Author: Здружение ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје

  • Социјалните мрежи, интернет порталите и говорот на омраза

    Во денешниот дигитален свет, социјалните медиуми играат централна улога во креирањето, дистрибуцијата и консумирањето на информации. Сепак, оваа дигитална револуција донесе и сериозни предизвици, особено во контекст на регулирањето на содржините што се објавуваат онлајн. Прашањата за одговорноста на платформите за кориснички содржини се сè поактуелни, бидејќи социјалните медиуми стануваат главно бојно поле за ширење дезинформации, говор на омраза и други форми на злоупотреба.
    Во контекст на младите, кои се меѓу најактивните корисници на социјалните мрежи, прашањето за медиумската писменост е клучно. Истражувањата покажуваат дека младите се ранливи на дезинформации и говор на омраза, што укажува на потребата од поголема едукација за критичко размислување и одговорно користење на дигиталните платформи. Исто така, постојат и глобални иницијативи за регулација на онлајн содржините, како што се Европскиот акт за дигитални услуги (DSA) и други меѓународни и регионални политики, кои имаат за цел да создадат баланс меѓу слободата на изразување и заштитата од злоупотреби.
    Во 2024 година, Хелсиншки комитет спроведе истражување поврзано со дигиталните права – Процена на знаење, вештини и ставови кај средношколците[i], во кое 49% од испитаниците посочиле дека не добиле формално образование за медиумска писменост, 19,5% од испитаниците посочиле дека не се запознаени со механизмите што постојат за известување и борбата против лажни вести и дезинформации на одредени онлајн платформи, а 60% од испитаниците сметаат дека образованието за медиумска писменост треба да биде задолжителен дел од училишната програма.
    Сепак, во една лавина од информации и размени во онлајн просторот и на социјалните мрежи, покрај говорот на омраза кој се шири преку објавите од приватните профили, интернет порталите подзабораваат за обврската за модерирање на коментарите кои преставуваат ширење на говор на омраза, омаловажување и повикување на насилство кон одредени групи.
    Пресудата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во случајот “Делфи АС против Естонија” од 2015 година е преседан кој ја отвори оваа дискусија, поставувајќи го прашањето: До кој степен треба да бидат одговорни интернет порталите за содржината што ја објавуваат нивните корисници?

    Насловна страница: Институт за медиуми и анализа (ИМА)

    Во продолжение е целата анализа 

  • Анастасовска: Медиумите да ги отстранат коментарите коишто содржат говор на омраза и имаат потенцијал да предизвикаат штетни последици во општеството

    Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) на 18 декември организираше панел – дискусија на тема: „Дискриминацијата и говорот на омраза во медиумите и јавната комуникација“,
    Панелистите  Лимко Бејзароски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Билјана Георгиевска, извршна директорка на СЕММ, Славица Анастасовска од Хелсиншки комитет за човекови права и Сара Миленковска од Коалиција Маргини,  ги претставија нивните наоди и анализи на оваа тема. Модератор беше Петрит Сарачини.
    Говорот на омраза и дискриминацијата се’ повеќе се засилува, особено во последните години на социјалните мрежи. За жал, оваа тема не допира доволно до јавноста, се согласија панелистите.
    Лимко Бејзароски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), рече дека според бројот на претставки  на второ место се  претставките за јавно информирање и медиуми.
    Посочи три примери за кои  Комисијата постапувала по службена должност – за изјава на „експониран политичар“ кој во дебатна емисија негирал постоење на турската етничка заедница во Македонија, пратеник кој со коментари на Фејсбук поттикнувал дискриминација на трансродови лица и свештеник на јавен настан на ТВ кој „извршил вознемирување врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет кон ЛГБТ заедницата“.
    Билјана Георгиевска, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), рече дека повеќе 90 отсто од пријавите се за онлајн-медиумите.
    Прекршување на кодексот за одговорно новинарство е секојдневие, особено во онлајн-медиумите. Модерирањето на коментарите на профилите на социјалните мрежи на медиумите и бришењето на навредливите и дискриминаторски коментари  треба биде сериозна задача зашто медиумите стануваат  платформа за натамошно ширење на говорот на омраза.
    Славица Анастасовска, правна советничка во Хелсиншкиот комитет за човекови права истакна дека се забележува континуиран говор на омраза особено на социјалните мрежи. Тргнувајќи од фактот дека се’ повеќе млади луѓе го користат овој простор, практично и делата од омраза кои што ги регистрира Хелсиншкиот комитет најмногу се случуваат помеѓу млади лица, сторители и жртви.
    „Гледаме континуиран и вирален говор на омраза, особено видлив на социјалните мрежи, но резултати од кривичните пријави до надлежните институции нема.
    Секоја година алармираме до институциите дека треба да се покрене постапка, заради тоа што во овие случаи и кога станува збор за ваков говор на омраза, повикувањето на насилство и одобрување на геноцид, кои се две категории коишто Европскиот суд за човекови права ги смета како особено отежителни и наша обврска како држава да се справуваме со ваквиот тип на говор на омраза – стои“, рече Анастасовска.
    Таа истакна дека досега Хелсиншкиот комитет поднел десетици пријави, но нема ниту едно покренато обвинение и укажа дека порталите мора да внимаваат како ги модерираат коментарите и да ги отстранат тие со говор на омраза зашто стануваат вирални.
    „Оваа година имаме регистрирано повеќе од илјада случаи на говор на омраза. Не се сите кривични, има и вознемирување и поттикнување на насилство во смисла на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Оваа година пикот беше за време, пред и по изборите и вториот врв на говорот на омраза е за Парадата на гордоста, што се случува секоја година“, рече  Анастасовска.
    Во коментарите на онлајн-медиумите има и одобрувања на убиства, семејно насилство и фемициди што дополнително охрабруваат насилни однесувања. Таа заклучува дека тешките и загрозувачки форми на говор на омраза, особено оние кои стануваат вирални, може многу лесно да се пресликаат во физичкиот простор, па затоа е неопходно медиумите проактивно да ги модерираат коментарите на објавените содржини.
    Сара Миленковска од Коалиција „Маргини“ рече дека се забележливи антиродови движења кои веќе се институционализирале и сега креираат антиродиви политики што водат кон замолчување на активисти и уметници кои се занимаваат со овие теми.
    Самата држава, рече, не учествува во заштита на трансродовите лица и главен аргумент на Обвинителството за непостапување по вакви случаи е што кај нас не е регулиран статусот на трансродовите лица поради што и не можат да бидат заштитени.
    Најчесто дискриминацијата и говорот на омраза е по основа на етничка припадност, сексуална ориентација и родов идентитет.

    Во продолжение анализата на Славица Анастасова Социјалните мрежи, интернет порталите и говорот на омраза.

  • Мрежата за заштита од дискриминација бара итно да се повлечат законските измени за основно и средно образование

    Усвојувањето на овие измени ќе ги направи законите за основно и средно образование контрадикторни на одредбите и духот на Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој го препознава родот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација. Усогласувањето и дополнувањето на законските решенија, особено оние закони во чиј центар се наоѓа добробитта на детето, мора да бидат проследени со вистински и значаен придонес од стручната јавност, односно професионалци кои својот професионален капацитет го посветиле на овие области. Недостатокот на ваквиот придонес кон креирањето на законските измени и втората причина за нашата реакција. За жал, уште еднаш бевме сведоци на нетранспарентна постапка, без вклучување на стручната јавност и со оневозможување на општата јавност да учествува во процесот заради фактот што текстот на измените и дополнувањата ја доби својата последна форма и клучни измени по истекувањето на рокот за доставување на коментари преку алатката ЕНЕР.

    Поради тоа, потенцираме дека можните објаснувања од надлежните институции дека експерти биле вклучени во изработката на овие закони е погрешно прикажување на фактите. Нацрт-законите веќе ја пројдоа првата фаза на процесот на усвојување пред Собранието на Република Северна Македонија, а Законодавно-правната комисија и Комисијата за образование, наука и спорт одлучија дека законите се подобни за да продолжат на пленарна седница на Собранието. Пленарната седница на Собранието помина во исклучително краток рок, нетранспарентно и без јавна расправа, и покрај тоа што истата беше побарана и од Комисија за спречување и заштита од дискриминација и Мрежата за заштита од дискриминација.

    Сакаме уште еднаш да потенцираме дека исклучувањето на овие заштитени групи од законот ќе резултира со непостоење на мерки за спречување на насилство и/или физичко малтретирање, но и ќе испрати сигнал дека дејствијата на исклучување и угнетување на овие групи во општеството не се казнува, се охрабрува, а со самото тоа и дека се очекува.

    Со ваквите постапки , Министерството за образование и наука одлучува да ги игнорира постојните информации и истражувања од терен, а коишто говорат за исклучителната ранливост на ЛГБТИ децата и девојчињата, непосредно загрозувајќи ја нивната безбедност, и придонесувајќи кон условите коишто креираат состојба на кревко ментално здравје кај овие деца. Имено, истражувањата укажуваат дека ЛГБТ младите четири пати почесто се изложени на малтретирање од своите врсници во училиштата, а оваа тенденција постојано расте, со можност да стане нормализирана. ЛГБТИ децата во Северна Македонија се меѓу најранливите групи, со зголемен ризик од сајбер насилство, семејно и окружувачко насилство. Речиси 30% од нив три пати почесто се жртви на сајбер насилство во споредба со хетеросексуалните врсници. Дополнително, 15-годишници со хомосексуална и бисексуална ориентација почесто страдаат од психосоматски симптоми (74%), чувства на тага и безнадежност (47%) и сериозни самоубиствени мисли (30%), што укажува на недостаток на семејна поддршка и посебни предизвици со менталното здравје.

    Малтретирањето, исклучувањето од врсничката група и недостатокот на препознавање и поддршка од семејството и наставниците се фактори кои директно влијаат на менталното здравје на децата.

    Имајќи го предвид горенаведеното, бараме итно повлекување на предложените законски измени, отворање на транспарентна јавна дискусија во која ќе бидеме вклучени како експерти во областа на дискриминацијата и правата на маргинализираните деца и млади, и Министерството јавно да покаже дека животите и безбедностa на сите ученици, вклучително и на на ЛГБТИ децата и девојчињата, се подеднакво вредни и ценети.

  • Да ја доближиме правдата до граѓните

    Минатата недела се одбележа Меѓународниот ден на човековите права под мотото „Да ја доближиме правдата до граѓните“. По тој повод, беше одржана свеченост и панел дискусија во организација на програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје и Националното координативно тело за бесплатна правна помош во кое учествуваат претставници на Министерството за правда, на правните клиники и на овластените здруженија за БПП.

    Правниот советник во Хелсиншкиот комитет за човекови права, Зоран Василески, беше говорник на темата „Важноста на системот за бесплатна правна помош во зајакнувањето на ранливите граѓани: Споделување позитивни примери и увиди од судската пракса на ЕСЧП“, при што се осврна на искуствата на овлстатените здруженија при примената на Законот за бесплатна правна помош во последните 5 години.

    Тој ги истакна позитивните примери на пружена правна заштита на најранливите категории граѓани, но укажа и на потребата од натамошно подобрување на законскиот текст во насока на олеснување на условите за одобрување секундарна правна помош за сиромашните граѓани, како и на потребата од зголемување на обемот на правни области опфатени со примарната правна помош.

    Свеченоста беше затворена со доделување признанија на децата и младите победници на конкурсот за уметнички творби, кои на креативен начин ги изразија нивните погледи и стремежи по повод Меѓународниот ден на човековите права.

  • Се подготвува Платформа за следење на фемицидите во Северна Македонија

    Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје,  на 11 декември се одржа експертска дебата на тема „Презентација на нацрт методологија за воспоставување на платформа за следење на фемицид во Северна Македонија“, како продолжение на активностите за подигнување на свеста на заедницата за насилството врз жените и девојчињата. Авторки на нацрт методологијата за платформата за […]
    Read More… from Се подготвува Платформа за следење на фемицидите во Северна Македонија
    The post Се подготвува Платформа за следење на фемицидите во Северна Македонија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Хелсиншки комитет одбележува 30 години борба за унапредување и заштита на човековите права

    Хелсиншкиот комитет за човекови права оваа година го прославува својот 30 – годишен јубилеј, одбележувајќи го симболично на Денот на потпишувањето на Универзалната декларација за човекови права, 10 декември. На свеченоста на Правниот факултет во Скопје, присутните професори, правници, претставници на граѓанските организации и на медиумите и бројните гости  имаа можност да видат дел од документарниот филм […]
    Read More… from Хелсиншки комитет одбележува 30 години борба за унапредување и заштита на човековите права
    The post Хелсиншки комитет одбележува 30 години борба за унапредување и заштита на човековите права appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Центарот за граѓански комуникации и Лила Милиќ се добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за човекови права

    На Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември, во Собранието на Република Северна Македонија свечено беше  врачена државната награда „Мето Јовановски“ за 2024 година, чии лауреати се Центарот за граѓански комуникации и Лила Милиќ „Иницијатор за востановување на оваа  награда беше Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој годинава го одбележува својот 30 – годишен јубилеј. […]
    Read More… from Центарот за граѓански комуникации и Лила Милиќ се добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за човекови права
    The post Центарот за граѓански комуникации и Лила Милиќ се добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за човекови права appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ден на човековите права: Наши права, наша иднина – сега!

    Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември, годинава, се одбележува под мотото „Наши права, наша иднина – сега!“, афирмирајќи ја можноста да ги поттикнат поединците и заедниците да создадат подобро утре и фокусирајќи се на тоа дека човековите права играат клучна улога како превентивна, заштитна и трансформативна сила во решавањето на најголемите грижи на светот […]
    Read More… from Ден на човековите права: Наши права, наша иднина – сега!
    The post Ден на човековите права: Наши права, наша иднина – сега! appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Хелсиншки комитет за човекови права одбележува 30 години постоење

    Хелсиншкиот комитет за човекови права оваа година го прославува својот 30 – годишен јубилеј, одбележувајќи го симболично на Денот на потпишувањето на Универзалната декларација за човекови права, 10 декември. Хелсиншкиот комитет во изминативе 30 години ја следи и работи на унапредувањето на состојбата со човековите права, обезбедува правна помош на сите маргинализирани и ранливи категории […]
    Read More… from Хелсиншки комитет за човекови права одбележува 30 години постоење
    The post Хелсиншки комитет за човекови права одбележува 30 години постоење appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Отворен повик за наградата КВИР МАКЕДОНИУМ

    Награда за творештво во областа на квир уметноста   Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје, во соработка со Коалиција Маргини, ХЕРА и Еквалис, објавува за првпат отворен повик за наградата КВИР МАКЕДОНИУМ, Награда за творештво во областа на квир уметноста. Во рамки на овој повик за наградата, на квир уметноста не и’ пристапуваме исклучиво […]
    Read More… from Отворен повик за наградата КВИР МАКЕДОНИУМ
    The post Отворен повик за наградата КВИР МАКЕДОНИУМ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор