54611465069 2e2e25c9b7 o 1024x684.jpg

Преку колективно дејствување може да се изгради отпорен и доверлив информациски екосистем

Дезинформациите и манипулациите со информации и странско влијание (ФИМИ) ги поткопуваат демократските процеси, ја еродираат јавната доверба, ги засилуваат социјалните поделби и ги ослабуваат аспирациите на Северна Македонија за евроатлантска интеграција. Затоа, без решителна акција, индустријата за манипулација со информации ќе продолжи брзо да се адаптира, надминувајќи ја регулативата и искористувајќи ги системските слабости.

Ова беше централната порака на денешниот валидациски состанок во Скопје, кој беше фокусиран на нацрт-извештајот „Овозможувачи и стимулирачи на изборни ФИМИ во Северна Македонија“. Настанот собра претставници на институции, медиуми, граѓанскиот сектор и меѓународни организации за заеднички преглед на наодите и нивно унапредување преку партиципативен дијалог.

Во своето воведно обраќање, Кушбу Агравал од Интернешенал ИДЕА го истакна поширокиот обем на иницијативата:

„Овој извештај на нашиот партнер Метаморфозис е дел од поголем проект за ФИМИ поддржан од Global Affairs Canada. Иако не е прв извештај на оваа тема во земјата, се обидуваме да создадеме „една точка за пристап“ каде ќе бидат консолидирани сите релевантни знаења и истражувања поврзани со изборни ФИМИ во Северна Македонија, особено во однос на ранливостите и поттикнувачите кои ѝ овозможуваат на оваа појава да се вкорени и да напредува“, рече Агравал.

Горан Ризаов, менаџер на програмата Информациски и медиумски интегритет во Метаморфозис и коавтор на извештајот, ја презентираше методологијата развиена од Интернешенал ИДЕА, заснована на разграничување на овозможувачи и поттикнувачи на ФИМИ.

„Покрај другото, се обидовме да објасниме и како се користат родово базирани дезинформации, употребата на вештачка интелигенција и глобалните поврзувања за манипулација со информации во изборен контекст. Политичката поларизација, често по етнички или меѓуетнички линии, како и системската корупција, ја ослабуваат институционалната отпорност. Имплементацијата на изборните реформи е слаба, а злоупотребата на јавни ресурси останува широко распространета“, рече Ризаов.

Матеј Тројачанец, Горан Ризаов и Деспина Ковачевска се ко-автори на нацртт-извештајот кој беше презентиран | Фото: Ванчо Џамбаски, CC BY

Деспина Ковачевска и Матеј Тројачанец, истражувачи од Метаморфозис и коавтори на извештајот, ги претставија увидите за општествените овозможувачи и улогата на социјалните мрежи, со дополнителен фокус на родовите наративи и дезинформации генерирани преку ВИ.

Ковачевска го нагласи користењето на пораки што се базираат на страв и се насочени кон жените и ЛГБТИ+ заедниците:

„Видовме наративи во кои се тврди дека ако Северна Македонија влезе во ЕУ, децата ќе станат трансџендер или девојчињата ќе бидат принудени да се облекуваат како момчиња. Во проруските дезинформации, Украинките се претставени како хероини што остануваат да се борат, додека мажите се прикажуваат како кукавици што бегаат. При нападите на претседателот Зеленски, често мета е неговата сопруга и нејзината наводна расипничка потрошувачка. Постои поширок наратив во кој традиционалната мајка се спротивставува на „жената од Запад“ – осамена, себична, па дури и демонизирана преку религиски содржини“, рече Ковачевска.

„Овие родово обоени наративи се темелат на страв – страв од вакцини, од Западот, од морална деградација. Ниската медиумска писменост, која дополнително опаѓа, им овозможува на ваквите манипулативни содржини да се шират“, додаде таа.

Ризаов зборуваше и за ранливоста на медиумскиот простор:

„Независните медиуми се речиси неодржливи. Постојаното зголемување на бројот на медиуми создава илузија за плурализам, но во реалноста тие често се политички или комерцијално ориентирани. Копи-пејст новинарството доминира во мејнстрим медиумите. Ако единствено што правите е да пренесувате туѓи содржини, тогаш манипулацијата лесно може да се протне – особено ако доаѓа од моќен центар на влијание“, рече Ризаов.

Тројачанец го истражуваше влијанието на алгоритмите на социјалните мрежи и генеративната вештачка интелигенција во дезинформацискиот екосистем:

„Платформите го засилуваат екстремниот контент според однесувањето на корисниците. Иако сè уште немаме видено длабоко фалсификувани видеа со локални политичари, идентификувавме ВИ видеа што промовираат лажни лекови, често со гласови клонирани од познати лекари. Најчесто се адаптирани од шаблони на бугарски јазик, па така се релативно лесно препознатливи. Сепак, употребата на ВИ во овој контекст засега останува ограничена“, рече тој.

Настанот заврши со сет на препораки насочени кон институциите, медиумскиот сектор, технолошките платформи и граѓанското општество. Тие се фокусираат на подобрување на законодавството, медиумската независност, дигиталната транспарентност и јавната свест, како и на потребата од посилна меѓусекторска соработка и усогласување со регулативите на Европската Унија.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор