Author: Финанце Тхинк

475775989 1010687904417070 7140911186643125564 N Banner Scaled.jpg

Се одржа Регионална дебата за јавни политики

Денес се одржа Регионална дебата за јавни политики „По кризата со цените на храната: Патоказ за прехранбена самоодржливост во регионот на Западен Балкан – Научени лекции и патот напред“.

На дебатата дискутиравме за зависноста од увоз на прехранбени производи, потребата од рамномерен регионален развој и адаптација на климатските промени, како и регионална соработка во регионот на Западен Балкан.

Ksp S03e18 1200x630 Zaweb 2.jpg

Економистите од WEBecon Network во подкастот „Каде се парите?“

Бојкот. Незадоволство. Скапотија.

Регионот се бунтува против високите цени во продавниците.

Но, дали кризата е при крај и ова се само последните, задоцнети последици од неа?

Дали регионот во овие четири години сериозно осиромаши?

Дали ако имаме нова криза, ќе може да се справиме со неа?

Одговорите на овие дилеми ги даваат нашите економисти од WEBecon Network:

Марија Башеска од Finance Think, Северна Македонија
Војин Голубовиќ од ISSP, Црна Гора

Амела Курта од CREDI, Босна и Херцеговина

Во подкастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов на Pari.com.mk.

https://www.youtube.com/watch?v=mFkYg0UkKJA

474092445 1001710241981503 9162816968246760499 N.jpg

Регионална дебата „По енергетската криза“

На 21 јануари се одржа Регионалната дебата за јавни политики „По енергетската криза: Патоказ за енергетска самоодржливост во регионот на Западен Балкан – научени лекции и патот напред“.

На дебатата дискутиравме за како да станеме енергетски поотпорен регион, како и за социо-економските импликации од зелената транзиција.

Следете нè! Во следниот период ќе организираме уште една Регионална дебата за јавни политики во областа на прехранбената сигурност.

Explore Fresh Market Produce With Eyecatching Price Tags Displayed Vibrant Colors Scaled.jpg

Мерките за ограничување на цените и маржите ја смируваат инфлацијата само во првиот месец, потоа таа се враќа

Во периодот од 2021 до 2024 година, Македонија беше соочена со значителен раст на инфлацијата, предизвикан од повеќе фактори. Нарушувањата во синџирите на снабдување и притисоците на одделни пазари (како тој на масло за јадење), предизвикаа ценовни притисоци уште во втората половина од 2021. Но, главниот удар врз цените дојде по почетокот на Руската инвазија врз Украина кон крајот на февруари 2022, настан кој предизвика тектонски геополитички и економски поместувања, што имаше силен одраз врз растот на цените на енергенсите и основните суровини. Споредено со ценовното ниво од почетокот на 2021 година, на крајот од 2024 година општото ниво на цени во Македонија е повисоко за 35%, додека нивото на цените на храната за 46.8%.
Во одговор на овој инфлациски притисок, Владата воведе низа мерки за ублажување на негативните последици по потрошувачката и животниот стандард на населението. Преземените мерки во периодот 2021-2024 година се однесуваат на замрзнување на цените на одредени основни производи и/или ограничување на трговските маржи, со цел да се спречи натамошно покачување на цените. Донесени беа вкупно девет основни одлуки до декември 2024, од кои три се однесуваат на ограничување на маржите, а останатите на ограничување на цените. Дел од нив се однесуваат на одредени производи од групата храна, а дел покриваат поширока палета производи од храна.
Наодите од анализата покажуваат дека мерките за ограничување на цените на храната извршиле благ агрегатен ефект и силен непосреден ефект. Просечната инфлација кај храната во периодите без примена на мерки изнесувала 0.5%, месец-за-месец. Со мерките, во просек инфлацијата кај храната била негативна најмногу до -1%, односно со мерките цените на храната се намалувале. Оттука, оценетиот ефект е релативно голем. Меѓутоа, тој ефект се разводнува по првиот месец од примената на мерката (кога таа траела подолго од еден месец). Ова означува дека додека мерките извршуваат најсилен очекуван ефект на намалување на цените на храната во првиот месец, тој ефект брзо се намалува веројатно заради прилагодувања на пазарната динамика (на пример, кај цени на алтернативни производи кои не се предмет на мерката).
Следниот наод укажува дека мерките за ограничување на цените на храната ја смируваат инфлацијата само привремено, бидејќи штом мерката престане да важи, цените повторно се зголемуваат. Инфлацијата се враќа на динамиката од пред мерката, скоро во целост, но не е проценето натфрлување.
Finance Think препорачува мерките за ограничување на цените на храната да се користат само во случаи на особено висока инфлација, а во сите останати случаи да се заменат со структурни мерки или мерки засновани врз пазарни принципи, и тоа: доследна и непристрастна примена на Законот за нефер трговски практики, зајакнување на капацитетот и алатките на Комисијата за заштита на конкуренцијата, ремонт на системот на земјоделски субвенции за поголемо домашно производство, и таргетирана буџетска поддршка на најранливите сегменти од населението.

1. State Aid As Percentage Of Gdp 1.png

Транспарентност, обем и насоченост на државната помош во Западен Балкан – Клуч за растот?

Finance Think ја публикуваше студијата „Зајакнување на економиите од Западен Балкан: Атрактивност и транспарентност на државната помош во регионот“. Линкот до целата анализа е тука.
Целта на оваа студија е да се истражат видовите, износите и мерките на државна помош што Владите од шесте земји на Западен Балкан им ги нудат на домашните и странските компании, со цел поттикнување на иновативноста, технолошкиот напредок, продуктивноста и сл.
Државната помош во земјите од Западен Балкан се движи од под 0,5% од БДП во Косово и Албанија, до 5,9 % од БДП во Србија (податоци од 2022). Северна Македонија доделува државна помош од 1,9% од БДП или 253 милиони евра (Графикон 1).

Генерално, во сите земји постојат голем број мерки на државна помош насочени кон три сегменти: земјоделци, домашни компании и странски компании. Во одредена мера, мерките се слични помеѓу земјите, особено оние што се насочени кон земјоделци и кон странските компании што оперираат во слободните економски зони. Ниската транспарентност, недостигот од информации поврзани со мерките и за износот на доделена помош е уште една сличност помеѓу анализираните земји.
Подетално, резултатите покажуваат дека државната помош доделена на земјоделците опфаќа повеќе од половина од вкупниот износ на државна помош во 4 земји (Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија). Од друга страна, доделената државна помош не може да се поврзе со зголемено растително и сточарско производство, што укажува на потребата да се преиспита целта, моделот и начинот на распределба на овој вид државна помош. На пример, во земјава, во последните две години е забележано значително намалување во износот на помош за сточарско производство, а количината на произведено месо константно се зголемува. Иако помошта за поддршка на растителното производство варира од година во година, производството на градинарски култури е релативно стабилно.
Државната помош за поддршка на домашните компании се разликува помеѓу земјите, особено од аспект на секторот што се таргетира. Над половина од помошта за домашните компании во Албанија е насочена кон преработувачката индустрија и туризмот. Србија е единствена земја што издвојува поголем дел од државната помош за поддршка на развојот на мали и средни претпријатија. Во Северна Македонија, над 90% од помошта е наменета за сите сектори, а остатокот е насочен кон преработувачката индустрија, енергетскиот сектор и туризмот. Слично е и во Босна и Херцеговина и Косово.
Доделената државна помош не треба да биде социјална помош за компаниите. Таа треба да води кон зголемена продуктивност, иновативност, конкурентност, работни места, технолошки развој на компанијата примател и на економијата во целина. Зголемениот износ на државна помош доделена за иновации е поврзан со подобар ранг на Македонската економија на Глобалниот индекс на иновации. Воведувањето помош за нови старт-ап и спин-оф компании е поврзано со зголемен број новоосновани компании. Од друга страна, иако помошта за нови вработувања и обука и специјализација на вработените контирнуирано се зголемува, продуктивноста на трудот во земјава не се подобрува.
Сите земји од Западен Балкан, со исклучок на Косово, нудат широка лепеза на атрактивни мерки за привлекување и поддршка на странски инвеститори. Шемата за државна помош на странските инвеститори во Северна Македонија е оценета како најтранспарентна, едноставна и атрактивна, во споредба со останатите земји. Сите странски компании, без разлика на локацијата, може да ги користат мерките предвидени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кои според анализата опфаќаат две третини од државната помош доделена на странските инвеститори. За другите анализирани земји, податоци за доделената помош на странски инвеститори се нецелосни (Србија и Албанија) или не постојат (Босна и Херцеговина и Црна Гора) што укажува на потребата од зголемување на транспарентноста на институциите задолжени за менацмент и контрола на овој вид помош.
Препораките од анализата се насочени кон три сегменти: 1) Подобрување на регионалната соработка, со цел усогласување на политиките за државна помош, овозможувајќи поинтегриран пазар кој може да привлече прекугранични инвестиции и да го стимулира регионалниот развој. Ова може да се постигне преку заеднички иницијативи, размена на најдобри практики и создавање регионални фондови насочени кон заеднички предизвици; 2) Фокусирање на државната помош кон стратешки сектори, преку промовирање иновации, дигитализација и одржливост. Во иднина, помошта треба да се насочи кон сектори како зелени технологии, обновлива енергија и дигитална инфраструктура, со цел позиционирање на земјите како конкурентни играчи на глобалниот пазар; и 3) Зголемување на транспареноста и отчетноста на надлежните институции преку воведување поробустни механизми за мониторинг и известување за видовите и износите на доделена државна помош.

Financial Discipline Internal Banner Mobile 750x4005 1.jpg

Предизвици и можности за фискалната дисциплина во Северна Македонија: Наоди од најновата студија

Фискалниот совет на Република Северна Македонија и Finance Think – Институт за економски истражувања и политики организираа дебата на која беа презентирани наодите од студијата „Фискална дисциплина и ефикасност на фискалните правила во Северна Македонија: патот кон одржливост“. Анализата го опфаќа периодот од 2008 година до 2024 година. Податоците за јавниот долг и буџетските приходи […]
The post Предизвици и можности за фискалната дисциплина во Северна Македонија: Наоди од најновата студија first appeared on Finance Think.
The post Предизвици и можности за фискалната дисциплина во Северна Македонија: Наоди од најновата студија appeared first on Finance Think.

463021301 1156451073147820 6148475802980662598 N 1.jpg

Благица Петрески во подкастот „Каде се парите со Горан Теменугов“

1/4 (четвртина) од жените се домаќинки и се надвор од пазарот на труд Околу 250.000 жени во државава се домаќинки и се надвор од пазарот на труд, во време кога фирмите увезуваат работници од странство. Научната студија на “Фајнанс тинк” ги откри причините зошто жените не работат, но даде и насоки како оваа состојба да […]
The post Благица Петрески во подкастот „Каде се парите со Горан Теменугов“ first appeared on Finance Think.
The post Благица Петрески во подкастот „Каде се парите со Горан Теменугов“ appeared first on Finance Think.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор