Author: Здружение на граѓани ЦИВИЛ - Центар за слобода Скопје

ЦИВИЛ – Центар за слобода е непрофитно и невладино национално граѓанско здружение, активно во полето на човековите права мирот и контролата на оружје, основано на 25 ноември, 1999
цивил

ЦИВИЛ ја зајакнува и проширува својата организациска и медиумска структура

ЦИВИЛ е во потрага по соработници и волонтери за организацијата, како и за медиумската платформа. Се разбира, предност имаат активните поддржувачи и членови на организацијата кои деновиве ќе добијат насоки за аплицирање и за ажурирање на нивното членство. Воедно, ЦИВИЛ објавува дека во тек е процесот на зајакнување на организациската…

цивил

ЦИВИЛ со дебата и во Гевгелија: Пописот е статистика, а не политика

По извонредните дебати во Штип и Гостивар, на рутата на јавни настани во организација на ЦИВИЛ се најде и Гевгелија. „Попис: Статистика, не политика“ е насловот на панел дискусијата што ќе се одржи и во Гевгелија, в среда, на 11 март 2021, во Домот на културата, со почеток во 13…

цивил

Програма што не се пропушта: Вебинар на ЦИВИЛ за граѓанско новинарство и медиумска писменост

ЦИВИЛ ќе одржи бесплатни вебинари за граѓанско новинарство и медиумска писменост на 19 и 20 март (петок и сабота) со почеток во 13 часот. Вебинарите ќе траат најдоцна до 17:30 часот. Можност за учество имаат сите заинтересирани што сакаат да стекнат нови информации и вештини од областа на новинарството и мониторингот. За…

цивил

ЦИВИЛ го започна проектот „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ во соработка со Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург

ЦИВИЛ го започна проектот Направи разлика: Почитувај ги различностите во соработка со Министерството за надворешни и европски прашања на Големото војводство Луксембург. Проектот е продолжение на минатогодишната извонредно успешна иницијатива Обединети во различноста. Направи разлика: Почитувај ги различностите е проект за промовирање на мултикултурализмот и европските вредности. Проектот има цел да ги ублажи разорните последици…

цивил

На повидок големи промени во изборниот систем

Во јавноста сè погласни се најавите за реформа на изборниот модел и сведување на шесте изборни единици на една. СДСМ веќе одамна ја објави подготвеноста за оваа крупна промена во изборниот систем, а сега и помалите партии од опозицискиот и од мнозинскиот блок јавно се залагаат за тоа. Редно е…

цивил

Претставници на власта и опозицијата на дебата на Цивил во Штип: „Пописот е статистика, а не политика“

Градоначалникот на Штип, Сашко Николов, Претседателката на Совет на општина, Маријана Рогожарска Поповска, Претседателката на пописна комисија, Соња Китанова, Кординаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Здравков, Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Христина Серафимовска, Директорот на Дом на млади, Горан Трајков и главниот уредник на ТВ Ирис, Војо Маневски, се седумте учеснички…

цивил

Панел на ЦИВИЛ во Штип: Пописот е статистика, а не политика

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Попис: Статистика, не политика“ на 4 март 2021 (четврток), хотел „Оаза“, Штип, со почеток во 16 часот. Во согласност со мерките за заштита од Ковид-19, панел дискусијата ќе биде одржана без публика, но ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а…

цивил

Панел дискусија на ЦИВИЛ: Како сè може да се (зло)употреби пописот?

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?“ во вторник 9 февруари, во хотел „Солун“, Скопје, со почеток во 13 часот. Учесници на панел дискусијата се Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје, Љупчо Зиков, главен и одговорен…

цивил

ЦИВИЛ: Борбата за човековите права и слободи продолжува!

ЦИВИЛ им го честита 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија и на светот и порачува: Борбата за човековите права и слободи продолжува! Меѓународниот ден на човековите права, е повик за вклучување на сите граѓанки и граѓани во бескомпромисна борба  во одбрана…

цивил

Македонската јавност се сеќава: Кон што води говорот на омраза?! Неказнивоста мора да престане

Политиката на неказнивост на ширењето и промовирањето на говор на омраза во јавниот простор, на некој начин може да се сфати и како нивно оправдување. Молкот и неказнивоста имаат ист ефект како и да се изразува согласност, па и поттикнување. Дотолку пострашно, тоа го охрабрува користењето на говорот на омразата…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор