ESE Healthcare Creative 1920x1080 final Copy 800x300

Повик за учество на новинар(к)и на обука за истражувачко известување за корупција во здравството

Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.

Проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени.

Проектот го спроведува Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ со поддршка од Expertise France преку Agence Française de Développement (AFD).

Со цел да се поттикне конзистентно и сеопфатно медиумско известување за корупцијата во здравството и да се унапредат знаењата и вештините на новинарите за препознавање, истражување и професионално известување на оваа тема, во рамки на проектот ќе се организира основна и напредна обука за новинари. Фокус на обуката ќе бидат користење релевантни извори, документи и податоци, следење јавни набавки, примена на родова перспектива и етички стандарди, како и употреба на AI алатки во новинарската работа.

  1. Цел на обуката

Обуката има цел да ги зајакне капацитетите на новинарите и медиумските работници за:

  • препознавање и истражување на коруптивни практики во здравството;
  • развивање истражувачки и аналитички приказни поврзани со корупција во здравствениот систем;
  • примена на етички и професионални стандарди при известување;
  • интегрирање на пристап заснован на јавен интерес и чувствителност кон ранливите групи при обработка на теми поврзани со здравството и корупцијата.
  1. Структура на обуката

Обуката е конципирана во две фази: основна обука (2 дена) и напредна обука (2 дена).

Основната обука е закажана за 19 и 20 мај 2026 година, во хотел Глориус, Велес. Напредната обука ќе се одржи во септември 2026 година во Битола.

  1. Што вклучува учеството?

За секој селектиран учесник ќе биде обезбедена финансиска поддршка за спроведување на истражувачка приказна поврзана со корупција во здравството.

Учеството во програмата вклучува:

  • задолжително присуство на двете фази од обуката;
  • активно учество во сите работни сесии и практични вежби;
  • развој на идеја за истражувачка приказна или анализа за време на основната обука;
  • менторска поддршка од обучувачите во периодот помеѓу двете фази на обуката;
  • дополнителна финансиска награда за најдобрата истражувачка приказна.

Со пријавувањето, учесниците се обврзуваат на професионален пристап, почитување на роковите и доследно следење на етичките стандарди во новинарството.

  1. За кого е наменета обуката?

Повикот е отворен за новинари и медиумски работници кои известуваат за здравство, социјални политики и јавни услуги, како и за сите новинари со интерес за истражување на корупција и прашања од јавен интерес.

  1. Критериуми за избор

При изборот на учесниците ќе се земат предвид:

  • релевантното новинарско искуство;
  • интересот и мотивацијата за учество во обуката;
  • интересот за истражување на корупција во здравството и прашања од јавен интерес;
  • подготвеноста за активно учество во двете фази на обуката и во менторскиот процес.
  1. Потребна документација за пријавување

Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија (CV).

  1. Начин на пријавување

Потребната документација треба да се достави по електронска пошта на адресата esem@esem.org.mk, со назнака: „Пријава за учество на обука за новинари за известување за корупција во здравството“.

  1. Рок за пријавување

Рокот за доставување на пријавите е 8 мај 2026 година. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

 

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • ЈАВЕН ПОВИК: Поставување на онлајн платформа за креирање на профили на локални занаетчии

    Назив на проектот: Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” , кој е дел од програмата BOOST […]

  • Јавен повик за ангажирање на експерти/експертки за имплементација на родово сензитивна менторска програма во правосудството

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Менторство во правосудството и младинско учество за родова еднаквост“, објавува Јавен повик за ангажирање на експерти за имплементација на родово сензитивната менторска програма во правосудството. Со јавниот повик се предвидува ангажирање на: Позиција 1 – Експерт/ка – правник/правничка Позиција 2 – Експерт/ка – родов […]

  • Повик за прибирање на понуди за угостителски услуги за организирање на настан

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

  • Повик за доставување понуди за услуги за хотелско сместување

     
    Младински Совет Прилеп објавува повик за доставување понуди за набавка на услуги за хотелско сместување во рамки на проектот „Младите за ЕУ“ („Youth for EU – Strengthening Youth Participation and Communication on the EU Integration Path “.)

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ

    Центарот за климатски промени за потребите од спроведување на проектот ,, Младите и жените- двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини (WeLEADRural)“, финансиран од Француска агенција за развој (AFD) објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ 1.Информации за проектот

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВАЈЦА НАДВОРЕШНИ КОНСУЛТАНТИ ЗА ПОДДРШКА НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА УЧИЛИШЕН КАДАР

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВАЈЦА НАДВОРЕШНИ КОНСУЛТАНТИ ЗА ПОДДРШКА НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА УЧИЛИШЕН КАДАР Проект Зајакнување на инклузијата на децата со ПОП Македонски центар за граѓанско образование – МЦГО Скопје објавува јавен повик за избор на двајца надворешни консултанти со експертиза во областа на инклузивното образование, кои ќе подготват и спроведат долгорочна програма […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор