[Aggregator] Downloaded image for imported item #44829

БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ХОТЕЛСКИ ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ФОРУМ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „MEdIA – Lit (Media Enhancement and Information Literacy for Democratic Engagement)“, кој е дел од програмата „Support to regional thematic networks of Civil Society Organisations (CSOs); Regional networks promoting independent pluralistic media and freedom of expression; and EU Award for Roma Integration“ (Референца: EuropeAid/179703/DH/ACT/Multi, Лот 11: Freedom of Expression and Media), објавува барање за доставување на понуди за хотелско сместување за одржување на тридневен Форум за медиумска писменост.

  1. Опис на бараната набавка: Хелсиншкиот комитет за човекови права го спроведува проектот „MEdIA – Lit“, насочен кон зајакнување на медиумската писменост и демократско учество.

За потребите на проектот се организира Форум за медиумска писменост за група од 25 до 30 учесници.

1.1 Опис на бараните услуги: Форумот е планиран за периодот од 06.05.2026 до 08.05.2026 година на база на полн пансион за 25 до 30 лица (сместување во еднокреветни соби).

  • Пристигнување: 06.05.2026 (среда) со вклучен ручек.
  • Заминување: 08.05.2026 (петок) по организирање на завршен ручек.

Финансиската понуда треба да биде изразена во МКД изност без ДДВ и да содржи:

  • Изнајмување на конференциска сала со соодветен капацитет (за 30 лица) со вклучена опрема (проектор, платно, флип-чарт табла, озвучување и Wi-Fi)
  • Единечна цена за полн пансион во еднокреветна соба
  • Единечна цена за дополнителен ручек на 08.05.2026г.
  • Цена за стандардна кафе пауза по лице (минимум две кафе паузи на ден за целото траење на настанот).
  • Ценовник на освежителни пијалоци за ручек и вечера.

Општи информации: Од понудувачот се бара да достави најекономична и најдобра понуда. Секоја од горенаведените ставки треба да биде единечно образложена во понудата.

  1. Критериум за доделување на договорот за набавка: Критериумите за избор се:
  • Економски најповолна понуда.
  • Најдобар квалитет на понудените услуги и соодветност на капацитетите.

Евалуација на понудите: Евалуацијата ќе ја врши Комисија формирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права, земајќи ги предвид понудената цена, локацијата и квалитетот на услугата. Избраниот понудувач ќе биде дополнително информиран.

Начин на доставување: Понудите треба да се испратат на следната е-маил адреса: jana.sotirovska@mhc.org.mk со назнака: „Понуда за хотелско сместување – Форум за медиумска писменост MEdIA – Lit“.

Рок за испраќање на понудите: Понудите треба да се достават најдоцна до 20.04.2026 година до 16:00 часот.

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената е-маил адреса или на helkom@mhc.org.mk

The post БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ХОТЕЛСКИ ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ФОРУМ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • ЈАВЕН ПОВИК За доставување понуди за подготовка на структурирана менторска програма и спроведување на менторство за млади и локални занаетчии за развој на концепти на социјални претпријатија

    Наслов на проектот: Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија Лот: 4.2 – Инкубациска програма за социјални претпријатија по мерка за занаетчии  (Реф. А2) Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/КА ЗА ДИЗАЈНИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ТРИДНЕВЕН „ФОРУМ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ“

    Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје, во рамки на проектот MEdIA – Lit (Унапредување на медиумската и информациската писменост за демократско учество), финансиран од Европската Унија, објавува јавен повик за ангажман на експерт/ка за дизајнирање на програма и спроведување на тридневен Форум за медиумска писменост наменет за студенти и млади активисти. Цел на проектот […]
    Read More… from ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/КА ЗА ДИЗАЈНИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ТРИДНЕВЕН „ФОРУМ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ“
    The post ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/КА ЗА ДИЗАЈНИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ТРИДНЕВЕН „ФОРУМ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ“ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Хелсиншкиот комитет за човекови права распишува повик за пријавување на студенти/ки за ФОРУМ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

    Во свет преплавен со информации, способноста за препознавање на кредибилни извори и разбирањето на начинот на кој функционираат медиумите е поважна од кога било. Форумот за медиумска писменост ќе ви обезбеди практични знаења и вештини кои често недостигаат во формалното образование и ќе ви помогне да се снајдете во сложеното современо медиумско опкружување.   Преку […]
    Read More… from Хелсиншкиот комитет за човекови права распишува повик за пријавување на студенти/ки за ФОРУМ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ
    The post Хелсиншкиот комитет за човекови права распишува повик за пријавување на студенти/ки за ФОРУМ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Повик за учество на работилница за стратешко планирање за граѓански организации

    Граѓанскиот ресурсен центар ги поканува граѓанските организации да учествуваат на дводневна, практична и интерактивна работилница за стратешко планирање, која ќе се одржи на 5 и 6 мај 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје. Стратешкото планирање е важна основа за развојот на секоја организација. Тоа не само…

  • Барање за понуда за креирање на видеа

    Почитувани, Центарот за граѓански комуникации во рамки на проектот „Фер трошење за фер избори: Следење на јавните набавки на општините во изборната година“ финансиран од Национална фондација за развој на граѓанското општество Граѓански ресурсен центар Скопје (ГРЦ), има потреба од креирање на две видеа за потребите на предвидената онлајн кампања за промовирање на наодите и препораките од извештаите за подостапно, полесно и поефектно разбирање на содржината од што е можно поширок круг на публика и…

  • ЈАВЕН ОГЛАС за прибирање понуди за организирање на Средба со претставници на медиумите

    Во рамки на проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“, се распишува јавен оглас за прибирање понуди за организација на Средба (брифинг) со претставници на медиумите со предвиден број од 10 учесници, на 28 април 2026 година. Предмет на јавниот оглас Организација на Средба (Брифинг) за претставници…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор