Untitled Design(4)
|

Повик за ангажман на правно или физичко лице за снимање, фотографирање, монтажа и промоција на јавни настани

„Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“

Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.

Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски и социјален статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.

Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.

Проектот „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот е поддржан од Француската Развојна Агенција – Expertise France.

1.1. Предмет на ангажманот и работни задачи

Здружението ЕСЕ објавува повик за ангажирање правно или физичко лице за снимање, фотографирање, монтажа и промоција на еден „герила“ настан во Скопје и четири локални јавни трибини во Куманово, Тетово, Свети Николе и Прилеп, во рамки на национална мултимедијална кампања насочена кон подигнување на јавната свест за корупцијата во здравството.

Настаните ќе се реализираат во септември и октомври 2025 година, на датуми кои дополнително ќе се договорат со ЕСЕ. Ангажираното лице/тим треба да биде достапно за теренско снимање и фотографирање во наведените градови, како и за навремена обработка и доставување на финалните материјали.

Ангажираното лице ќе биде задолжено за:

  • подготовка на краток план за снимање, фотографирање и медиумска промоција на настаните;
  • професионално видео снимање и фотографирање на „герила“ настанот во Скопје;
  • професионално видео снимање и фотографирање на четири локални јавни трибини во Куманово, Тетово, Свети Николе и Прилеп;
  • снимање атмосфера, клучни пораки, изјави/инсерти, активности и реакции на учесници/публика, во согласност со насоките на ЕСЕ;
  • обработка и селекција на фотографии од секој настан;
  • монтажа на целосна снимка од секој настан/трибина, со основна обработка на звук, слика, наслови/шпици и техничко приспособување за архивирање и споделување;
  • подготовка на кратки видеа/рилс за социјални медиуми од „герила“ настанот и од локалните јавни трибини;
  • подготовка на кратко промотивно видео или highlight видео од кампањските активности, доколку е договорено со ЕСЕ;
  • техничко приспособување на фото и видео материјалите за објава на веб-страница, Facebook, Instagram и други дигитални канали;
  • подготовка на предлог-кратки текстови/описи за објави на социјални медиуми, доколку е потребно;
  • доставување на финални обработени материјали и организирана архива од сурови/изворни материјали, во договорен формат.

1.2. Очекувани резултати

  • видео и фото документација од „герила“ настанот во Скопје;
  • видео и фото документација од четири локални јавни трибини во Куманово, Тетово, Свети Николе и Прилеп;
  • целосно монтирана снимка од секој настан/трибина, погодна за архивирање и понатамошна употреба;
  • селекција на обработени фотографии од секој настан;
  • кратки вертикални видеа/рилс за социјални медиуми, подготвени во формат погоден за објава;
  • кратко промотивно/highlight видео од кампањските активности, доколку е договорено со ЕСЕ;
  • финални материјали доставени во договорен квалитет, формат и рок;
  • организирана дигитална архива со финални и, по потреба, сурови материјали.

1.3. Потребни квалификации и капацитет

На повикот можат да аплицираат правни и физички лица. Претходно искуство со јавни кампањи и настани ќе се смета за предност, но нема да биде задолжителен услов доколку понудувачот покаже соодветен технички капацитет, квалитет на работа и добра идеја за визуелно претставување на темата.

  • искуство или капацитет во видео снимање, фотографирање, монтажа, дигитална комуникација, маркетинг или промоција;
  • способност за снимање на терен и работа во различни градови, според однапред договорен распоред;
  • техничка опрема и капацитет за квалитетно снимање, фотографирање, обработка на звук/слика и подготовка на материјали за социјални медиуми;
  • познавање на формати и технички барања за Facebook, Instagram, веб-страници и други дигитални канали;
  • способност за работа во договорени рокови и координација со проектен тим;
  • портфолио, примероци од работа или линкови до претходни видео/фото материјали може да се достават доколку се достапни, вклучително и материјали од интерни настани, корпоративни активности, обуки, трибини, кампањи или други слични формати.

1.4. Времетраење

Ангажманот е предвидено да трае во септември и октомври 2025 година. Точните датуми за „герила“ настанот и четирите локални јавни трибини ќе бидат претходно договорени со ЕСЕ.

1.5. Потребна документација за аплицирање

Заинтересираните правни и физички лица треба да достават:

  • кратка биографија (за физичко лице) или кратка презентација на правното лице;
  • примероци од претходни видео, фото, медиумски или промотивни материјали, доколку постојат, вклучително и интерни/корпоративни настани, обуки, трибини или слични формати;
  • финансиска понуда во бруто износ, со јасно наведени главни трошоци, вклучително патни трошоци за Куманово, Тетово, Свети Николе и Прилеп;
  • тековна состојба или доказ за регистрација, доколку аплицира правно лице.

1.6. Критериуми за селекција

Изборот ќе се врши врз основа на квалитетот на понудата и најдобрата вредност за парите, при што ЕСЕ ќе ги земе предвид следните критериуми:

Критериум
Најниска/најекономски оправдана цена, со реално прикажани трошоци
Квалитет на предложениот визуелен и медиумски пристап, вклучително идеја за рилс/кратки видеа
Технички капацитет, квалитет на опрема, монтажа и способност за испорака на повеќе формати
Претходно искуство, примероци од работа или друг доказ за капацитет, без ограничување само на јавни настани
Достапност, логистика и способност за работа во Скопје, Куманово, Тетово, Свети Николе и Прилеп

Потребната документација да се достави по електронска пошта на адресата esem@esem.org.mk, со назнака: „Повик за снимање, фотографирање, монтажа и промоција на јавни настани“, најдоцна до  10 јуни 2026 година.

ЕСЕ го задржува правото да побара дополнителни појаснувања, состанок/презентација на предложената идеја или преговарање за доработка на понудата со најдобро рангираниот понудувач.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина appeared first on Myla.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор