Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Мали грантови III дел

Mak3

Со оваа публикација ви претставуваме 19 граѓански организации кои успеаја да обезбедат грант од Цивика мобилитас за да ги задоволат потребите на своите заедници.

Овие грантови овозможија спроведување на различни активности, вклучувајќи: советување и поддршка на лица со социјален ризик, помош на деца во конфликт со законот, промовирање на општествената одговорност меѓу младите преку волонтеризам, подигање на свеста за важноста на женските права, едукација на жени за работничките права во текстилната индустрија, создавање услови за пристап на лица со попреченост до јавни институции и други неопходни објекти, стимулирање на визуелната и аудитивната перцепција кај деца со попреченост, унапредување на соработката помеѓу локалните самоуправи и граѓаните, јакнење на соработката помеѓу туристичкиот сектор и локалните јавни претпријатија, промоција на научно-истражувачка работа и дигитализација, активизам за системско решавање на проблемот со бездомни животни, организирање на еколошки акции и акција за подигнување на свеста за заштита на животната средина, промовирање на противпожарната заштита на згради, мониторинг на безбедносните институции со цел унапредување на безбедносниот екосистем, и многу други.

Иако овие чекори се значајни, разбираме дека пред нас има уште многу работа. Сепак, сме уверени дека постигнатото досега ќе биде инспирација за сите нас, да продолжиме заедно да работиме на позитивни општествени промени.




Продолжи со читање

  • Граѓанска вклученост 2024

    Облици на здружување во поддршка на граѓаните Црквите и верските заедници (23,1%) се најчесто наведениот облик на здружување за кој граѓаните сметаат дека најмногу придонесува за поддршка на нивните потреби, а политичките партии најретко (5,3%). Забележливи се регионални разлики: граѓанските организации се почесто посочени во Југозападниот (25%) и Пелагонискиот регион…

  • Доверба во граѓанското општество 2024

    Доверба во граѓанското општество  Во 2024 година, индексот на доверба во граѓанскиот сектор изнесува 42,9%, што претставува пад од 8,2 процентни поени во однос на 2021 година. По претходниот тренд на зголемување, довербата повторно е вратена на ниво под она од 2015 и 2013 година, укажувајќи на намалена доверба во…

  • Општа доверба и доверба во институциите 2024

    Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше два аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството)….

  • Главните достигнувања на програмата Civica Mobilitas 2019-2023

    Од својот почеток во 2009 година, програмата Civica Mobilitas, создадена и поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската амбасада во Северна Македонија, има значајна улога во развојот на граѓанското општество. Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Влада-та на Швајцарија кој го…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Институционални грантови

    Преку институционалните грантови од програмата Цивика мобилитас, во тековната фаза беа опфатени 30 граѓански организации кои, покрај нивното долгогодишно искуство и стручност во специфичните области на нивната работа, изразија потреба од континуирана поддршка за организациски развој и јакнење на капацитетите. Оваа поддршка е клучна за успешна реализација на нивните програмски…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Акциски грантови

    Анализирајќи ги резултатите од акциските грантови поддржани од Цивика мобилитас, добиваме јасен преглед на актуелните социјални предизвици. Но, покрај тоа, овие проекти ја осветлуваат и патеката до потенцијалните решенија. Грантистите не се задоволиле само со идентификација на проблемите, тие, исто така, понудиле конкретни решенија и, во некои случаи, ги тестирале…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор