои се попречува достапноста на Споменикот, забрана да се градат или внесуваат индустриски или слични капацитети и да се воведуваат намени што придонесуваат за присуство на разни форми на загадување или предизвикуваат бучава и вибрации и забрана за било какви други интервенции кои ќе го загрозат интегритетот на Споменикот и контактната зона.
И покрај ваквите забрани, медиумите во 2022 година пишуваа дека во непосредна близина на Скопскиот аквадукт се гради крос патека за трки со мотори, а тешки камиони поминуваат покрај овој споменик за да однесат земја за ваквата патека. Градските власти тогаш интервенираа преку инспекциските служби за да ја спречат ваквата изградба, но во меѓувреме, други несовесни граѓани не се откажуваат од фрлањето ѓубре околу споменикот.Автор на фотографија: Александра Стојанова
Од Министерството за култура и туризам велат дека конзерваторските активности за зачувување на Аквадуктот во неговата оригинална состојба ќе продолжат, но и апелираат за развој на свеста за неговото значење и кај сите други релевантни чинители, вклучувајќи ја и пошироката јавност и медиумите.Автор на фотографија: Александра Стојанова.
Инаку, она што се случува со Скопскиот аквадукт како македонско културно наследство и проблемите со кој се соочува овој споменик е врамено како критика на генерално ниво и од Европската комисија во минатогодишниот Извештај за реформскиот напредок на нашата земја на патот кон зачленувањето во ЕУ.
Во Поглавјето 26 кое се однесува на Образование и култура, во Извештајот се наведува дека Министерството за култура треба да го зајакне капацитетот за заштита и промоција на различноста на културните изрази во земјава, вклучително и наследството. Од Европската комисија нотираат дека лани дополнително се одложило усвојувањето на Националната стратегија за развој на културата и заштита на културното наследство за периодот 2023-2027 година.
„Културното наследство на земјата треба подобро да се заштити“ е констатацијата на Европската комисија во ланскиот Извештај. И ЕУ ја потврдува нашата констатација дека треба да се вложат напори за зајакнување на институционалниот одговор и меѓуинституционалната соработка за заштита на локациите кои се културно наследство на земјава.
Овој текст е изработен како дел од проектот „Медиумите за ЕУ“ спроведуван од ЕВРОТИНК и партнерите АЛДА и БИРС, а финансиски поддржан од ЕУ. Ставовите изразени во него се единствена одговорност на авторот и на ЕВРОТИНК и не ги одразуваат ставовите и гледиштата на Европската Унија.
Tags:#запуштен #заборавен #аквадукт #властите #скопски #вниммание

2 2 400x267.jpg

Македонија нема иднина без спречување на одливот на мозоци

Извор на фотографија: Joshua Woroniecki from Pixabay, https://pixabay.com/photos/merry-christmas-boarding-pass-travel-5219496/.
Авторка: Александра Стојанова
Македонија е меѓу дваесетте најзагрозени земји во светот според бројот на иселување на населението во странство. Најмногу заминува високообразованиот кадар, кој, според Светската банка, речиси 40 отсто ја има напуштено земјава. Овие алармантни податоци лани ги констатираше Државниот завод за ревизија, кој заклучи дека македонската држава нема ефикасни мерки против иселувањето коe ја чини стотици милиони евра. Ревизорите во Извештајот за извршена ревизија на темата „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“ посочуваат дека државата не знае точно зошто се случува долгогодишниот одлив на мозоци во странство, но и дека владините политики за управување со миграцијата не се доволно ефективни за намалување на ваквиот одлив.
Одливот на мозоци од нашата земја предизвикува економски загуби како резултат на инвестициите во образованието на младите лица, кои потоа си заминуваат во странство. Се појавува недостиг на кадар, кој е најизразен во критичните сектори како здравството, како резултат на фактот што над 1.200 лекари ја напуштиле земјава во изминативе години. Сето ова води кон намалена конкурентност на македонскиот пазар на труд, но и демографски последици како што е стареењето на населението. На овој начин од невладината организација „Младите можат“ ја опишуваат ужасната спирала на последици од одливот на мозоци.Од оваа организација за Евротинк објаснуваат дека младите од земјава се одлучуваат да се иселат во странство како резултат на економски и неекономски фактори. Во минатото, заминувањето во странство било поради економските причини, како ниски плати и лоши услови за работа.
„Меѓутоа, денес, дури 36% од младите наведуваат неекономски причини како што се лошиот квалитет на образованието, слабата владејачка структура, корупцијата, политичката нестабилност и нискиот квалитет на живот“, го објаснуваат од „Младите можат“ ваквиот тренд.
Претседателот на Стопанска комора на РСМ Бранко Азески причините за ваквата состојба ги гледа во несреденоста на системот и неможноста на младите да им се овозможи перспектива.
„Оформените личности коишто завршуваат образовен систем, виделе како функционира системот и се наоѓаат пред еден крстопат – или ќе почнат да живеат и да работат по среден систем што им овозможува подобра перспектива или ќе треба да се научат на балканските итроштини коишто мислиш дека нема да ги научиш“, објаснува Бранко Азески.
Европската комисија, пак, во минатогодишниот Извештај за реформскиот напредок на земјава на патот кон зачленување во ЕУ посочува дека пазарот на труд во земјава ја изгубил динамиката, додека одливот на работна сила станал поизразен. Во делот на слободата на движење на работниците, препораките на Европската комисија од 2023 година не се исполнети и не е направен напредок. Зајакнувањето на капацитетот на Агенцијата за вработување е клучно, а од ЕУ додаваат дека македонските власти во 2025 ќе треба особено да се посветат на исполнувањето стратегии за активирање на младите луѓе на пазарот на трудот.Податоците од Европската комисија потврдуваат дека стапката на невработеност се намалила на 13,2% во 2023 година, додека кај младите на возраст од 15 до 24 години таа опаднала за 3,2% во споредба со претходната година или изнесувала вкупно 29,3%. Сепак, ваквото намалување се должи на силниот пад на работната сила на оваа возрасна група од 5,5% на годишно ниво.
И од Агенцијата за вработување на РСМ за Евротинк објаснуваат дека бројот на невработени млади лица се намалува. На крајот од 2024 година, во земјава биле евидентирани 17.305 невработени лица како активни баратели на работа на возраст до 29 години. Од нив, дури 45,5% чекаат на вработување до 11 месеци, додека 54,5% чекаат вработување повеќе од една година. Дури 55,6% од младите кои активно бараат вработување се со завршено средно, вишо образование или факултет.Одливот на мозоци во странство генерира милионски загуби за земјава, а проценките се дека вкупниот негативен ефект од загубените потенцијални приходи во државата на годишно ниво се околу 8,34% од бруто-домашниот производ (БДП), објаснуваат од „Младите можат“.Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески додава дека последиците ако продолжи иселувањето на младите луѓе во странство ќе бидат слични на природна непогода, бидејќи ќе се опустоши државата.
„Прво ќе настрада селото, штом настрада селото тоа ќе се одрази на иселување во Скопје, сите луѓе ќе бегаат каде им се нудат подобри услови за егзистенција“, вели Бранко Азески.
Тој додава дека нивните предлози како стопанственици се во насока да се задржат младите талентирани лица во државата и да се подигне нивото на животниот стандард. Азески потенцира дека бизнисот треба да стане приоритет во работењето за да се намали заостанувањето во однос на европските земји.
„На тој начин да создадеме функционална демократска држава која што ќе пружи услови на младите за останување во државата“, вели Бранко Азески.
За да се спречи трендот на иселување на младите во странство, од Агенцијата за вработување пак велат дека спроведуваат „голем број активни програми, мерки и услуги за вработување“. Додаваат дека посебен осврт им се дава на младите невработени лица и на ранливите категории на невработени лица.
„Според годишните извештаи за реализација на активните програми и мерки за вработување, интересот кај младите лица е доста големо (над 50% од сите учесници во активните мерки за вработување се млади лица до 29-годишна возраст)“, објаснуваат од Агенцијата за вработување.
Во изјавата за Евротинк, од таму посочуваат дека од година во година се зголемуваат средствата за реализација на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот.
„Притоа, посебен фокус е вклучувањето на младите лица, со цел да спречиме одлив на младата работна сила во странство и да создадеме услови нашите студенти кои студираат во странство практично да го спроведат своето знаење во државава“, велат од Агенцијата за вработување.
Дел од програмите што ги спроведуваат се финансирани и од Европската Унија. Па така, преку програмата „Гаранција за млади“, бенефит имале над 9.900 млади лица од регионите во земјава кои се соочуваат со највисока стапка на невработеност и највисоки проценти на напуштање на образовниот процес, се наведува во ланскиот Извештај на Европската комисија за реформскиот напредок на земјава.Сепак, дека недостига посветеност на државните власти за спречување на одливот на мозоци во странство говори фактот дека последната Национална стратегија за вмрежување, соработка и намалување на одливот на високообразовни и стручни кадри од земјава е за периодот 2013-2020 година.
„По истекувањето на периодот на важност на Националната стратегија за вмрежување и соработка со високообразовани и стручни кадри од 2013 до 2020 година, државата нема стратешки документ за борба против одливот на квалификувани кадри“, заклучува Државниот завод за ревизија во минатогодишниот извештај за ефективноста на мерките за спречување на одливот на мозоци од земјава.
Како да се задржат младите во земјава?Од Агенцијата за вработување за Евротинк објаснуваат дека динамичниот развој на пазарот на трудот и новите технолошки промени создаваат работни места кои бараат знаења и вештини што не секогаш можат да се стекнат во процесот на формалното образование.
„Работодавачите најчесто бараат работници кои покрај дипломата за завршено образование, треба да поседуваат и низа сертификати за стекнати знаења и вештини надвор од процесот на формалното образование“, велат од Агенцијата за вработување.
Според нивните податоци, во последните неколку години мошне е голема побарувачката на кадар во областа на информатичката технологија (ИТ), што не е случај само кај нас, туку и во светски рамки. Во нашата земја речиси и не постои ИТ кадар којшто не е ангажиран. Интересот на младите лица да работат во одредени сегменти од ИТ-индустријата е мошне голем, а една од причините несомнено се и условите за работа: кариерен раст за вработените, добро платени работни места и постојана инвестиција во нивна надградба преку финансирање на дополнителни обуки и сертификација.Фотографија генерирана од вештачка интелигенција; Извор на фотографија: kp yamu Jayanath from Pixabay: https://pixabay.com/illustrations/ai-generated-business-travel-9154855/.
Според документот за јавни политики „Kако да се задржат младите? Oдливот на мозоци како најголем предизвик за Република Северна Македонија“ на авторот Марјан Ицоски, главните препораки се сведуваат на четири приоритетни области во кои се неопходни итни и суштински реформи: образованието, економијата, државната администрација и владеењето на правото.Токму тука, потребата од синхронизиран и координиран пристап на државните институции и останатите релевантни чинители првенствено е видлива од многубројноста и сложеноста на предложените мерки.Помеѓу мерките, како најважни се издвојуваат: вклучување на младите во процесите на одлучување и искористување на нивниот потенцијал, нивна поддршка во кариерниот развој и основањето бизнис, дигитализирање и подобрување на работата на администрацијата, неселективна примена на законите и искоренување на корупцијата на сите општествени нивоа.Од „Младите можат“ пак упатуваат на следниве препораки за да се спречи одливот на мозоци во странство: субвенционирање на младинско вработување преку даночни олеснувања за компании кои вработуваат млади, неминовна поддршка за претприемачки иницијативи со финансиска помош и менторство и јавно-приватни партнерства за стажирања и обуки. Овие мерки треба да се имплементираат од страна на државата, образовните институции, граѓанските организации и приватниот сектор.
Исто така, како стратешки препораки, „Младите можат“ ги издвојуваат иновациите во образовниот систем што можат да го мотивираат квалитетниот кадар да остане и да работи во земјата. Неопходна е интеграција на дигитални алатки и модерни програми во наставата, како и развој на програми за практични обуки во соработка со компаниите. Од „Младите можат“ додаваат дека на земјава ѝ е неопходно зголемување на финансирањето за истражувања и поддршка на иновациите, но и интернационализација на образованието преку мобилност и партнерства со странски универзитети.
Овој текст е изработен како дел од проектот „Медиумите за ЕУ“ спроведуван од ЕВРОТИНК и партнерите АЛДА и БИРС, а финансиски поддржан од ЕУ. Ставовите изразени во него се единствена одговорност на авторот и на ЕВРОТИНК и не ги одразуваат ставовите и гледиштата на Европската Унија.

2 1 400x267.jpg

Воведувањето образовни асистенти во средните училишта чека амин од пратениците

Извор на фотографија: Pexels, автор: Eren Li: https://www.pexels.com/photo/photo-of-woman-assisting-man-for-braille-lessons-7188894/.
Авторка: Симона Паскоска
Децата со попречености во средните училишта ќе добијат образовни асистенти кога ќе се заврши доработката, дополнувањето и изгласувањето на Законот за средно образование. Иако министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека од јануари годинава образовниот процес ќе биде збогатен со образовни асистенти, сепак процесот е заглавен во собраниските клупи.
Од Министерството за образование и наука (МОН) за Евротинк велат дека забелешките за Законот за средно образование од страна на партиите во Собранието на РСМ се само за добивање на политички поени, а не за општествена одговорност и желба за унапредување на средното образование во земјава.
„Новиот Закон за средно образование предвидува ангажирање на образовни асистенти за учениците со попреченост, меѓутоа истиот беше повлечен од собраниска процедура. Образовните асистенти во средните училишта досега беа ангажирани преку програми за општинско корисна работа поддржани од УНДП. По изгласување на Законот за средно образование кој е повлечен за негова доработка и дополнувања, државата ќе овозможи задолжителна и бесплатна образовна асистенција и во средните училишта“, велат од МОН.
Според Ресурсниот центар за родители на деца со посебни потреби, МОН не обезбедува образовни асистенти поради тоа што немаат податок на колку деца им се потребни, но и поради големиот број на недостатоци поврзани со инклузивниот процес. Тие велат дека учениците кои работеле по Индивидуален образовен план, се запишуваат во средно образование на еднакво ист начин како и сите останати ученици. И токму тука, како што велат тие, спречувајќи да не се направи дискриминација, се прави најголемата дискриминација на учениците на кои им е потребна дополнителна поддршка.
„Малиот број на образовни асистенти, критериумите за нивниот избор, обезбедувањето на финансиски средства за образовните асистенти, недоволно јасните правила за улогата на асистентите во училницата, недоволно јасните правила за улогата на асистентите во однос на родителите, недоволно инклузивни тимови во секое училиште и уште ред други недостатоци се појавија веднаш со започнување на инклузивниот процес во основното образование. Многу од овие недостатоци сè уште се присутни на терен, и важно е да се знае дека, колку и да е нивниот процент, тие за некое семејство значат не-инклузија за нивното дете“, велат од Ресурсниот центар.Извор на фотографија: Pexels, автор: Leeloo The First: https://www.pexels.com/photo/mother-and-daughter-reading-a-story-in-braille-7307953/.
Оттаму потенцираат дека не секое дете во државата има соодветен образовен асистент. Според нив, потребни се и други критериуми кои би покажале дека лицето е спремно за својата работа.
„Бројот на соодветни асистенти е исклучително мал. Ова е сложена и обемна област. Најпрвин треба да се одреди колку образовни асистенти се потребни. Тоа значи дека првичните информации треба да потекнат од децата кои завршуваат со предучилишно образование. Потоа треба да ги обезбедите. Конкурсите во кои се бара “таков и таков” профил не покажуваат секогаш соодветност. Изборот не смее да биде формално исполнување на критериумите. Освен профилот, кандидатот мора да биде сензибилизиран за да работи со дете со некаква попреченост/посебна потреба“, објаснуваат од Ресурсниот центар, додавајќи дека односот на образовниот асистент и родителите е најважен како клучен фактор за успех.
Од МОН, пак, велат дека бројот на асистенти во моментов е 1.018. Според нив, тие се обучени и даваат поддршка на учениците со попреченост во основните училишта и доколку во иднина се појави поголема потреба, ќе бидат ангажирани повеќе образовни асистенти.
„Со новите измени во Законот за основно образование, образовниот асистент на ученикот, односно на учениците со попреченост дава поддршка на сите ученици во паралелката кои имаат потешкотии во совладувањето на наставниот материјал“, додаваат оттаму.
Според психолозите и дефектолозите што ги контактиравме на оваа тема, образовните асистенти имаат клучна улога во целокупниот развој на децата.
Дефектологот Михаела Арсовска за Евротинк рече дека децата кои имаат атипичен развој, а се во инклузивна настава, неопходно е да имаат образовна асистенција која ќе биде во текот на целиот образовен процес за да може да ги поддржи во образованието, но и да го олесни процесот на совладување на наставната содржина која е наменета за детето.
„Секако дека воведувањето на образовни асистенти на децата кои се во инклузивна настава може да влијае само позитивно на нивниот развој и на совладувањето на наставната содржина. Секое дете со образовна асистенција ја зголемува својата самодоверба“, вели Михаела Арсовска.
Според психологот Никола Дукоски, чувството на присутност и сигурност која ќе ја има детето со атипичен развој со образовниот асистент доведува до дополнително негување на менталното здравје.
„Вниманието е тоа што го поттикнува развојот и соодветните промени. Порастеретен е наставникот, а понасочено детето. Знае каде е и кој директно, а кој индиректно го заштитува и пред сè чувствува сигурност и припадност. Првично со тоа што асистентот се вклопува во средина нетипична за возрасен – меѓу ученици, а потоа со самото поврзување со децата од одделението, со самото тоа и ученикот со посебни потреби се идентификува и другите деца го прифаќаат“, вели за Евротинк Никола Дукоски.
Каков е ставот на ЕУ во однос на образовните асистенти?Извор на фотографија: Pexels, автор: Leeloo The First: https://www.pexels.com/photo/mother-and-daughter-reading-a-story-in-braille-7307953/.
Оттаму потенцираат дека не секое дете во државата има соодветен образовен асистент. Според нив, потребни се и други критериуми кои би покажале дека лицето е спремно за својата работа.
„Бројот на соодветни асистенти е исклучително мал. Ова е сложена и обемна област. Најпрвин треба да се одреди колку образовни асистенти се потребни. Тоа значи дека првичните информации треба да потекнат од децата кои завршуваат со предучилишно образование. Потоа треба да ги обезбедите. Конкурсите во кои се бара “таков и таков” профил не покажуваат секогаш соодветност. Изборот не смее да биде формално исполнување на критериумите. Освен профилот, кандидатот мора да биде сензибилизиран за да работи со дете со некаква попреченост/посебна потреба“, објаснуваат од Ресурсниот центар, додавајќи дека односот на образовниот асистент и родителите е најважен како клучен фактор за успех.
Од МОН, пак, велат дека бројот на асистенти во моментов е 1.018. Според нив, тие се обучени и даваат поддршка на учениците со попреченост во основните училишта и доколку во иднина се појави поголема потреба, ќе бидат ангажирани повеќе образовни асистенти.
„Со новите измени во Законот за основно образование, образовниот асистент на ученикот, односно на учениците со попреченост дава поддршка на сите ученици во паралелката кои имаат потешкотии во совладувањето на наставниот материјал“, додаваат оттаму.
Според психолозите и дефектолозите што ги контактиравме на оваа тема, образовните асистенти имаат клучна улога во целокупниот развој на децата.
Дефектологот Михаела Арсовска за Евротинк рече дека децата кои имаат атипичен развој, а се во инклузивна настава, неопходно е да имаат образовна асистенција која ќе биде во текот на целиот образовен процес за да може да ги поддржи во образованието, но и да го олесни процесот на совладување на наставната содржина која е наменета за детето.
„Секако дека воведувањето на образовни асистенти на децата кои се во инклузивна настава може да влијае само позитивно на нивниот развој и на совладувањето на наставната содржина. Секое дете со образовна асистенција ја зголемува својата самодоверба“, вели Михаела Арсовска.
Според психологот Никола Дукоски, чувството на присутност и сигурност која ќе ја има детето со атипичен развој со образовниот асистент доведува до дополнително негување на менталното здравје.
„Вниманието е тоа што го поттикнува развојот и соодветните промени. Порастеретен е наставникот, а понасочено детето. Знае каде е и кој директно, а кој индиректно го заштитува и пред сè чувствува сигурност и припадност. Првично со тоа што асистентот се вклопува во средина нетипична за возрасен – меѓу ученици, а потоа со самото поврзување со децата од одделението, со самото тоа и ученикот со посебни потреби се идентификува и другите деца го прифаќаат“, вели за Евротинк Никола Дукоски.
Каков е ставот на ЕУ во однос на образовните асистенти?

2 400x300.jpg

Скопје 2028: Европска престолнина на културата или град на застојот?

Универзалната сала, еден од културните пунктови на Скопје, денес се наоѓа во девастирана состојба; Фото: Бојан Блажевски.
Автор: Кристијан Трајчов
Скопје беше избран за Европска престолнина на културата за 2028 година, заедно со градовите Чешке Будејовице од Чешка и на францускиот град Бурж, а одлуката беше донесена од Европската Унија во септември 2023 година.
Македонскиот главен град ја доби довербата за организација во годината во која се навршува одбележувањето на 65 години од скопскиот земјотрес и во која ќе се слават македонската и европската култура. Но, по речиси една и пол година од прогласувањето, се поставува прашањето што прават Градот Скопје, Министерството за култура и туризам и другите надлежни институции за подготовка на огромната културна можност за промоција на главниот град?
Пред новогодишните празници, силно одекна објавениот извештај од експертскиот панел од првата мониторинг средба за настанот Скопје – Европска престолнина на културата 2028, каде е наведено дека Скопје треба значително да го подобри исполнувањето на своите обврски. Во Извештајот подготвен за потребите на Европската комисија се наведуваат 13 препораки кои властите ќе мора да ги исполнат.
„Панелот силно се надева дека овој пат Скопје ќе ги исполни заложбите артикулирани од претходно и потврдени на првиот мониторинг состанок и дека суштинските елементи што недостасуваат во Извештајот за напредокот ќе бидат брзо адресирани. Панелот бара итен пристап до сите релевантни информации кои не се презентирани за време на состанокот, вклучувајќи ги статутите на телото за испорака, уверувања за нивото на политички и финансиски заложби од Министерството, Градот Скопје и другите партнери“, се наведува во Извештајот, кој бара од властите и детална културно-уметничка програма со соодветни буџети, организациска структура, планови за мониторинг и евалуација и стратегија за комуникација и маркетинг.
Од Градот Скопје во изјава за Евротинк велат дека максимално се посветени на реализација на проектните активности за Скопје – Европска престолнина на културата за 2028 година.
„Во моментов, се разгледува стратешкиот план за активностите и обврските во 2025 година, како и нивната реализација во согласност со поделбите во апликативната книга. Согласно одредбите од Изборниот законик, сите проекти вклучително и проектите од областа на културата, беа во застој поради парламентарните избори. По завршувањето на изборите, Градот Скопје интензивно работи на предвидените цели и проекти“, велат од Градот Скопје.
Од таму додаваат дека објавен е јавен повик за формирање на работно тело за координација на активностите, а реализирани се и посети, состаноци и конференции со градови кои се носители на оваа титула, како и со градови кои претходно биле престолнини на културата, а биле одржани состаноци и со претставници на Европската комисија.
Во однос на тоа каква е ситуацијата со реконструкцијата на Универзална сала, која треба да биде една од стожерните пунктови каде ќе се одржуваат културните активности во 2028 година, од Градот Скопје велат дека одговорот лежи кај Министерството за култура и туризам.
„Одговорот е кај нив. Советот на Град Скопје донесе одлука за пренесување на право на реконструкција, доградба и надградба на Универзална сала во Скопје. Склучен е договор за регулирање на меѓусебните права и обврски со кој надлежностите се пренесени на министерството“, појаснуваат тие.
Понатаму, од Градот Скопје додаваат дека сите јавни установи од областа на културата кои се под нивна надлежност се вклучени во програмата и се спремни за реализација на проектот.
Во однос на тоа како гледаат на загриженоста на експертскиот панел ангажиран од Европската комисија дека Градот не се придржува до деталните упатства дадени од нивна страна за содржината потребна за Извештајот за напредокот на реализацијата на проектот, од таму велат дека постапуваат по насоките дадени со мониторингот од Европската комисија.
„Претставниците на Европската престолнина на културата во октомври на покана на Европската комисија присуствуваа во Брисел на Меѓународна конференција одржана за земјите од Западен Балкан. Во ноември, во Париз, се сретнаа претставниците на сите три европски културни престолнини за 2028 година и тоа: Градоначалникот на Бурж, на Чешке Будејовице и Градоначалникот на Град Скопје. Тие се договорија да се потпише Меморандум за соработка“, додаваат од Градот Скопје.
За тоа каква е нивната соработка со државната власт во однос на реализацијата на настанот, од Градот Скопје не даваат премногу информации, туку само ги споменуваат потпишаните меморандуми.
„Изборот на Градот Скопје за Европска престолнина претставува голем успех и е од значење како на локално, така и на национално ниво. Имаме потпишано меморандум за соработка со национални установи под надлежност на Министерството за култура и туризам. Исто така, меморандуми за соработка се склучени и со општините на територијата на Градот Скопје, како и со претставници од невладиниот сектор, кои ја дадоа својата поддршка и ќе бидат дел од програмите во претстојниот период“, изјавија градските власти.
Од Градот Скопје велат дека се целосно подготвени да ги реализираат сите планирани обврски, а особено, успешно да ги реализираат програмските активности за 2028 година.
„Се преземаат чекори за организирање и координирање на сите аспекти од проектот, вклучувајќи ја имплементацијата на програмите, воспоставување соработка со локалните и националните институции, невладиниот сектор, како и обезбедување на човечките ресурси, со цел секоја фаза од проектот да се реализира навремено и квалитетно. Оваа посветеност гарантира дека Градот Скопје ќе биде подготвен да ги исполни сите обврски и да го постигне посакуваниот успех како Европска престолнина на културата 2028“, велат од Градот Скопје.
Во однос на тоа дали постои опасност кандидатурата да му биде одземена на Градот Скопје во случај надлежните власти на локално и национално ниво не бидат подготвени за реализација на проектот, тие одговорија негативно, поточно, дека такво нешто нема да се случи.
Со ваквата констатација се согласуваат и од Јавната установа „Универзална сала“, кои се носители на апликацијата за Скопје – Европска престолнина на културата за 2028 година. Од таму велат дека тие се само носители на апликацијата, а сите останати активности се реализираат од Град Скопје. Воедно, тие се вклучени во програмата за реализација преку нивни проекти и се подготвуваат преку идни проекти за остварување на настанот.
Градот тврди едно, експертите друго
И покрај тврдењата на Градот Скопје дека сѐ е под контрола и се одвива по планот, културните работници кои претходно биле дел од проектниот тим за Скопје – Европска престолнина на културата не сметаат така.
Роберт Алаѓозовски, поранешен член на Координативното тело како стратешки координатор на проектот Скопје 2028, бил назначен од претходниот градоначалник Петре Шилегов. При промената на локалната власт на крајот на 2021 година, иако бил формално номиниран од владата, никогаш не бил поканет во новото Координативно тело.
„Тимот што ние го формиравме и којшто го координирав имаше претставници од ЈУ Универзална сала, како носител на проектот, претставници од Одделението за култура, Кабинетот на Градоначалникот, од општината Центар и барем половина надворешни соработници, и искусни и помалку искусни менаџери во културата, меѓу 8 и 12 души. Ние го теравме процесот за десетка, за што постои архива од јавни настани, брошури, документи, записници, извештаи, инфолетоци. Го градевме капацитетот на тимот, се вмрежувавме, правевме контакти, црпевме искуства, договаравме соработки низ цела Европа, а особено комунициравме со престолнините од регионот: Нови Сад, Пловдив, Ријека“, вели Алаѓозовски.
Тој мисли дека со промената на власта тоа го снемало, но дека новата власт успеала да состави екипа која ги напиша двете пријавни книги и да ја добие титулата.
Тимот по прогласувањето на Скопје-Европска престолнина на културата 2028 во септември 2023 во Брисел; Извор на фотографија: Министерство за култура.
„Тука клучна беше поддршката од централната власт која што ја обезбедивме, овековечена во иконичната фотографија од двете претходно раскарани политичарки, речиси прегрнати под државното знаме во Брисел“, вели Алаѓозовски за моментот на соопштување на веста за прогласувањето на Скопје во септември 2023 година, на кој присуствуваа скопската градоначалничка Данела Арсовска и тогашната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Роберт Алаѓозовски смета дека проектот се соочува со проблеми, поточно, дека проектните лидери и проектниот тим се менуваат премногу често и дека не може да се изгради критична маса на луѓе кои можат стратешки и оперативно да почнат да го работат.
„Ова е настан којшто се игра, слично на кошарката, во четвртини. Оваа постава на градот ја утна целосно првата четвртина. Таа е изгубена. Ако се направи итна промена на пристапот и ако работите се постават како што треба, сè уште има време пропуштеното да се надомести. Тоа значи дека треба да се напушти кавгаџискиот менталитет на политичките структури кои доминираат во Град Скопје, а сега и централно. Овој проект треба да се работи по сите принципи на добро владеење. Да се обезбеди не само декларативна, туку и суштинска поддршка од сите политички актери“, изјави тој.
Она што треба да се направи, според Алаѓозовски, е вклучување на сите професионалци во културата кои ќе имаат јасен мандат и цврсти договори за да можат да одговорат на задачите, да се обезбеди суштинска поддршка од целата културна фела и од сите сродни дејности.
Алаѓозовски смета дека ова е прекрасен проект за интеграција и давање шанси на сите, но дека без партиципација и транспарентност тоа не може да се постигне.
„Ако не се смени радикално пристапот и ако забрзано не се надополни пропуштеното, постои голема опасност да ни се одземе титулата“, дециден е Алаѓозовски.
За него, одземањето на титулата би било погубно, и културно и политички и симболички.
„Од земја членка на НАТО, со усвоена преговарачка рамка за членство во ЕУ, со зацелена демократија, ќе се вратиме во мрачните културографии на паднатите и заробени држави како Грузија, Молдавија, Белорусија. Градовите Европски престолнини на културата преку оваа манифестација зрачат европски и прогресивно, дури и кога нивните национални влади имаат проблеми со демократијата и доброто владеење“, објаснува тој.
Според Бесфорт Идризи, декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје и некогашен член на проектниот тим Скопје – Европска престолнина на културата 2028, соработката помеѓу институциите од локалната и централната власт, не само што не е на посакуваното ниво, туку истиот проблем бил и обработен од координативното тело и имало конкретни акции, мерки и проекти кои би го подобриле овој дел, особено преку интердисциплинарни проекти.
„Веројатно еден од најголемите проблеми е транспарентноста. Мислам дека никој не знае што се случува со Скопје 2028. Опасноста дека на Градот Скопје може да му се одземе оваа титула постои и тоа како и секој ден станува сè поголема. Јас навистина не гледам да се случува било што во правец на обврските за Европската престолнина на културата 2028 година“, смета Идризи.
Ситуацијата наиде на разочарување и кај Иванка Апостолова, историчарка на уметност која беше Програмска менаџерка на проектот Скопје 2028 и во исто време раководителка на бид бук тимот (н.з. тимот на апликативната книга). Таа вели дека досега требало да има сериозни претпрограми, на кои требало сите да работат и да ја подобруваат културата и уметноста во Скопје пред 2028 година.
„Но ништо од тоа нема во реалноста – освен инцидентни ентузијастички доброволни соработки на жабри, за да не умре фактот за Скопје 2028“, вели Апостолова.
Во трка со времето за да се реконструираат најважните културни објекти
Министерството за култура и туризам ќе има задача да ги реконструира водечките културни објекти, каде ќе се реализираат активностите од настанот Скопје – Европска престолнина на културата и за истото нема многу време – помалку од три години. Еден од пунктовите ќе треба да биде Универзалната сала, која како објект беше симбол на меѓународната солидарност, поради тоа што во нејзината изградба по скопскиот земјотрес учествувале над 35 земји. Токму во 2028 година ќе се навршат 65 години од скопскиот земјотрес. И додека од Градот Скопје велат дека одговорноста за реконструкција на Универзалната сала ја презело Министерството за култура и туризам, од ова министерство велат дека потребна е добра комуникација и соработка со Градот Скопје.
„Комуникацијата со Град Скопје е отежната, но сепак веруваме дека во интерес на двете страни е да има професионална комуникација за да нема застој во подготовките за манифестацијата Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, велат од Министерството за култура.
Состојбата во која се наоѓа Универзалната сала во Скопје, јануари 2025 година; Фото: Бојан Блажевски.
Во декември минатата година биле донесени и измените на Законот за култура, кои му овозможиле на ова министерство да ги преземе ингеренциите за довршувањето на Универзалната сала. Од Министерството велат дека останале уште одредени делови да се решат, како би можело да се распише тендерот за да продолжи изградбата на објектот.
„Во моментов Министерството работи на отстранување на недостатоците утврдени од страна на работната група. Бидејќи во целокупната постапка се вклучени и други институции, не можеме да дадеме прецизен рок. Сепак, Министерството за култура и туризам по финализирањето на целокупната постапка во однос на состојбата на објектот наследена од претходното раководство ќе ги вложи сите напори и капацитети за завршување на проектот каде граѓаните ќе имаат можност да уживаат во целосно реконструираниот објект“, објаснуваат тие.
Работите се помрднуваат и во однос на Проектот за конзервација и реставрација на Шaлтер-салата од споменичната целина Нова пошта – Скопје и нејзина адаптација во мултимедијален центар.
„Основниот проект за препокривање на Шалтер-салата веќе е изработен од страна на НУ Конзерваторски центар – Скопје, со чија реализација ќе се спречат натамошни оштетувања од атмосферски води. Во моментов се чекаат имотниот лист и изводот од ДУП од АД Македонски пошти за да може да се обезбеди конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство, како и одобрение за градење од Министерството за транспорт и врски. Вториот проект кој треба да се изработи годинава е проектот за конзерваторско-реставраторски работи на ентериерот на Шалтер-салата“, велат тие.
За реконструкцијата на Скопското Кале формирана е работна група за негова ревитализација, обезбеден е буџет и се очекува годинава тоа да биде отворено како активна туристичка атракција, а со тоа и достапно за одржување на активности во рамките на програмата од Скопје – Европска престолнина на културата.
Од Министерството за култура уверуваат дека Шалтер салата од споменичната целина Нова пошта – Скопје и Скопското Кале ќе бидат подготвени за одржување на настани во рамки на оваа манифестација.
Во однос на останатите културни зданија од центарот на Скопје, од ова министерство појаснуваат дека Домот на АРМ не е под нивна надлежност, додека за реконструкцијата на Музејот на Македонија во Старата скопска чаршија во тек е постапка за добивање на одобрение за градба за реконструкција на покривот.
Официјалното лого на Скопје-Европска престолнина на културата за 2028 година; Извор: skopje2028.mk.
Од Министерството уверуваат дека во рамки на манифестацијата Скопје – Европска престолнина на културата 2028 ќе има многу програми, културни и туристички политики, додавајќи дека веќе стигнуваат многу интересни иницијативи во однос на програмите.
Инаку, според податоците наведени во Извештајот на експертскиот панел ангажиран од Европската комисија, за организирање на настанот Скопје – Европска престолнина на културата 2028, во делот на оперативните активности ќе треба да бидат издвоени 129 милиони евра, додека буџетот за капиталните расходи би изнесувал дополнителни 43 милиони евра.
Овој текст е изработен како дел од проектот „Медиумите за ЕУ“ спроведуван од ЕВРОТИНК и партнерите АЛДА и БИРС, а финансиски поддржан од ЕУ. Ставовите изразени во него се единствена одговорност на авторот и на ЕВРОТИНК и не ги одразуваат ставовите и гледиштата на Европската Унија.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор