Untitled Design(5)

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија објавува јавен повик за ангажирање на 2 новинари / истражувачки новинари за подготовка на медиумски стории за заштита на животната средина, во рамки на проектот „Enhanced civic engagement for environmental protection“.

Клучни информации
• Број на ангажирани лица : 2
• Вкупен број на производи: 5 медиумски / истражувачки стории
• Период на реализација: месец 4 – месец 8 од проектната имплементација
• Минимален очекуван досег: 5.000 лица

Кој може да аплицира?
• физички и правни лица од областа на медиумите, новинарството и маркетингот кои поседуваат релевантно професионално искуство;
• лица со докажано портфолио во аналитичко, истражувачко или јавно-политичко известување;
• кандидати со искуство во теми поврзани со животна средина, транспарентност, јавна отчетност, локално управување, право и човекови права.

Што треба да се достави?
• CV-ја;
• мотивациско писмо;
• портфолио со најмалку 3 релевантни објави;
• краток концепт-нацрт со предлог теми / пристап;
• докази за претходни обуки од областа на животната средина, доколку постојат.

Начин и рок на поднесување
Апликациите треба да се достават електронски, со назнака „Апликација за новинар / истражувачки новинар – A1.6“, на е-адреса: project@florozon.org.mk или физички на следната адреса: ул.Никола Парапунов бр41, Макотекс , лок 102, 1000 Скопје,  најдоцна до 24.04.2026 . Нецелосните и ненавремено доставени апликации нема да бидат разгледувани.

Описот на работната задача може да го добиете на следниот линк.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор