ОТВОРЕН ПОВИК за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство
Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, објавува:
ОТВОРЕН ПОВИК
за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство
Овој повик има за цел избор на позната личност (инфлуенсер/ка) која/а ќе биде ангажиран/а за учество и придонес во спроведувањето на 10 работилници насочени кон подигање на свеста кај младите за препознавање, превенција и спречување на родово базирано и семејно насилство.
Опис на ангажманот:
Целта на ангажманот е преку јавната препознатливост, влијанието и присуството во живо и на социјалните мрежи на избраното лице да се зголеми видливоста и досегот на кампањата, да се поттикне интересот и активното вклучување на младите и да се пренесат јасни пораки за важноста на ненасилството, почитувањето, еднаквоста и меѓусебната поддршка.
Избраниот/ата инфлуенсер/ка ќе има улога на јавен промотор и поддржувач на кампањата, преку активно учество во нејзината комуникација и промоција.
Ангажманот ќе опфати:
- учество во реализацијата на 10 работилници со млади девојки во средни училишта и факултети во Прилеп и Битола, кои ќе се одржат во перидот 25 ноември – 10 декември 2026 година;
- споделување лични искуства, пораки и ставови што ќе ги мотивираат младите девојки да препознаваат и да се спротивставуваат на насилството;
- промовирање на работилниците и проектните пораки преку сопствените профили на социјалните мрежи, особено Instagram, со цел досегнување до поширока публика и зголемување на информираноста кај младите.
- координација со проектниот тим во врска со реализацијата на предвидените активности;
Кој може да се пријави?
Право на пријавување имаат лица кои ги исполнуваат следните услови:
- имаат препознатливост и позитивен јавен имиџ во јавноста и меѓу младите;
- поседуваат активен профил на социјалната мрежа Instagram со најмалку 10.000 следачи;
- имаат влијание врз својата публика и способност за креирање и споделување содржини што поттикнуваат интерес и ангажираност;
- имаат интерес и подготвеност да придонесат кон подигање на свеста за превенција на насилството врз жените и семејното насилство;
- се подготвени да учествуваат во сите 10 работилници, во координација со проектниот тим.
Предност ќе имаат кандидати со претходно учество во јавни, едукативни, младински или општествено одговорни иницијативи, како и лица кои преку својата работа и јавен ангажман промовираат ненасилство, еднаквост и почитување на човековите права.
Финансиски услови:
За ангажманот е предвиден вкупен бруто износ од 60.000 МКД. Исплатата ќе се реализира согласно склучениот договор и важечките законски прописи.
Како да се пријавите?
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- кратка биографија (CV) или краток професионален профил;
- мотивациско писмо (до една страница), во кое ќе ја образложат својата заинтересираност за ангажманот и придонесот што можат да го дадат;
- линк до Instagram профилот, односно профилите на социјалните мрежи преку кои кандидатот ја остварува својата јавна комуникација.
- финансиска понуда за учество во 10-те работилници.
Документите треба да се достават на е-пошта: stanicapet@gmail.com, со назнака „Пријава за позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство“, најдоцна до 06.11.2026 година.
За дополнителни информации обратете се на: 076/278-753.
Ангажманот е дел од проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, кој го спроведува Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на програмата „Јакнење на жените, заштита на правата: зајакнување на граѓанското општество за борба против родово заснованото насилство во Северна Македонија“, финансиски поддржан од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ (The Kvinna till Kvinna Foundation) и Шведска, а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.





![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52336](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/Sorabotka_-_pixabay-768x512.png)

