Author: Центар за граѓанска иницијатива

  • КАРАВАН ЗА ЕДНАКАВОСТ

    Во рамки на проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: Зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“, во месеците април и мај успешно беше реализиран дел од караванот за еднаквост.
    Со караванот проектот ефективно ги ангажира членовите на заедницата за подигнување на свеста за клучните прашања за родова еднаквост и промовира значаен дијалог и акција за родова еднаквост и благосостојба на заедницата. Караванот беше поставуван во центарот на 5 општини (Прилеп, Долнени, Могила, Новаци и Кривогаштани) во овој период.
    Во центрите на општините беа поставувани штандови за промоција на проектот, со банери и промотивни материјали. Истовремено, се емитуваа аудио текстови за проектот и активностите поврзани со него. Со локалното население се среќаваа претставници на проектот, како проектни координатори, волонтери, правник и психолог, кои им даваа бесплатни услуги на граѓаните. На овие настани се договараа и понатамошни средби и обезбедување помош во иднина.
    На настаните беа поделени промотивни флаери на македонски, ромски, албански и турски јазик. Поставени беа пораки за родова еднаквост, а беа споделени и приказни од учесниците.
    За време на караванот, покрај средбите во центарот и пренесувањето на искуствата, тимот на проектот реализираше прошетки низ населените места, делејќи промотивни материјали во институции како општини, училишта, продавници, амбуланти и аптеки — места каде што локалното население има поголема фреквенција.
    „Нејзин глас – нејзина моќ: Зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“  е проект на Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп што се спроведува во партнерство со Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ од Прилеп и Мултиетнчничко здружение за сите воздрасти од с. Црнилиште, Долнени. Проектот е подржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

  • ЕДУКАЦИЈА И ИНФОРМАЦИЈА НА ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ – „ПРЕВЕНЦИЈА ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ“

    Во месеците март и април 2025 година, успешно се одржаа три тематски предавања на тема „Превенција за подобро здравје“ во општините Могила, Новаци и Битола. Ова беше втората серија на предавања низ општините во пелагонискиот регион како дел од проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“. Овие предавања како и претходните во општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани, се организираа со цел да се подигне свесноста на локалното население за важноста на здравствената превенција и промоција на здрави животни навики.
    На предавањата присуствуваа граѓани од различен пол и возраст кои активно се вклучуваа со прашања и коментари. Предавањата беа насочени кон различни аспекти на здравјето, вклучувајќи превенција на хронични болести, значењето на здравата исхрана и физичката активност, како и важноста на менталното здравје. Содржините понудени на овие средби имаа за цел да го едуцираат локалното население за превентивните мерки кои можат да придонесат за подобрување на здравјето, промоција на здрави животни навики кои вклучуваат правилна исхрана, редовна физичка активност и управување со стрес. Објаснети беа основите на здрава исхрана, како и важноста на физичката активност за одржување на здравјето. Особено внимание беше посветено на менталното здравје и техниките за справување со стрес.
    „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“  е проект на Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп што се спроведува во партнерство со Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ од Прилеп и Мултиетнчничко здружение за сите воздрасти од с. Црнилиште, Долнени. Проектот е подржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

  • Едукација и информација на локалното население

    Во месец декември 2024 година, успешно се одржаа три тематски предавања на тема „Превенција за подобро здравје“, како дел од проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“ , со цел да се подигне свесноста на локалното население за важноста на здравствената превенција и промоција на здрави животни навики.
    Предавањата беа насочени кон различни аспекти на здравјето, вклучувајќи превенција на хронични болести, значењето на здравата исхрана и физичката активност, како и важноста на менталното здравје. Предавањата беа одржани дирекно во заедниците во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Најмалку 90 лица граѓани од различни возрасти и социјални групи беа опфатени со активностите кои имаа за цел да го едуцираат локалното население за превентивните мерки кои можат да придонесат за подобрување на здравјето, промоција на здрави животни навики кои вклучуваат правилна исхрана, редовна физичка активност и управување со стрес.
    На предавањето беше ставен фокус на превенцијата на најчестите хронични болести. Присутните беа информирани за знaчењето на редовни здравствени прегледи (скрининг), како и на правилно управување со ризичните фактори како што се пушење и нездрава исхрана. Беше истакнато значењето на правилната исхрана и редовната физичка активност за превенција на болести. Објаснети беа основите на здрава исхрана, како и важноста на физичката активност за одржување на здравјето. Особено внимание беше посветено на менталното здравје и техниките за справување со стрес.
    Поради сѐ поголемото внимание на здравствени теми, предавањето беше изразито добро прифатено од учесниците. Учесниците покажаа активно интересирање за превентивни мерки и побараа дополнителни информации за здрави навики.
    Спроведените предавања за превенција на здравјето во месец декември беа успешно реализирани и покажаа висок степен на ангажман од страна на локалното население. Овие активности не само што ја зголемија свесноста за важноста на здравствената превенција, туку и ги мотивираа учесниците да преземат конкретни чекори за подобрување на своето здравје.
    „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“  е проект на Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп што се спроведува во партнерство со Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ од Прилеп и Мултиетнчничко здружение за сите воздрасти од с. Црнилиште, Долнени. Проектот е подржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

  • Школа за родова еднаквост

    Преку едукација и ресурси, создаваме одржливи модели на организирање на заедницата за унапредување на родовата еднаквост во регионот.
    Во рамки на проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“, во месец декември беше успешно реализирана Школа за родова еднаквост. На школата за родова еднаквост зедоа учество 20 лица од Пелагонискиот регион, кои беа избрани со цел да се обучат и едуцираат на теми поврзани со родовата еднаквост, правата на жените и девојките и начини за активно учество во нивното  зајакнување.
    Целта на школата беше да се создаде мрежа на родови промотори кои ќе продолжат да работат на имплементацијата на проектот во своите заедници и кои ќе придонесат за подигнување на свесноста за родовата еднаквост и важноста на оснажување на жените и девојките во Пелагонија.
    Школата беше спроведена преку интерактивни работилници, предавања, групни дискусии и студии на случаи. Програмата ги опфати темите на основи на родовата еднаквост преку кои учесниците учеа за основни теоретски концепти, како што се род, пол, родова улога и родови стереотипи. Учениците научија како да разликуваат родова дискриминација од други видови нееднаквости, специфичните предизвици со кои се соочуваат жените и девојките во Пелагонија, како што се ограничените можности за вработување, недостатокот на образовни ресурси, како и социокултурните бариери. Учесниците научија како да се организираат и да влијаат на своите заедници преку кампањи, јавни говори и иницијативи за промена на ставовите и законодавството во врска со родовата еднаквост. Истите се стекнаа со вештини за идентификување и решавање на проблемите на жените во своите локални заедници.
    Реализацијата на Школата за родова еднаквост претставува значаен чекор кон зајакнување на жените и девојките во Пелагонија, како и нивно активно вклучување во процесот на промена на свеста и ставовите во нивните заедници. Со оваа школа, проектот не само што обезбедува неопходна едукација и ресурси за учесниците, туку и создава трајни влијанија преку формирањето на мрежа од промотори на родова еднаквост која ќе продолжи да работи на унапредување на родовата еднаквост во регионот.
    „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“  е проект на Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп што се спроведува во партнерство со Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ од Прилеп и Мултиетнчничко здружение за сите воздрасти од с. Црнилиште, Долнени. Проектот е подржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

  • ЗАМЕНИК АМБАСАДОРОТ ОД АВСТРАЛИСКАТА АМБАСАДА ВО БЕЛГРАД ВО ПОСЕТА НА ЦГИ

    На 30.10.2024, Центар за граѓанска иницијатива беше посетен од Филип Г. Андерсон, Заменик амбасадор во Амбасадата на Австралија за Србија, Северна Македонија и Црна Гора во Белград и Почесниот конзул, Зоран Костовски. На средбата со тимот на Центар за граѓанска иницијатива беа запознати со работата и резултатите  на организацијата во изминатите 27 години, а потоа […]

  • Завршна конференција на проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА”

    На 9 октомври во салата на Општина Девол во Албанија  се одржа завршната конференција од проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА” кој е финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а е во реализација на Здружение Центар за […]

  • Пренесување на искуства

    Дел од тимот на Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен беше во посета на колегите од комуналното претпријатие во Општина Девол во Република Албанија. Оваа средба беше во рамките на проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА” кој е финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка […]

  • Сензори за квалитет на пречистена вода и мобилна апликација

    Во рамките на проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА”, финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а во реализација на Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп , Општина Ресен, Организација за управување со дестинации од Корча и Општина […]

  • ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА Проект: Програма за социјални станови за Роми во Кичево

    Во рамките на Проектот: Програма за социјални станови за Роми во Кичево, реализиран од Здружение Центар за граѓанска иницијатива Прилеп во партнерство со Општина Кичево, на ден 30.09.2024 година во просториите на Совет на Општина Кичево се одржа завршна конференција.  На конференцијата учестуваа претставници од граѓански организации, бизнис сектор, јавни институции и претставници на Совет […]

  • Работилница за Акционен план за управување со онлајн системот и пречистителни станици во општините Ресен и Девол

    Во просториите на Општина Девол се одржа работилница, за развој на прекуграничен акционен план за управување со онлајн системот и пречистителните станици на општина Ресен и Девол. На работилницата учествуваа претставници од општините Ресен и Девол и комуналните претпријатија од овие општини. Се разгледуваше структурата на Акциониот план и законската регулатива во двете држави која […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор