14 2025 26 1.jpg

Уписи на постдипломските студии на Институтот за академската 2025/2026

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавува
КОНКУРС
за академската 202
5-2026 година
за упис на студенти на магистерски студии од следниве области:

УПИСИ ЗА АКАДЕМСКАТА ГОДИНА 2025/2026

(Краен рок за аплицирање: 01 јуни 2025)

-Студии на политиките (policy studies), едногодишни
-Студии на политиките (policy studies), двегодишни
-Студии на културата (едногодишни)

Кус опис на содржината на програмите:

СТУДИИ НА ПОЛИТИКИТЕ (едногодишни и двегодишни)

Интердисциплинарни студии на политиките, кои, освен философија на политиката и правото, вклучуваат и студии  на право, политички науки, применети економски истражувања, културна и родова теорија, и друго што припаѓа во интердисциплинарното поле на студии на политиките (policy studies).

Изберете една од можните потесни насоки во рамки на оваа програма (тие се формираат преку пакетот изборни предмети и темата на магистерската теза). Ова значи: Магистер од полето на студии на политики и областа 1) култура, 2) род, 3) политичка економија, 4) добро управување, 5) граѓанско општество.

Интердисциплинарноста, овозможува системски приод кон тематиката додека можноста од избор на тесна проблематика во образовниот процес и изработката на тезата овозможува тематско остручување: политики во областа на културата, здравството, родовата еднаквост, економијата и општествената еднаквост, итн. Бројните магистерски тези одбранети на Институтот на широк проблeмски опфат, ја покажуваат ползата од студиите – најголемиот дел од нашите магистри имаат значајни кариери и придонес кон општествениот напредок, од кои голем дел припаѓаат токму на граѓанското општество, меѓународните организации, вработени во министерства, вработени во културата, но и претприемачи-иноватори. За разлика од претходните години кога оваа програма повеќе се базираше на општествените науки наместо на хуманистичките, со оваа реакредитација воспоставивме нов баланс кој дава предност на филозофијата и другите полиња кои овозможуваат холистичка мисла и интегративен приод при комбинирањето на знаењата од различните дисциплини што е неопходно за успешна интердисициплинарна програма.

Новата реалност на дигитализација на глобално ниво наметна и воведување нови предметни содржини како дигитална демократија, дигитални креативни индустрии, планетарни политики и иднината на Европа (како и земјата и регионот во поширокиот европски контекст), вештачката интелигенција и иднината на пазарот на трудот, додека прашањето на родова еднаквост е интегрирано во сите предмети, а може и да се студира како подспецијализација, благодарение на можноста да се изберат соодветни изборни предмети и тема на магистерската теза (со тоа звањето останува од областа на студиите на политиките, но вашите транскрипти покажуваат потесна специјализација од областа на родот). Истото важи и за културните студии, и политичките науки, како и другите кластери на изборни предмети и предметни содржини од задолжителните предмети. Предметот епистемологија, комбиниран со истражувачките методи овозможуваат преносни знаења и вештини кои ве оспособуваат за интердисциплинарна мисла (и интерсекторска анализа).

СТУДИИ НА КУЛТУРАТА

Вообичаено овој тип специјализација, особено во развиените академски средини, се одвива на ниво на втор циклус на студии. Интердисциплинарноста бара способност за примена на преносни алатки на истражување и учење, кои овозможуваат проблемско обединување на научната целина.

Агендата за високото образование на ЕУ за 2025, а и подологрочната EHEA и ERA (European Research Area: New ERA 2030), бараат од сите земји – членки на Болоњскиот процес, уште подлабока интердисциплинарност и комбинирање на општествените и хуманистичките науки (SSH – social sciences and humanities) со техничките и природните науки (STEM – sciences, technology, engineering and mathematics). Индикативно е тоа што во моментов Европа (и со тоа и ние, како дел од Европската високообразовна област) поточно EU го промoвира терминот STE(A)M (science, technology, engineering, the arts and mathematics; (повеќе на: https://tinyurl.com/3dh6ckcf). Така, оваа програма нуди прилагодување на уметниците и авторите од областа на културата да одговорат на предизвиците на новата ера: развојот на креативните индустрии, учество во технонолшкиот и комуникациски развој што вештините на разните уметности може да го помогнат, учество во индустриите на дигиталната ера, кадешто е потребна уметничка споспобност (gaming индустријата), и она што е најважно – итниот развој на креативните индустрии, во кои Северна Македонија заостанува назад, не само зад ЕУ туку и зад остатокот од регионот.

Креативните индустрии, кои се во центарот на оваа програма, и можноста за специјализација и оспособување во областа на културата, придонесуваат за практична примена на теориските знаења со културата, уметноста и претприемништвото. Програмата овозможува адаптација на новите медиумски алатки на уметниците, кураторите, продуцентите, теоретичарите на уметноста и останатите активни во секторот култура. Имено, инсталациите и перформансите се тоа што доминира по светските галерии и театри, кои се потпираат на видеото, телевизијата и интернетот. Од друга страна, пак, класичните форми на уметноста, преку креативните индустрии, бараат способност да се искористи ерата на дигиталноста, за да се направи културното наследство попристапно, но и своевидна индустрија (дигиталните тури на музеите, потоа платформите како digital theater – ги прават овие класични форми на уметноста достапни и примамливи за новите генерации публика). Според тоа, присуството на студиите на комуникации, медиуми и воопшто интернет културата – како култура на кибер-просторот – е неопходна за промислување и научна и професионална надградба во полето на културата.

Со интердисциплинарниот и тематски баланс понуден во оваа програма, ИОХН-Скопје настојува да одговори на предизвиците и целите на програмата: епистемологијата комбинирана со квалитативните и квантитативните методологии, сместена во контекст на современите општествени и хуманистички теории, овозможува трансверзални алатки, кои, како и во сите интердисциплинарни области, претставуваат ткиво на врзување на целината.

Услови на запишување:
– за едногодишните студии: 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.
– за двегодишните студии: 3 години додипломски студии (или стекнати 180 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.

Голем дел од наставниот материјал е достапен и на англиски јазик, па затоа се очекува студентите солидно да го владеат овој странски јазик.

Краен рок за аплицирање: 01 јуни 2025 година

Потребни документи:
– Пополнета пријава за упис на студии може да се преземе од интернет страницата на Институтот: www.isshs.edu.mk (под категоријата „Студиски програми“ во менито на насловната македонската верзија на страницата) или со пристапување до линковите на крајот од оваа страница (каде пријавата има свој посебен линк). Во оваа етапа на аплицирање единствено е потребно да ја пополните електронската пријава која можете да ја најдете на следниот линк. По завршување на процесот на селекција, пред потпишување на договорот за студирање ќе треба да ја приложите пријавата со Ваш своерачен потпис.
– Доказ за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредити за едногодишните студии, односно 3 години или 180 кредити за двегодишните студии) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сѐ уште не дипломирал/а, може да достави документ за досега положените испити, а дипломата (или уверението) ќе ја достави дополнително пред потпишувањето на договорот за упис. Доказот за завршени студии од прв циклус студии се доставува и во тврда копија при потпишувањето на договорот за студирање.

Пријавата со придружните документи можат да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 Октомври“ бр. 8-2, 1000 Скопје). Исто така, пријавата во PDF форма со потпис на кандидатот/кандидатката може да се поднесе и електронски на [email protected].

Трошоци на студирање:
– За едногодишните студиски програми вкупната цена е 750 евра во денарска противвредност за севкупниот студиски циклус. Во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и: материјалите за студирање, користење на библиотеката, пријави, преполагања, консултации, диплома. Сите услуги и услови се обезбедени без никаков дополнителен и скриен надомест. Износот може да се плаќа според семестар или на најмногу 4 рати за една година. Одбраната на магистерската теза се плаќа одделно и чини 300 евра во денарска противвредност.

– За двегодишните студиски вкупната цена е 1500 евра во денарска противвредност за севкупниот студиски циклус од 2 години, и во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и: материјалите за студирање, користење на библиотеката, пријави, преполагања, консултации, диплома. Сите услуги и услови се обезбедени без никаков дополнителен и скриен надомест. Износот може да се плаќа според семестар или на најмногу 4 рати за една година, односно на 8 рати за две години. Одбраната на магистерската теза се плаќа одделно и чини 300 евра во денарска противвредност.

Институцијата е носител на Еразмус чартер за високото образование во Европа 2021-2027. Оценката за доделување на чартерот може да ја пронајдете овде каде што се подвлекува посветеноста на Институтот на меѓународната академска димензија и неговото солидно разбирање на целите и вредностите на Еразмус програмата. Преку Еразмус+ шемата за мобилност на студенти и наставен кадар помеѓу високообразовни установи од програмските земји (ЕУ членките и Северна Македонија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Србија), овозможуваме директна проодност во европските високообразовни институции по пат на „Европскиот кредит трансфер систем“ според кој работи Институтот (како и сите акредитирани високообразовни установи во земјава). Така, со дел од кредитите стекнати во други високообразовни установи во Европа и извесен број стекнати во домашната установа, може да ја одбраните својата магистерска теза на Институтот.

Институтот во моментот има потпишано билатерални договори за размена на студенти и професори со неколку универзитети од овие земји, како што се: Централно Европски Универзитет (ЦЕУ, Виена), Универзитетот Гисен (од Германија), Универзитетот Утрехт (од Холандија), Универзитетот Македонија и Универзитетот Пантеон (од Грција), Универзитетот Пловдив (од Бугарија), Факултетот за медиуми и комуникација, Белград (од Србија) и Универзитетот Пантеон од Атина (Грција).  Заинтересираните студенти запишани на Институтот ќе имаат можност дел од своето образование да го поминат на некој од овие универзитети.

Институтот располага со библиотека од над 2100 наслови на физички книги и повеќе од 4200 наслови на сертифицирани електронски книги и стручни списанија.

Бројни меѓународни имиња со статус на визитинг професор може да станат ваши ментори. Листата на визитинг и домашни постојано ангажирани или визитинг професори може да ја видите на овој линк

Лица за контакт: Ристо Алексовски и проф. Викторија Боровска (Координаторка на постдипломските програми и Еразмус координаторка), достапни на [email protected][email protected], [email protected] и на тел/факс.: +389 2 31 13 059 / 070 894 174

Листа на предмети: Студии на политиките (едногодишни)

Листа на предмети: Студии на политиките (двегодишни)

Опис на предметите Студии на политиките (едногодишни и двегодишни)

ERASMUS POLICY STATEMENT

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Метаморфозис го одбележува Меѓународниот ден за универзален пристап до информации – 28 септември преку промоција на резултати од Индексот на отвореност на извршната власт

    Според Индексот на отвореност за 2024 година, исто како и претходната година, Владата на Северна Македонија е најотворена институција меѓу групите од извршната власт, министерства и органи на државната управа, исполнувајќи 77,32 % од критериумите. Во споредба со претходната година има забележано пад од минимален 1 отсто, кој се повторува втора година по ред. Фондација […]
    The post Метаморфозис го одбележува Меѓународниот ден за универзален пристап до информации – 28 септември преку промоција на резултати од Индексот на отвореност на извршната власт first appeared on Metamorphosis.

  • Програма за Текстилијада #9

    📢 ТЕКСТИЛИЈАДА 9 – Штип03–04 октомври 2025 📅 Петок, 03.10.2025 10:00 – Отворање на „Текстилијада 9“ – Откривање на мурал „Иднината

  • МЛАДИТЕ УЧЕА КАКО ДА ВРШАТ МОНИТОРИНГ НА РЕЧНИТЕ КОРИТА

    Младите од Општина Карпош, Општина Зелениково и Општина Ѓорче Петров, учеа како да вршат мониторинг на речните корита.

    Вчера, во Домот на култура во општина Ѓорче Петров се одржа едукативен настан посветен на мониторинг на водните текови, во организација на граѓанските организации Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Center for Environmental Democracy – Florozon и Еко Логик.

    Настанот е дел од проектот „Брза проценка на водотеците на Западен Балкан – Фаза 2“, поддржан од U.S. Forest Service and Department of Defense EUCOM and Forest Service International Foundation.

    Настанот започна во 09:30 часот со едукативна сесија, по што следеше практична теренска вежба на реката Лепенец. Таму младите учесници и претставници од општините имаа можност директно да ја применат СВАП методологијата (Stream Visual Assessment Protocol) и да научат како се проценува состојбата на едно речно корито. Дополнително, беа идентификувани и жешки точки долж реката Лепенец.

    Целта на овој настан беше да ги запознае младите и претставниците од општините со современи методи за проценка на квалитетот на водните текови, да ги зајакне капацитетите на локалните чинители – институции, граѓански организации и експерти, како и да поттикне поширока јавна дискусија за заштита и одржливо управување со водните ресурси.

    Настанот беше наменет за млади на возраст од 15 до 30 години како и за претсавници од општините од општините Карпош, Зелениково и Ѓорче Петров, кои преку интерактивна едукација и теренска работа стекнаа нови знаења и вештини за мониторинг и заштита на речните корита.

  • Младите од општина Карпош, општина Зелениково и општина Ѓорче Петров,  учеа како да вршат мониторинг на речните корита

    Скопје, 24 септември 2025 година Вчера, во Домот на култура во општина Ѓорче Петров се одржа едукативен настан посветен на мониторинг на водните текови, во организација на граѓанските организации Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија, ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија и Еко Логик. Настанот е дел од проектот „Брза проценка […]

  • Локалната самоуправа сè уште далеку од вистинска отвореност – просекот порасна на 40%

    Фондација Метаморфозис и Рурална Коалиција ги претставија наодите од Процената на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија изготвена преку Индексот на отвореност за 2025 година на тематскиот форум „Отворена општина – активна заедница“. Процената претставува длабинска анализа на работата на локалната самоуправа која дава резиме на вкупните перформанси на локалната […]
    The post Локалната самоуправа сè уште далеку од вистинска отвореност – просекот порасна на 40% first appeared on Metamorphosis.

  • Пријави се за коучинг сесија за справување со родово базирано сајбер насилство во Штип

    Иницијатива за европска перспектива во партнерство со ГО Заеднички вредности а во рамки на проектот Младите жени против онлајн насилство, започнува спроведување на групни коучинг сесии во 4 градови низ земјата (Скопје, Куманово, Штип, Струмица).  ✨ Што добиваш?🔹 Специјално развиена програма за коучинг🔹 Мултисекторско учење: правници, психолози и експерти за сајбер-безбедност Повикот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор